Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Сега и слободата на говорот станува услов за ЕУ

Во сите области генерално ќе се регистрира некаков прогрес, остануваат многу отворени прашања

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Ниту една од осумте точки кои Брисел и' ги даде како услов на Македонија за добивање датум за преговори нема да остане без забелешка идната недела, кога шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, и шведскиот претседавач Карл Билд идниот понеделник ќе расправаат за прогресот на нашата држава кон Европската унија. Иако во сите области генерално ќе се регистрира некаков прогрес, остануваат многу отворени прашања, од кои некои се одраз на немањето политичка волја во Владата да се сменат работите во правец што ќе ја одведе државата напред.

Првпат, исто така, Охридскиот договор се враќа на голема врата во документ на ЕУ, па му се дава место како да е посебен услов, а исто така се нагласува потребата од обезбедување слобода на говор и на медиумите, како и слобода на собирање.

Вака сумирано ќе биде пораката од состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација идниот понеделник во Брисел, кој е највисока форма на дијалог меѓу ЕУ и Македонија, само два месеца пред извештајот на Европската комисија, од кој ќе зависи дали петта година по ред нема да добиеме датум за преговори.

Како што се дознава неофицијално, ЕУ ќе и' порача на Владата дека парламентот не треба да биде и натаму машина за гласање, туку дека треба да си ја остварува својата улога во донесување поквалитетно законодавство, иако се констатира дека има регуларна координација меѓу партиите и е донесен Деловникот.

За начинот на кој поминаа изборите ќе се каже дека е важен чекор напред за демократијата во земјата, но ќе се побара одговор и акција околу извештаите за притисоци и вознемирувања на гласачите и ќе се побара повторно информација до каде е судењето на тие што учествуваа во изборни инциденти. За Охридскиот договор Брисел ќе порача дека е клучен политички критериум, при што треба да се обезбеди целосна имплементација на Законот за јазиците, да се промовира интеграција на заедниците и да се решат интеретничките тензии на локално ниво. Првпат ќе се побара рамноправна застапеност на Турците и на Ромите, но и ќе се инсистира квантитативното исполнување на оваа обврска да стане и квалитативно, односно, освен етничката припадност, да се внимава и на квалификациите.

За судството и за јавната администрација ставовите веќе се антика, од тоа дека првото се' уште треба да ја зајакне независноста, а во јавниот сервис да се одбегне политичката интервенција во кадровската политика. Гонењето на корупцијата на високи нивоа е отидена далеку според Брисел, но таа и натаму е многу раширена во земјата. Брисел ќе ни ги спомне и вратените досиеја од Хаг со порака дека од тоа како ќе се справиме со нив ќе зависи како тие ќе го ценат судството во Македонија.

Главната порака, сепак, ќе биде за името, но бајата, со повторување на потребата од заеднички прифатливо решение како суштинско нешто за нашата евроинтеграција. Брисел нема да го заборави спорот со ЕВН кој ќе го спакува дипломатски како непокажување доволно прогрес во јакнењето на владеењето на правото и спроведувањето на договорите, а потоа и подиректно со пораката дека треба да се обрне посебно внимание на некои отворени прашања во однос на дискриминацијата во енергетскиот сектор. Австрија досега не ги искористи сите средства во ЕУ за да притисне околу овој спор, но ако и ова предупредување не даде резултат, реално е да се очекува да го заостри курсот, иако зборот вето се' уште не се слуша во Брисел.

Околу економската ситуација во земјата, ЕУ неофицијално ќе порача дека стабилноста и предвидливоста се задржани, но дека има нарушување на платниот баланс кон странство, па фискалната дисциплина станува многу важна.

Генерално, Брисел е задоволен од тоа како се остварува Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ќе препорача таа да премине во втората фаза. На состанокот в понеделник првпат ќе се промовира во Брисел новиот министер за евроинтеграција, Васко Наумовски.

Инаку, шведскиот шеф на дипломатијата изјави завчера дека не може уште сега да каже дали ќе ја турне одлуката за датум за Македонија, бидејќи се' ќе зависи од извештајот на ЕК. И околу преговорите за името тој излезе од вообичаената фразеологија, изразувајќи надеж дека ќе се најде решение. Дипломатските процени во Брисел се дека, и покрај забелешките, може да се каже дека Македонија исполнува пет од осумте услови на Оли Рен, при што најнегативни се оцените за судството и за јавната администрација.


Статијата е прочитана 1247 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 23.07.2009 08:13:57
Нека не не чуди дека утре и процентот на Амалгамски пломби кај населението ќе биде еден од условите. Или како што ќе рече Фуере, уште некои бенч маркови. Или пак бенчовите на Марко (Крале).
Од: Brisel ke bara i od bolva maslo
Датум: 23.07.2009 09:18:58
Neka ne ne' cudi ako ovie od Brisel, koi istoriskata tragedija na makedonskiot narod ja smetat za nasa vina, pobarat od Makedonija da proizvede od bolva maslo, kako uslov za vlez vo EU, Jas i potamu im sovetuvam i na Grujo,Ivanov,Branko itn da ne se jadat megjusbno, ami da se osmivnat kon Turcija i Rusija.Taa EU e rak rana.Ni kopa grob.
Од: flying-monaco
Датум: 23.07.2009 09:32:20
Samo avtorot znae odgovor pred postaveno prashanje. ABSURD
Од: Абре Македонче
Датум: 23.07.2009 09:53:00
А кога ќе побараат да си ги симнеме гаките?
Од: Hari od Svedska
Датум: 23.07.2009 10:13:19
Nitu eden uslov za pocetok na pregiovori ne e ispolnet pr. Izborite bea bez oruzje no so uceni i krajno neregularni. Sudstvoto e pod kontrola na Grujo, Latas, Milenko, Mirka i drugi supci rabotat za golemi pari za ovoj rezim. Ona sto predhodnata Vlada go srabote za EU integracija ovie decista vo Vladata go unistija. Ednostavno nema mesto vo EU za diktator kako Grujo so negovite lagi i populizam.
Од: Виктор
Датум: 23.07.2009 10:43:15
Најжалното е што Странците знаат дека имаме сериозни проблеми со Слободата на Говорот, а ние воопште не сме ни свесни за тој проблем.
Од: b
Датум: 23.07.2009 10:59:39
Незнам овој народ што коментира и што сака. Ние да градиме споменици, да не почитуваме Уставен суд, да тепаме деца на протести, полицијата да репресира, криминалот да цвета, законите различни за сите, Маневски да прима и плата и пензија, судството да се партизира, фирерчето да вика судии на разговор, поставените задачи од тие што ги молиме да не примат да ги игнорираме и да не примат. Море паметен народ!
Од: Mapkoc
Датум: 23.07.2009 11:36:17
Паметноме доста„ - би кажале македонските северни соседи. А јас би рекол дека читателите треба да им бидат благодарни на Утрински весник и на неговата продуктивна новинарка, во квалитативна смисла на зборот.Имено, Слободанка Јовановска не „размази„ со своите сериозни, концизни и јасни извештаи, по кои не треба да имаме дилеми во врска со прашањето „како стојат работите„. Можеме да жалиме што - например - наспроти вакви чесни, високопрофесионални извештаи, на најгледаната телевизија (МТВ) имаме, во главно, лакировка и сервилно нафрлање „центаршутеви„,- за да можат „владетелите„ лесно да „дадат гол„. Среќа за госпоѓа Јовановска да она не е таму - брзо би ја заборавиле!
Од: makedonec
Датум: 23.07.2009 11:59:24
Ако е само слободата на говорот ич и да не е ,ама има и многу други.ЕУ почнува да не врти во круг.Бугарија ни полоивина нема од ЕУ стандарди ама ја примија бидејки има Круна,а МК нема .ЕУ да престане дипломатски да се иживува врз нас и да тренира демократија по туг грб.Тоа што НГ и владата не ги бидува е факр.Колку прекршени Бенчмарк(ови) има само во случајот со полицаецот (моторџијата)од одезбедувањето на НГ на ул .Партизанска.Нели се срами НГ и полицијската министерка дека овој инцидент наскоро ке стане „случај„за ЕУ дпломатијата.Кој ке им биде крив.Во нивните партиско заштитнички дејствија се полоши и од комуњарите.
Од: verag
Датум: 23.07.2009 12:20:24
Оваа влада дефинитивно нем капацитет да ги исполни критериумите,освен оној за застапеноста на етн ичките заедници,посебно албанската во администрацијата.кога ги пратија тепачите и букачите на плоштад да се борат за црква,не помислија дека и тоа ќе има негативен одјек во Брисел.Како ќе се бори против корупција човекот што како министер собрал пари за неколку стана?
Од: Митко
Датум: 23.07.2009 13:08:10
Не ми е јасно, како на сите овие коментатори што мислат дека Брисел не “мрази“ и е против нас, не им е јасно дека сме за никаде! Дека власта не спречи тепање на оние кои се собраа да протестираат против изградба на црква на плоштадот и дека дури и ги наградуваат тепачите. Па тоа ако не е немање слобода на говор, не знам што е? Потоа аферите во судството и обвинителството - самиот министер за правда, па обвинители со сторени кривични дела во Куманово... Па вработување на Албанци без никакви компетенции... Споменикот на Аце и безброј други глупости.... Да, да, има светски заговор против Македонија, Брисел не мрази, тоа ќе е!
Од: marina NL
Датум: 23.07.2009 13:12:36
Sramota za Makedonija ako ova go stavat kako uslov. Ova se podrazbira vo slobodna zemja. Isto kako na Iran da im vikaat sloboda na govorot. Nie neli sme pobliski od Iran do slobodniot zapaden svet. Uste malku i ke ni diktiraat kako da spieme i jademe... Do koj stepen sme dojdeni!!!! Ama pak na nas Makedoncite sve nekoj drug ni e kriv vo slucajov EU, za nasata izolacija. Porasni Kalimero nikoj ne ti e kriv... Uste se zalat za vizite, sram do zemja!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 23.07.2009 16:56:32
Slobodata na govorot e osnoven uslov za bilo kakva demokratija,a ne toa što go propoveda kompanijata na gruevski deka, samo topj i negovite okolu nego smeat da zboruvaat i da ni POPUVAAT! Nie pak, samo da im aminuvame???????? krste pop-stefanija

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Две параглајдерски несреќи во Охрид
Евтина злоупотреба на Тарчуловски
Од денес почнуваат тропски горештини до 41 степен
Зденко
Ликот на Богородица на исечено дрво во Чашка
Пијани жени направиле инцидент на патарина
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
Полициска правда
Го испрскал со бензин и го запалил
Укинувањето на визите и печалбарски перспективи
На референдум со стар избирачки список
Македонија изолиран остров и во енергетиката
Карикатура
Италијанската тајна на креветот на Путин