Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
06.05.2012, 15:35

(Не)секојдневни приказни од животот

Добриот човек од Рим

Се викам Роберто, кај мене се документите, паричникот и телефонот што вашиот син ги изгубил близу Колосеумот

Димитар Чулев



Рим/Скопје – „Добар ден, ве молам не се вознемирувајте... Борис е добар, но кај мене се документите, паричникот и телефонот што вашиот син ги изгубил близу Колосеумот во Рим. Кажете ми каде да ги пратам. Претпоставувам ќе му требаат за да се врати дома...“

Љубезниот глас на совршен школски англиски со симпатичен италијански акцент „распамети“ еден родител тоа претпладне на 1 Мај. Тој со нетрпение очекуваше два дена подоцна, на 3 мај, синот, заедно со уште стотина негови колеги од Филозофскиот и Филолошкиот факултет да се врати од 19-дневната апсолвентска екскурзија низ десетина европски градови. Се' до тој момент се' беше во ред, со сопругата однапред се радуваа на фотографиите кои ќе ги гледаат, ќе уживаат во одушевеноста на синот од средбата со Будимпешта, Братислава, Виена, Амстердам, Париз, Барселона, Рим... Екскурзијата требаше да биде награда за четирите години исполнети со семинарски, колоквиуми, испити - останаа уште пет, годинава ќе дипломира.

И одеднаш „студен туш“ а разговорот со Италијанецот минува помалку хаотично... „Благодарам. Да, многу сте љубезен, ќе ве побарам јас... да не трошите...ќе проверам, да- ќе го побарам да му кажам дека се кај вас ...документите“ ...

Нов повик на мобилниот телефон од семејниот пријател Александар Митковски. „Слушај, ми се јави некој Италијанец, ми зборуваше за некаков пасош, за Борис, некако му го издиктирав твојот број. Те побара ли. Што се случува“. Ацо добива добива потврден одговор од родителот (чие име од разбирливи причини нема да го споменеме), се нуди да исконтактира „свој човек“ во Рим да види што може да се стори.

Одново телефон. „Тато јас сум во Венеција, ја изгубив рачната торбичка со сите документи или некој ми ја украл во Рим. Ви јавија ли од ’Хисар-турс’. Водичот рече дека ќе ве известат“? Следува олеснување дека Борис е ОК и дека документите се во сигурни раце.

И приказната за добриот човек од Рим почнува да се развива.

Роберто Вескио, електроинженер од Рим, вработен како бренд менаџер во италијанската испостава на „Нокиа - сименс“, сосема случајно ја видел заборавената или изгубената торбичка на една столица од бамбус во едно кафуле во близина на Римскиот колосеум. Прво нешто што му паднало на ум е дека тоа мора да е дел од скапиот „отпад“ што милионите туристи секојдневно го забораваат во Вечниот град, каде, заслепени од убавините на Рим често повеќе се грижат за сувенирите и подароците кои ги купиле и кои ќе ги однесат дома, заборавајќи ги сопствените торби, паричници, кредит картички – пасоши. Реагирал онака како што ќе реагира секој чесен човек иако, чесноста и не е некоја многу раширена категорија во денешните европски метрополи каде на улиците е повеќе на сила законот на уличните џепчии чија цел се – токму странските туристи. Особено млади неискусни момци и девојки кои опиени од расположението на оние две три недели крстосување низ Европа ќе се опуштат за миг...

Случајот сакал, наместо кај уличните „предатори“, загубената рачна торба да се најде во рацете на Роберто. И самиот губел документи... Еднаш во Финска и еднаш во Данска и знае што значи да изгубиш документи особено мобилен со сите оние контакт телефони... Открива мала тајна: Годинава веќе два пати изгубил лични работи во Рим, но се разбира не ги добил назад...Има 46 години, по потекло е од Катанзаро, од југот на Италија поточно од регионот Калабрија. Оженет е со Анџела Калисто, и самиот е татко на две деца: петгодишната Бенедета и 2,5 годишниот Винченцо кои за некоја година и самите ќе тргнат на прошетка низ Европа. А можеби ќе минат и низ Македонија, ни вели. Ја отворил торбичката, видел паричник, пасош, ХТЦ телефон кој не бил вклучен. Немаше полнач - објаснува во оние десетина телефонски разговори кои ќе следуваат во текот на 24 часови со родителите на Борис - па си земал слобода (како што рекол) да го активира. „И така наидов на некои броеви. Заѕвонив на првиот број, на извесен господин Ацо, претпоставував дека е некој близок“.

И навистина било така. Ацо (Александар) е долгогодишен пријател на семејството на Борис, го знае од негова четврта година. Многу се уплашил кога се јавил човекот од Рим, што само дополнително го отежнал комуницирањето на скромниот англиски - едвај ги издиктирал броевите на мобилниот на татко му на Борис.

Роберто бил упорен. „Празник е денес, но веќе утре ќе ги испратам изгубените раноти и во СМС порака педантно ја наброил и другата содржина од торбичката: „... студентска легитимација, возачка, лична карта, две виза картички и фотографија од девојката, претпоставувам“. Кажете адреса...

Групата студенти кои на 15 април, на Велигден точно на пладне со два автобуси тргна од Скопје, на 3 мај требаше да влезе во Словенија. Значи единствена можна адреса каде Борис би можел да ги добие документите е - Амбасадата на Република Македонија во Љубљана.

Две-три јавувања и размена на броеви и „Повелете, Умит Касум од македонската амбасада Љубљана. Како можам да ви помогнам“, вели љубезниот глас од таа страна на линијата. Иако е празник 1 Мај, младиот дипломат нуди неколку „излезни решенија“ како да се реши проблемот. „Не се вознемирувајте, постојано имаме такви случаи, ќе го решиме случајот. Само упатете го господинот Роберто со ДХЛ да ги испрати документите до амбасадата... И така беше. Веќе наредниот ден проблемот што изгледаше нерешлив - е среден. Заедно со проблемот на украдениот багаж и лични документи на две студентки од истата група. Тие немаа среќа да го сретнат Роберто. Останале без вредни нешта и пасошите и во македонската амбасада добија патен лист за да можат да се вратат во Македонија.

За љубезниот римјанин се заинтересирал и македонскиот амбасадор во Љубљана, Игор Попов, кој се јавил и лично му заблагодарил за гестот. „Го поканив во Македонија... таквите доблесни луѓе ги градат вистинските врски меѓу луѓето, народите. Впрочем, сега имаме уште еден пријател во Италија...“

Роберто е кул-тип. За целиот случај на крајот ќе рече дека „Светот е во наши раце, потребно е само да се направи вистинскиот избор. Јас одбрав да се јавам и сега имам нови пријатели во Македонија“.


Статијата е прочитана 4150 пати.

Испрати коментар



Опасности демнат на патот покрај Радика



читател, 07.05.2012 00:37:39
Bravo Roberto! Ех кога би имало повеќе вакви луѓе кај нас!!!
bitola, 07.05.2012 06:40:09
SEKOJA CEST ROBERTO......
Istocna Makedonija, 07.05.2012 08:30:01
Vo denesni straotni vreminja,gest za pocit i gole- mo bravo za Roberto.,,Parite otvaraat zelezni vrati,ama cesnosta gi otvara i splotuva dusite i srcata!Tuka nema granici,meridijani,jazicni ba- rieri,verska i nacionalna konfrontacija.VIVA ITA- LIA!
Sasko, 07.05.2012 09:56:07
Imam eden takov Roberto vo Makedonija, samo se vika Sime od Cishinovo. Covekot mi vrati telefon od 20.000 den. Pozdrav,
Тихомир!, 07.05.2012 10:04:46
Иако се ретки, се уште постојат чесни луѓе на планетава!
Ivana, 07.05.2012 10:42:23
Sekoja chest za humaniot gest od strana na Roberto, kolku vakvi ljuge bi imao vo Paris i nashite dokumenti kje bidat pronajdeni :( No kako gospod nikoj ne e:)
ubavka skakrova, 07.05.2012 13:58:01
Човек со големо срце, секоја чест. Го ценам овој хуман гест. Така треба. Би била срекна кога и на другите две колески на Борис се најдат ташните,,,,,,,,,,,,,,,,, барем документите.
Nikola, 07.05.2012 16:36:54
Bravo za dobriot Roberto

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |