Кој лаже? Премиерот Никола Груевски или неговиот бивш сопартиец Љубе Бошкоски околу тоа дали навистина „братот“ одбил да сведочи во Хаг во случајот со Јохан Тарчуловски. Колку е точно дека Бошкоски, откако доби ослободителна пресуда пред Трибуналот, целосно му свртел грб на човекот со слична судбина и го заборавил не само него туку и неговото семејство во Скопје. Колку има вистина во тоа дека Бошкоски ниту добил покана за сведочење ниту, пак, некој контактирал со него за да и' помогне на одбраната на Тарчуловски.
Некој ќе верува во едно, друг во друго. Некои, пак, најмногу ќе се потпрат на зборовите на портпаролката на Хашкиот трибунал, Нерма Јелачиќ, која во изјава за еден од македонските медиуми сосема јасно кажа дека во „жалбената постапка не се предвидени сведоци“. Не треба да се заборави и дека самиот Бошкоски ја доби првата битка со Хашкото обвинителство и доби ослободителна пресуда, но досието „Љуботен“ се' уште не е комплетно затворено. И него, како и Тарчуловски, го чека жалбена постапка. Братот Љубе, затоа што Обвинителството бара промена на одлуката, братот Јохан, затоа што одбраната е незадоволна од изречената казна и бара нејзино укинување.
Во крајна линија, тоа и не е најважно. Она што е посуштинско е безобѕирното инволвирање на македонскиот хашки затвореник во дневнополитичка пресметка. Тоа ја прави целата оваа трагикомична ситуација со користењето на судбината на Јохан толку дегутантна, нечовечна, евтина... Уште повеќе кога во целата оваа непотребна каша ќе се замешаат сопруги и адвокати, министри и партии.
Соња Тарчуловска изјавува дека Бошкоски по враќањето од Хаг ниту контактирал со нив ниту, пак, изразил желба да му помогне на нејзиниот сопруг. Нема да остане покусо ни Виолета Бошкоска, па ќе потврди дека сакале да се видат со семејството на Тарчуловски, ама токму Јохан бил тој кој забранил средби. Едната сопруга владин службеник, другата несудена прва дама на државата.
Прашање е како на оваа шпанска серија гледа самиот Тарчуловски. Седи ли онака осамен во собичката во затворот во Шевенинген и си мисли зошто не го остават намира. Или, пак, свесно учествува во целата оваа лакрдија, лут поради тоа што неговиот поранешен цимер е на слобода, а тој ги брои деновите до одлуката на жалбениот суд.
Приказната околу сведочењето за Јохан не е нова и од сега. Беше лансирана уште за време на претседателските избори, но тогаш не директно преку устата на премиерот, туку со помош на електронските медиуми блиски до власта. Слично како сторијата за илјадниците долари добиени од македонската дијаспора што, наводно, Бошкоски ги злоупотребил за време на кампањата и расипнички ги потрошил за шетање и одмори во Аргентина.
Станува се' појасно дека Тарчуловски е само повод, а целта е друга - Бошкоски. Иако се' уште се свежи сеќавањата на денот кога Бошкоски пристигна на скопскиот аеродром, кога театрално ја избакна земјата и се гушна со својот лидер и премиер, за неполна година многу работи се сменија. Груевски сигурно не можеше ни да претпостави дека некогашниот прв човек на полицијата навистина е толку многу сериозен во намерата да стане претседателски кандидат. Уште повеќе дека ќе се дрзне јавно да го критикува за владината политика што ја води, да му забележува за ригидниот став околу името, антиквизацијата, трошењето буџетски пари. Веројатно се насмеал под мустаќ кога слушнал дека Љубе ќе оди сам на избори и без партиска машинерија, пријавувајќи се како независен кандидат. Сигурно и тој, како и останатите вмровци, се обложувал дека Љубе ќе доживее дебакл на изборите и оти за него ќе гласаат само членовите на неговото пошироко семејство и евентуално верните челопечани. Дека ќе добие 150.000 гласа ни на сон не можел да поверува. А уште помалку дека ќе формира партија, ќе му го одлева членството и ќе работи на неговото рушење од власт! Доволно причини за неспокој и нервоза!
Од: Ljubotan
Датум: 22.07.2009 00:39:33
Jas ova go nappisav vcera, ama za divno cudo nikoj ne obrati vnimanie koj ce go plati timot na ovoj Dersowitc!Advokatot Dersowic e eden, ne samo eden, tuku najskap advokat na svetot.Edna procitana stranica;Tuzba il zalba Toj ja naplatuva okolu $5,000.oo.Ovoj advokat Dersovic ne zema slucaj poevtin od 10 milioni $-dolari!Golem branitel za Evrejskata propagandna masina,pred amerikanskoto javno mislene i zatoa Izrael dobiva kako pomoc $ 4 milijardi dolari sekoja godina od budzetot na USA!, a potreba protiv muslimanskiot Loby, Mnogu pati go imam slusano vo okrugliot stol za; Izrael ,Plestina,Liban... Sto se pak odnesuva na svedoceneto od Ljube,predi se toae E irevelantno ,zosto ima komflikt od interest.Toa Ljube go znae toa.i nema da nasedne na provokaciata na advokatot Dersovitc,Brat Ljube gi nauci zakonite i uslovite vo Haskiot Hazamat! Samo me interesira koj ce ja plati odbranata na Johan il Jovan!i Tarculovski najmalku 5 milioni $.
Од: Trpe original
Датум: 23.07.2009 04:15:16
Zatoa g-jo novinarke sega mu e majkata na Crvenkovski i bratot Ljube da napravat koalicija i direktno da ne vovedat vo 22 vek.Vo NATO i EU da ne smestat za 2-3 meseci,nevrabotenite lugje za nekoj mesec ke gi vrabotaat i taka.Nekoi lugje vikaat deka treba programa.Ma kakva programa-taa e za mali deca.Za vistinski lideri kako Branko i Ljube ne treba programa.Taa ke si dojde sama po sebe.Od programata na Grujcheta go preminavme Brisel i duri do Hamburg stignavme.
Од: na Gruevski ne mu e dovolen Crvenkovski pa sega e na udar i Boskovski - drzavata tone rejtingot vrtoglavo mu paga pa Grujo e vo panika
Датум: 23.07.2009 05:35:02
Boskovski NE LAZE Gruevski LAZE, a laze zatoa sto mu paga rejtigot. Grujo e naviknat da pluka po nekogo i na toj nacin da si go kreva rejtingot. A posto Branko si ima strategija da ne se pojavuva vo javnost za Grujo da nema sansa da pluka i da se vadi na nego pa posto Brane go nema pa Grujo sega si go najde za zrtva Ljube i zatoa pluka i LAZE. Samo PROST covek moze da veruva vo toa sto Grujo go kazuva. A za Sonja sto da kazam?? Da ima malku covecnost vo nea ke bide srekna sto sepak eden Makedonec izleze od Hag pa makar toa i da ne Johan. No pusta zloba i zavist e vo dusata na Sonja pa zatoa taka reagira. Znaeme deka raboti za Grujo i znaeme deka go prodava Johan za rejtingot na Grujo. Dobila stan auto pari rabota uups..ne raboti prima plata a kolku drugi deca-siraci na Makedonski braniteli ne dobija NISTO ni skrsen denar. ZASTO i na Ljube decata i soprugata ne go dobija istoto??? PO KOJA ZASLUGA Sonja go dobi seto toa od Gruevski????? Toa i e poklon za PREDAVSTVO na pravite Makedonci!!
Од: glupendra
Датум: 23.07.2009 06:52:56
I Boskovski i Gruevski zaedno nemaat nitu eden posto od kapacitetot sto go poseduva Crvenkovski.Vo slucajot Tarculovski toa go dokazaa i edinstven pobednik moze da bided samo Crvenkovski. Napadite na Gruevski se od strav za zagrozuvajne na vlasta bidejki samo Boskovski mozese da mu se sprotistavi. Sto se odnesuva za napadite na Boskovski, tie se evidentni, realni i naskoro ke bidat od site praktikuvani pa zatoa ke se smeta deka tokmu Boskovski go nacnal gruevski. Od druga strana kaj Gruevski nema prav VMRO-vec i na Boskovski mu e mnogu lesno da kritikuva. Tamu sedat rekomponirani politicari koi spored dnevnopolitickite priliki ke gi menuvaat politickite partii; odnosno spored nivnata potreba.
Од: Goce
Датум: 23.07.2009 07:46:11
Koj laze? Koj odbiva da se sretne so advokatite, koj laze deka voopsto ne e pobarano? Mnogu tesko prasanje...
Covekot e otiden, bez razlika na zrtvata sto ja dade vo Hag...
Da zivee Makedonija
Од: makedonec-brat na johan
Датум: 23.07.2009 08:27:36
Предавници, кодоши, ситни души, отпад. Ќе излезе Јохан, ќе даде господ и ќе каже све за ,,големиот македонец братот Љубе,, Како не ви е срам да пишувате така, зарем мислите дека Соња тарчуловска во сета мака и очај ќе лаже, зарем мислите дека Дершовиц ќе се дрзне и ќе влага во политиката македонска и ќе лазе за да му наштети на Љубе!!!! Зашто, кој е тој Љубе?!! Сите со Јохан, ќе победи правдата, ќе излезе македонецот. Да живее ЈОхан и Македонија. Сите браќа КОМИТИ-ЗАПАД се со него.
Од: Плава Циганка
Датум: 23.07.2009 09:14:33
Каде се сега експертите на ВМРО (Вмрогруевците) Тања-Бумбарката, Латас и Миленко да кажат нешто во полза на Шефот. Груевски пропаѓа го губи рејтингот а глувците први бегаат од Бродот што тони. Завршува мандатот на привременото раководство на ВМРО-ДПМНЕ П.С Те молам Груевски вработи ме во Влада
ке гласам затебе....... Жими мајка
Од: Трпе.
Датум: 23.07.2009 09:16:59
Познато е кога тогаш дека вистината ќе излезе на виделина.Но лагата е основното ,кое го имат научено лажните патриоти,кои со лага опстојуват на политичката сцена и ни ја уништуват земјатаМногу ми се интересни кога порано се колнеа во Лјубчо,сега веќе не го признават.Се колнеа за таканаречениот БРАТ Лјубе и од него се откажа.Сега се колнат во мистер Рејтинг ,но верувам за кратко време и од него ќе се откажат.Кој ќе биде следниот.А за ова со Јован ако е прав и тој ќе биде ослободен.Но зошто една кафеанска пеачка се фтурнува во ова цела работа.Нормално и таа мора да лаже за сите придобивки кои ги има остварено,за среќа или несреќа што таткото на нејзините деца е во затвор.Но некогаш за толку големи придобивки вреди и да се одлежи некоја година затвор.Дали Јован ќе створеше толкав имот ако беше на слобода.Што да кажат,овие кои ги изгубија родителите или сопрузите.Што добија тие?
Од: *ха ха ха*
Датум: 23.07.2009 10:20:43
Имаме статија напишана од новинарката Гордана Дувњак.Имаме неколку неодговорени прашања од коментарот на „Од: na Gruevski ne mu e dovolen Crvenkovski pa sega ... од 05,35 часот“ кои се поставени вака: „No pusta zloba i zavist e vo dusata na Sonja pa zatoa taka reagira. Znaeme deka raboti za Grujo i znaeme deka go prodava Johan za rejtingot na Grujo. Dobila stan auto pari rabota uups..ne raboti prima plata a kolku drugi deca-siraci na Makedonski braniteli ne dobija NISTO ni skrsen denar. ZASTO i na Ljube decata i soprugata ne go dobija istoto??? PO KOJA ZASLUGA Sonja go dobi seto toa od Gruevski????? Toa i e poklon za PREDAVSTVO na pravite Makedonci!!“. Добри прашања,дајте ни одговор.Поздрав
Од: Наташа
Датум: 23.07.2009 10:49:47
Соња Tарчуловска е владин службеник??????
По кој основ, во кој ресор? За културно забавен живот??? Е, Македонијо моја до кај стаса
Од: SOVA
Датум: 23.07.2009 11:41:06
Videte go datumot na svidetelstvoto za zavrseno sredno obrazovanie na Sonja i datumot koga e vrabotena vo sobranieto kako ref.za zakazuvanje na sednici (nepismena )ke zakazuva sednici.Vlast molci i trpi.
Од: дими61
Датум: 23.07.2009 12:10:10
Љубе беше добар кога беше во затвор.Тогаш требаше рејтинг и да се победи на избори.А кога требаше Груевски да го подржи за претседател од тогаш Љубе не чини.Знае Груевски дека Љубе ќе му избега од контрола па побрза да го уцрнува колку што може повеќе.Тоа е толку ниско и глупаво, но по глупаво е кога за пусти пари и женаму на Тарџуловски ќе стане против Љубе.Е оваа е баш лигаво.Да градеш кариера врз грбот на мажи кој е во затвор.На што се е подготвена Соња.
Од: verag
Датум: 23.07.2009 12:55:01
Не знам кој лаже,но потпаролката на Хашкиот трибунал сигурно не. Од ова јавно напаѓање на Бошковски,јасно е дека Груевски во него гледа реална опасност за рејтингот и власта во партијата.
Од: tihi
Датум: 23.07.2009 14:10:14
Ste go doprale dnoto , stom pocnavte da go branite bratot , za kogo do vcera smetavte deka e obicen sarlatan ( i sega isto mislite).Neka vi e na zdravje.
Од: Европска Македонија
Датум: 23.07.2009 14:22:14
Кој лаже срам да му е.Нема да покажам со прст кон никого но се надевам дека вистината ќе излезе на виделина наскоро.А ќе кажам дека Соња Тарчуловска која е вработена како владин службеник е последната личност во случајов на која треба да и веруваме.Ги разбирам нејзините фрустрации и љубомора но ќе мора да ги контролира а уште помалку треба да дозволува судбината на нејзиниот Јохан некој да ја користи за политички препукувања.