Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Укинувањето на визите и печалбарски перспективи

Назми Малиќи

Со помпезната промоција на либерализацијата на визите со цел владин кабинет се прикриваат неуспехот и нереализирањето на обврските добиени од граѓаните

За политичките околности е од големо значење политичарите да имаат ниво на одговорност и зачувување на совеста и да ги заштитат своите активности од неконтролирани и неодговорни политички настапи во комуникација со јавноста. Во вакви околности се создава основа за формирање приспособлив политички амбиент, во кој ќе се покаже способност да се увиди и разбере реалната политика, а во исто време да се манифестира и способност, пораките да им бидат пренесени на граѓаните и да им се овозможи правилно да ја разберат ситуацијата низ која минува државата. Ова подразбира дека политичарите нема да бидат политички актери само поради дефилирање и ТВ-парада, туку ќе покажат готовност на граѓаните да им се покаже пример за добро однесување, да се добие или да се зачува симпатија преку способноста за прифаќање проекти и предизвици и тогаш кога се појавуваат одредени разлики. Политичка мудрост и државничка одговорност е особено искажување готовност за поддршка на процесите што носат позитивни промени во државата.



Во контекст на политичката сцена во Република Македонија во односот позиција-опозиција, во однос на идеолошко престројување, во однос на, условно речено, македонски и албански партии – интересно е да се анализира нивната политичка култура и одредени прашања и дилеми. Колку се почитуваат правата и слободата на граѓаните, колку и како е разбрана плуралната демократија, зошто во одредени моменти партиите од власта градат вербализам во функција на политичката тензија, какво е влијанието на мас-медиумите, во колкава мера власта остави слободен простор да се соочува професионалноста во државната администрација, во јавната администрација, дипломатијата, во универзитетите (ова особено се однесува на политизација и партизација на Државниот тетовски универзитет од двете албански партии ДПА и ДУИ). Зошто се' уште на политичката сцена се актуализираат теми со сомнителен политички морал и пораки. Доколку не се елиминираат еуфоричните активности на политичарите, кои со нивните настапи во најголем број случаи ги имаат без покритија, тогаш ќе недостасува и нивото на одговорноста и во ситуации на евентуални кризи, дали се тие политички, социјални, економски итн.

Доколку економската благосостојба и демократските стандарди се прифатат како заедничка вредност, тоа кажува дека просторот за изнаоѓање заеднички односи ќе се случуваат и ќе се конкретизираат со консензуална политика на проекти. Дали е крајно време да се разберат правилно пораките дека оваа држава не може да биде стабилна доколку се заобиколуваат проекти кои значат зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Вака размислувам затоа што го имам предвид политичкиот факт во РМ каде што имаме апсолутна власт на една партија без силна или невлијателна опозиција. Една опозиција која сега за сега не нуди проекти кои ќе им бидат конкурентни на позицијата. Опозициските пораки се недоволни ако само се прифаќаат интегративните вредности што ја водат Македонија во НАТО и во ЕУ, ако и понатаму остануваат без конкретни проекти кои имаат смисла за конкурентност и кои ќе и' бидат значајни за перспективата на државата и граѓаните. Секако, стандардите на ЕУ значат градење правна држава, пазарна економија, почитување на човековите права итн., стандарди кои треба да се градат и да значат поперспективна економска социјална иднина на граѓаните на РМ. Тоа ќе значи да се создаваат услови за есенцијална вредност што ја прават разбирлива политиката и власта.



Интересна е владината промоција за добрата вест од пораката на ЕУ, за либерализација на визите за граѓаните на РМ. Во време кога продолжуваат да влијаат одредени невредности со злоупотреба на незавидната социјална состојба на граѓаните на РМ, ваква промоција на најважен настан во земјата, во некоја мера, значи недостиг од чуство за емпатија, бегање од реализација на проекти што би значеле за граѓаните на РМ, за да ја својата перспектива видат дома. На некој начин помпезната промоција на либерализација на визите (со цел владин кабинет) од страна на Влада на РМ значи маска за прикривање на неуспехот, за нереализирање на обврските што ги добиле од граѓаните. Ваквото однесување не може да биде без влијание и настојување за одолжување на латентната социјална состојба на граѓанинот, имајќи ги предвид следниве фактори - нискиот стандард на живеење, семејната несигурност, висината на материјални приходи на семејството, невработеноста на членовите на семејството, неперспективна политика за земјоделците итн. Жално е ако со укинувањето на визите од ЕУ се настојува да се мамат семејствата кои се погодени од социјална несигурност и ако им се нуди една перспектива за трагање по елементарна егзистенција. Точно е дека со либерализација на визите граѓаните се приближуваат до идејата на Европа за слободно движење на луѓе, услуги, стоки и капитал, се приближуваат до придобивките на европската идеја, но тоа никако не би значело бегање од дома и дел од граѓаните на РМ да ја градат својата перспектива со печалбарски живот.

Крајно е време партиите од власта да настојуваат да ги поттикнат позитивните процеси, посветувајќи се на настани што можат да бидат поттикнувачки, кои создаваат простор за имплементација на нова констелација на проекти што нудат економска перспектива. Политичкиот кадровски потенцијал позиција-опозиција во РМ треба да биде во служба на доближување на позициите од државен интерес. Во РМ, од политичките структури на власт или од опозиционите треба да се создадат реални услови за хармонизирање на политичките активности, за создавање реална политичка доверба и сите интегративни активности внатре во државата да се претворат во политичка конкуренција, унапредувајќи ја формата на вистински дијалог за зачувување на вредностите за плурално политичко дејствување.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1785 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 23.07.2009 01:17:01
Ednas go pofaliv profesorv so negoviot predgovor. ama sega nisto ne razbrav, mozebi toj e Preucen za mene ,Jas nedoucen, ama Jas mislam nesum nedoucen, iako nesum preucen! Predgovorot mi lici na nesto '' Mnogu receno,nisto ne kazano'' Укинувањето на визите и печалбарски перспективи Назми Малиќи Со помпезната промоција на либерализацијата на визите со цел владин кабинет се прикриваат неуспехот и нереализирањето на обврските добиени од граѓаните За политичките околности е од големо значење политичарите да имаат ниво на одговорност и зачувување на совеста и да ги заштитат своите активности од неконтролирани и неодговорни политички настапи во комуникација со јавноста. Во вакви околности се создава основа за формирање приспособлив политички амбиент, во кој ќе се покаже способност да се увиди и разбере реалната политика, а во исто време да се манифестира и способност, пораките да им бидат пренесени на граѓаните и да им се овозможи правилно да ја разберат ситуацијата низ која мин
Од: Niz iseluvanje Makedonija umira.
Датум: 23.07.2009 08:36:35
Pa i na mene kazuvanjeto na profesorot mi e drdorenje.Kategoricki treba da se podvlecve deka edna zemjicka kako MK, nema materijalna i industriska baza da go vraboti naselenieto i toa ke bara rabota nadvor. Samo treba drzavata da se grizi narodot da odi na pecalba, a ne da se iseluva. Grizata drzavata treba da ja sredi po niz godini so organizirano zaminuvanje na rabota, poedinecot so megjudrzavni dogovori da se vrati. Zapad ne smee da ni go golta narodot, ami da pomogne niz nash trud da se socuva Makedonija. Parolas:Dolu isweluvanjeto, da ziveat pecalbari (gurbetcii).
Од: aman so tie vizi
Датум: 23.07.2009 10:58:21
Aman so tie vizi pa i dosea tie sto najmnogu vredat rabotat nadvor. tuku problemot e vo toa sto nie ne znaeme da gi cenime i da gi platime tie sto vredat i sto ke pravat tuka ke go prodavaat svojot um za bez pari ili vrednosta na eden doktor hirurg ke ja sporeduvame so vrednosta na eden carinik ili inspektor. sekoja cest na sekoja profesija no vrednuvanjeto treba da bide poinakvo i da se ceni i trudot i profesijata
Од: marina NL
Датум: 23.07.2009 11:55:45
Zapad nema da go goltne Makedonskiot narod, vizi ima, ama rabota ne smee da bara. Ovie ne kazuvaat dovolno, gi dezinformiraat siromasnite lugje. Nema da se dobie dozvola za rabota vo EU so ovie vizi, ne mozes da najdes rabota, treba dozvola. Neka bide jasno na site onie koi se nadevaat ovde da se iselat i baraat rabota. Ako najdat nesto na crno ama crno i EU tesko odi. Ova ne e Amerika. Vizite ke vazat 3 meseci samo, po 3 meseci treba da se vratat nazad. A i sega so krizata ima mnogu nevraboteni ovde, nie ostanavme bez rabota, sega sme vo socijalno, a rabota nema ni za lek...
Од: london
Датум: 23.07.2009 14:14:54
zalno e profesor da ne znae razlika megu viza i rabotna dozvola. Ah strasno i uste uvodnicar!!!! Nisto pametno ne kaza vo cel tek baziran na pogresna procena. ah strasno
Од: Ози
Датум: 23.07.2009 14:22:23
Човеков само сака да каже дека укинувањето на визите е всушност негативно за МК. Тоа само ќе овозможи одлив на девизи т.е. ќар ќе видат само оние со вишак пари. Укинувањето на визите не овозможува да во странсто се заработат пари и да се донесат назад во МК. Да живеат бугарските пасоши!
Од: vikica
Датум: 23.07.2009 16:49:10
marince koj saka rabota ke najde a za socijalno uste pobrzo ama i tamu treba da rabotis neli bar po nekoj saat.pa da receme u NL a

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Две параглајдерски несреќи во Охрид
Евтина злоупотреба на Тарчуловски
Од денес почнуваат тропски горештини до 41 степен
Зденко
Ликот на Богородица на исечено дрво во Чашка
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
Полициска правда
Пијани жени направиле инцидент на патарина
Го испрскал со бензин и го запалил
На референдум со стар избирачки список
Македонија изолиран остров и во енергетиката
Сега и слободата на говорот станува услов за преговори за ЕУ
Карикатура
Италијанската тајна на креветот на Путин