Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.05.2012, 17:58

Едиторијал

Нека ни е честит денот!

Гордана Дувњак

Светскиот ден на слободата на медиумите вчера беше одбележан планетарно.Извршното тело на Меѓународната федерација на новинари одлучи глобалната тема оваа година да биде апсењето и затворањето новинари.

За среќа, и покрај повремените закани, македонските новинари се' уште не ги апсат. Ги нема ни во затворите. Но ги има, и тоа голем број, во судниците. И евентуално, во евиденцијата на Агенцијата за вработување. Фала му на Бога, ги нема ниту на „црните листи“ на загинати новинари, што ги објави меѓународната организација „Репортери без граници“ која преброи дека лани настрадале 102 новинари, од кои седум во Европа.

Македонската „седма сила“ годинава најмалку има причини за славје. Само за загриженост, бидејќи состојбите во медиумската сфера никогаш не биле полоши. Новинарството падна на најниски гранки, кое не' стави рамо до рамо со другарчињата од Конго. На „високото“ 116 место.

Македонскиот журнализам и натаму останува монета за поткусурување. Со речиси никаква социјална заштита (чест на исклучоците), која ги сведува на, како што велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на нивото на „економско робје“. Порачуваат дека новинарите нема да замолчат и ќе продолжат да ги бараат и остваруваат своите права.

Токму на вчерашниот меѓународен ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија објави и дека пропадна дијалогот со Владата околу декриминализацијата на клеветата. Велат, преговорите не се прекинати, туку едноставно ги нема. Еснафското здружение дури сега сфати дека Владата ги (зло)употреби и фрли како „палома шамивчиња“. Лани послужија како одлично алиби пред Брисел дека постои дијалог со медиумите. Сега, Владата не отстапува од барањето за енормни глоби за клеветата и навредата, кои наместо кривично, ќе се казнуваат во граѓанска постапка.

Не е исклучено ни Владата, да си најде „нов преговарач“ во лицето на некоја нова новинарска асоцијација, за која ќе тврдат дека е легитимен претставник. „Друга страна“ на која нема да и' пречи што се заобиколува еснафот при носење на нова законска рамка за медиуми, за ставање под контрола на дописништвата, за затварање на медиуми. Која нема да гледа ништо лошо ни во тоа што преку ноќ се проширува Советот за радиодифузија, за да се оствари контрола во издавањето на лиценци.

Новинарите можеби навистина никој не ги затвора и убива во Македонија, но главно се „убиени во поим“. Секоја чест, повторно, на исклучоците. Но, генерално, никогаш не биле повеќе уплашени за својата судбина,разделени,ставени во функција, со автоцензура. Како да го изгубија еланот и самосвеста за тоа колку се важен сегмент во демократизациајта на една земја,уште помалку дека се еден вид контролор на лошите политики.

Но, затоа никогаш почесто од сега, можат да се сретнат по судските ходници. Ги тужи кој ќе стаса. За наводни изнесени невистини,повреда на честа и угледот,нанесената материјална штета, духовна болка.Но, и за лични ставови,„погрешно“ поставени прашања, наслов што некому не му се допаѓа,или пак,за пренесена изјава на соговорник. Ставени под пресата на дневната политика,судиите со леснотија изрекуваат казни и по десетици илјади евра.Применуваат двојни аршини околу тоа кој е тужен и тужи. Стана најлесно да се тужат новинарите, бидејќи набрзо се добива сатисфакација со вакво судство.И оние што заслужуваат да се најдат на обвинителна клупа,заради својата тенденциозност и непрофесионалност, но и оние што со ништо не го повредиле Кодексот на новинарската фела. Нека ни е честит празникот!


Статијата е прочитана 621 пати.

Испрати коментар



Најголемиот проблем
Факторот анархија во Сирија
Невидлива инфлација



USA, 04.05.2012 02:12:26
Kako sto ima razlika medju Paloma( toa e brend) i hartieno samivce, taka ne moze da se generalizira i SITE novinari da se stavaat na isto ramniste samo zatoa sto se od FELATA. Zosto prvo Vladata ne se dogovori so rudarite, pa ribarite, cevlarskata industrija, sportistite.........zosto da ne i so novinarite posle toa. Neli site sme isti. Zosto ekskluzivitet za PALOMITE.
Istocna Makedonija, 04.05.2012 08:17:48
Da,neka e cestit Denot na slobodata na mediumi i da ja ima!SLOBODATA!
Омар Муса 116-ти!, 04.05.2012 10:20:53
Usa , пак си пивнал!Не е владата таа што кажува кој е бренд , туку читателите и пазарот. Светот гледа каква е ситуацијата кај нас , па затоа Кенија и Уганда се поим за нас во слободата на новинарството.Да беше до Пастирот , брендови ќе беа Латас , Мирка , Миленко и Бурекот!
FRIDOM HAOS VO MAKEDONIJA, 04.05.2012 10:22:58
NEKA VI E CESTIT DENOT NASLOBODATA NA MEDIUMITE ! MNOGU SME NAPREDNALE NA TOJ PLAN.EVE PREMA FREEDOM HOUS, DURI SME PRED SEVERNA KOREJA I TURKMENISTAN!? ASKOLSUN ! ! !
Marioec od Azija, 04.05.2012 10:39:34
Prvo neka vi e cestit prazniko.A za slobodata sami treba da se oslobodite od partiskite pregratki pa posle e lesno so vlasta da se spravite.Goce od USA ,mi se obrati iako jas ne ja pisuvam kolumnata.Eve odgovor,vo vremeto sto go nabrojav nebese mozno rangiranje na slobodata od prosta pricina sto nemase slobodni novini site bea na edna strana.Inaku na Jovanovska, vo intervjuta sto gi vodese so povece ambasadori na diplomatski nacin i objasnaa deka glaven problem se politiziranosta nemoralot i nemanje etika kaj pogolem broj na novinari.Ima uste drugi pomali problemi ama se dodeka se prisutni i najizrazeni ovie raboti nikogas nemozi da ima slobodni mediumi.A dali si 98ili 108 nema razlika ti si vo grupata so delumna sloboda.Tolku za tebe Goce dali razbra neznam,a nemoras da svatis,komentiraj si bez da mi se obrajcas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Среда
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |