Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонија изолиран остров и во енергетиката

Новата стратегија не предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор

Соња Маџовска

Македонија е изолиран остров и во енергетиката, тврдат експертите. Новата енергетска стратегија не предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор, со што автоматски ни се заканува енергетски мрак, за што вината нема да се бара во идните генерации, туку во сегашните кои не успеале да направат ништо да го спречат за тоа. Според аналитичарите од оваа сфера, изминативе години повеќе се растураше отколку што се градеше, затоа е дојдено пет до дванаесет, кога натрупаните проблеми треба да почнат да се решаваат.

„Не е познато според која методологија е направена стратегијата. Недостасува инвестициона менаџмент-анализа. Не се дадени можности за регионално поврзување. Македонија се третира како изолиран остров, што сметам дека не треба да биде стратегиска политика“, вели Вангел Фуштиќ.

Енергетската стратегија во земјава ја изработи МАНУ, без да консултира странски експерти, или компаниите кои работат во земјава. Само за споредба, во Хрватска на нивната енергетска стратегија работеле 75 лица од 27 домашни и две странски институции.

„Домашната стратегија не може да се нарече стратегија, туку предлог на стари предлози на можни енергетски проекти. Нема компаративни анализи, стратегиско планирање, нема анализа за финансиска изводливост, нема нови идеи. Нема одговор како домаќинствата во 2015 година ќе ја плаќаат цената на струјата. Конкретно за старите проекти, ’ХЕЦ5‘ е невозможно да профункционира до 2015 година. Требаше да биде готова до април годинава, а се' уште нема ниту брана ниту машинска зграда. ’Бошков мост‘, исто така, се предвидува да профункционира до 2015 година. Нема шанси. Ако се земе фактот дека се' уште не е заврше��а тендерската постапка, а за изградба на еден ваков проект се потребни најмалку осум години. Тоа важи и за проектот Вардарска Долина“, вели професорот Атанаско Туневски.

Експертите сметаат дека земјава не треба ниту да размислува за изградба на нуклеарка. За нејзина изградба се потребни многу повеќе средства отколку што се проектирани во стратегијата, само 2 милијарди евра, а Македонија нема ниту доволно вода, ниту соодветна локација на која би можело да никне нуклеарка. „Ниту една нуклеарка не е изградена во мала земја. Ако се случи една хаварија, Македонија ќе ја снема. Таа идеја не треба веќе ни да се споменува. Наместо нуклеарка, треба да инвестираме во соларни централи и ветерници. Земјава има услови за тоа. Имаме 265 сончеви дена во годината, во Скопје 230 дена се такви. Според извршените мерења има 20 локации, на кои има услови за искористување на ветерот“, порача Трпе Груевски од Здружението за обновливи извори на енергија.

Од ЕВН, пак, сметаат дека во земјава се одржува нереална цена на струјата што ги одвраќа инвеститорите. „Македонија не треба да остане изолиран остров и треба да се вклучи во регионалните проекти, а не да ни пропаѓаат проекти. Стратегијата е фокусирана на актуелната состојба и нема развојната димензија“, истакна Сашо Псалтировски од ЕВН. Според него, во стратегијата нема концепт, ниту како да им се помогне на социјалните категории, а тоа не можно во земја со огромен број сиромашни.

Инаку, во нацрт-документот што ги дава насоките за развој на енергетиката до 2020 годинасо визија до 2030 година, МАНУ предвидува две сценарија, без или со изградба на атомска централа. Во првото сценарио за реализација на инвестициите Македонија ќе треба да обезбеди 4 милијарди евра, а пет милијарди со изградба на нуклеарка. Пари за проектот МАНУ препорачува да се обезбедат преку поскапување на струјата што ја плаќаме најевтино во регионот.


Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 23.07.2009 06:21:02
OF LELE,nekoj vece ja koristi ovaa ;of lele! A Jas ce kazam; EX NIHILO< NIHIL.[Od nisto se nema Nisto}!
Од: strategija po 100 pat
Датум: 23.07.2009 09:31:11
Eneregetikata kako tema e elaborirana vo 1900 godina, koga se dadeni energetskite presmetki za moznostite za iskoristuvanje na sonceto, reki, ezera, morinja, vetrovi. Tehnoloski resenija postojat, pocnuvajki so gradbata na stanbeniot objekt, izolacija koja e osnova na zastedata na energija. Ako gi prasate politcarite tie ke napravat uste 100 neupotreblivi strategii zatoa sto za izrabotkata na strategijata se zimaat golemi pari.
Од: etf
Датум: 23.07.2009 10:11:05
Of lele! Dojde vreme Fustik da zbori za energetika.Daj be Vie od utrinski bidete seriozni. Jes da i onie fosiline od MANU ne gi biva i verglaat edno isto 20 godini, ama Fustik i energetika?! Sami se mestat so napisani (prepisani) nekolku strani (kobajagi strategija za razvoj) i da upikaat vo dzeb nekolku iljadi evra.
Од: Pampe
Датум: 23.07.2009 12:47:33
До кога со реченици од типот „Експертите сметаат...“, кои се тие? Нуклеарната централа е единственото исплатливо решение. Само за илустрација, првата соларна цнтрала во Европа е изградена во 70-тите години на минатиот век во Франција и набрзо после тоа е затворена поради неисплатливост (големи трошоци околу чистењето на панелите кое се прави секојдневно. Денес 70% од електричната енергија во Франција се добива од Нуклеарни централи. Дека во мала земја не се гради нуклеарна централа само би ја потсетил новинарката да провери „колку поголема е Словенија од нас за да си дозволи луксуз да има нуклеарна централа во Кршко?“
Од: London
Датум: 23.07.2009 12:57:53
Energetskaat kriza sami ke ja kreirame ako nema startegioj. Ne e tocno deka makednija e izoliirana - no e tocno deka makedonija nema startegija i nema ekperti zatao site na trening.. i ne e tolku strasno - otvorete go marketot ke dojdat investitori - ama treba da se pocne da se raboti sega.
Од: don kihot
Датум: 23.07.2009 19:05:32
Za ovoj sto se prjale kolektorite, pa vidi ti Makedonija ima mnogu nevraboteni pa so krpce i cisti.Kakva nestrucnost i glupos se prljale i ne pokazale rezultati, vo Francija.Ziveam vo EU i ovde se investira vo ogromni kolicini vo solarni polinja po nekolku megavati edno.Ama ne gledam kako poljaci doagaat i so krpce gi cistat i gi poliraat.Do koga ke razmisluvame kako vo kamena doba, na Makedonia i e idninata vo( Photovoltaik) ili vasite solarni kolektori.A MANU neka prodolzi da spie.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Две параглајдерски несреќи во Охрид
Евтина злоупотреба на Тарчуловски
Од денес почнуваат тропски горештини до 41 степен
Зденко
Ликот на Богородица на исечено дрво во Чашка
Пијани жени направиле инцидент на патарина
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
Полициска правда
Го испрскал со бензин и го запалил
Укинувањето на визите и печалбарски перспективи
На референдум со стар избирачки список
Карикатура
Сега и слободата на говорот станува услов за преговори за ЕУ
Италијанската тајна на креветот на Путин