Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.05.2012, 17:57

Си велам

Најголемиот проблем

Ерол Ризаов

Штом политичарите ќе прогласат нешто за приоритет, од тоа нема ништо

Дефинитивно најголемиот проблем на Македонија се политичарите. Штом нешто ќе прогласат како приоритет во нивната работа веднаш знам дека од тоа нема ништо. Можам да ви набројам стотици примери од големата стратегија за намалување на невработеноста и на сиромаштијата до евроатланските интеграции и европеизацијата на Македонија, од заштита на човековата околина, до заштита на човековите права и слободи, од цунами на странски инвестиции до функционирање на правната држава...... Резултатите ги знаеме сите, ама не ги чувствуваме подеднакво.

Овојпат да видиме што е со ветувањата за поголемата медиумска независност и самостојност на новинарите и уредувачките тимови. Убаво се сеќавам како да беше вчера кога премиерот Никола Груевски по првите сто дена откако седна на најжешката фотелја, ги повика главните уредници на јавна тркалезна маса. Бев воодушевен од гестот на младиот Груевски, со кого како лидер на опозицијта, но и пред тоа како министер за финансии и за трговија веќе имав одлична соработка и добри професионални релации. Си реков, еве конечно еден македонски премиер кој вистински ја разбира улогата на медиумите и кој во новинарите не гледа политички противници, или послушници, туку сериозен и значаен сегмент на едно демократско општество. Бев убеден дека Груевски има доволно самодоверба достоинствено и такт да ги издржи нормалните, па и пожестоките критички опсервации од кои не се поштедени ниту премиерите, ниту владите на најбогатите, најразвиените демократски земји, со највисок стандард. Иако веќе имаше јасни сигнали дека Груевски има сериозни проблеми со сопствениот демократски капацитет, сепак, бев убеден дека брзо ќе го преброди овој веројатно вроден хендикеп бидејќи не ќе може да заборави оти ја освои власта благодарение не само на лошото владеење на СДСМ, туку можеби и повеќе на медиумите, кога буквално го расчеречивме последниот премиер на социјалдемократите поради аферите и скандалите кој секој ден осамнуваа на насловните страници и ударни вести. Ако денес ги споредиме бачилата на Владо Бучковски со тендерите на Никола Груевски, овој првиот ќе излезе наивен како мало дете.

Неисе, иако масата беше тркалезна, знам, каде седи пашата, таму е челото. Се вклучија камерите на МРТВ во директен ТВ пренос. Си направивме убав муабет. За жал, првпат и последен пат, јавно. Груевски ни' кажа дека многу полага на демократизацијата на Македонија и дека тој клучен процес за развој не е можен без независни и слободни медиуми. Во мојата агенда на работа ќе биде и поголемата независност на медиумите, вети Груевски. Потоа, убаво се изнаприкажваме, за економски и политички реформи, за демократијата и улогата на медиумите. Оттогаш поминаа шест години и многу вода протече по Вардар ама работите во медиумската сфера се вратија многу поназад отколку што беа.

Многу бргу се виде дека Груевски во јавните гласила гледа исклучиво како на пропагандистички концерн кој во однос на „фабриката“ на Бучковски е медиумска империја. Некогашните протекционистчки субвенции на државата за медиумите кои претходните влади ги сервираа по три кафени лажици дневно како горчлив лек за тешко болни пациенти, се претворија во милиони евра рекламни кампањи, или кажано попрецизно во невидена медиумска корупција. Брзо се заборавија критичките опсервации за злоупотребите на претходните влади. Финансиска поддршка, отворено се кажа, можат да добијат само медиумите кои ја поддржуваат власта. Од буџетот, за тие што ја критикуваат власта, нема ни денар. На повеќе средби што ги имав со Груевски беше сосема отворен: „не може да објавуваме владини кампањи во медиуми кои се критички настроени кон власта. Тоа се сдсмовски медиуми“. Груевски во критиките гледа и препознава антивладино и антидржавно делување кое е нарачано од опозицијата. А во буџетот гледа како на владина каса.

Вториот силен притисок Груевски го изврши преку сопствениците на најгледаните телевизии кои како пајтон партии во бракот од интерес со власта како невестински чеиз ги донесоа своите телевизии. Тие ТВ куќи што не се вклопија во оваа шема исчезнаа. Се разбира, по законски пат, како и сите законски тендери. Оваа влада е специјалист сите свои интереси да ги оствари по законски пат. Ако законот не е во согласност со уставот, тогаш по законски пат ќе се сменат судиите, ако и тоа не е доволно ќе се смени и Уставот.

Еве уште едно медиумско злосторство по законски пат. Преку разни квазинституции со звучни имиња и невладини организации, индиректно и директно финансирани од владата, со поддршка на апологетските новинари во Македонија се изместени критериумите за тоа што е добро, професионално и објективно новинарство. Поддржувачите на власта и хроничарите на владините успеси сите обиди да се опсервираат објективно владините политики и да се критикуваат злоупотребите на власта и центрите на моќ ги дочекуваат како непријателски, јавно ги жигосуваат новинарите со навреди, дискредитации, омаловажувања, клевети и компромитации. Власта стимулира подземна валкана војна против своите критичари. Првичната самодовреба на Груевски и Владата брзо целосно се изгуби. Научни институти се впреганати во скапа кампања да се докаже дека добро новинарство е само она кое е наклонето на власта. Дури и во еднопартискиот систем се сметаше за новинарски подвиг и храброст да се критикуваат грешките на власта, а не да се фалат успесите.

Од мојот незаборавник еве уште еден интересен детал: кога новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов 2009 година приреди прием за главните уредници во новата претседателска резиденција, храбро истапи дека не е задоволен од рангирањето на македонското новинарство во светските асоцијации. Претседателот Иванов, тогаш, вети дека во неговата работна агенда ќе се најде поголемата слобода и независност на медиумите и новинарите. Според „Репортери без граници“ тогаш бевме на пристојното 34-то место, денес сме некаде под облаците близу стотка, а според „Фридом хаус“ една од најмеродавните светски медиумски асоцијации со најиздржани оценки и ранг листи, 2006 година кога Груевски ја освои власта бевме на 98-мо место во светот, денес по шест години сме на 115 место. Ете со овие веќе познати податоци им го честитам 3 мај денот на независноста и слободата на медиумите, пред се' на колегите новинари, главните уредници, сопствениците на медиуми, на македонската критична и интелектуална јавност. Максус селам, посебна честитка до премиерот Груевски и претседателот Иванов за големите достигнувања откако ја ставија слободата на новинарството во нивна работна обврска. Во иднина, малку нека заборават на тие напорни ангажмани, нека на се претргнуваат со работа. Може така ќе ни биде поарно на сите.


Статијата е прочитана 5235 пати.

Испрати коментар



Нека ни е честит денот!
Факторот анархија во Сирија
Невидлива инфлација



граѓанин, 04.05.2012 00:24:22
Се покажа дека сите комуникации и со вас новинарите, и со синдикатот, и со стечајците, и со противници на контраверзни проекти (на пр.велешка Топилница, откуп на тутун, вино, ), и со македонска јавност и со ЕУ - се крајно неискрени. Само декларативно парадрирање со фрази и лажни ветувања без ни најмлала намера ветувањата да се исполнат.
melbourne, 04.05.2012 01:50:10
Nema da zaboravat,a posebno ne premierot,zosto toj tocno znae so kogo zaedno ja dobi bitkata protiv Buckovski.Premierot znae deka ako gi ispusti mediumite od svoi race vo rok od 7 do 14 dena ke bidi mnozen so nula(za zal).
USA, 04.05.2012 02:01:22
Vladite doadjaat i si odat spored zelbata na glasacite. Vo novinarstvoto, se menuvaat sopstvenici na mediumi ( levi ili desni), no novinarskata ekipa ostanuva ista. Kako edna drzava moze da go slusa narodot a novinarite NE mozat ili NE sakaat. Baram objavuvanje na FORMULATA kako se rangira SLOBODATA NA PECAT i koj, so ime i prezime, a ne zatskrieni zad nekakvi si organizacii spored koi muslimanskoto bratstvo go rangira vo demokratsko dvizenje. Logika??
bivshi struzanec, 04.05.2012 05:15:59
maestralno voice of reason . Samo za kogo Erol. Cuvaj se te molam, zosto izgleda uste ti im ostana kako trn vo oko
Ljubotan Trade Name, 04.05.2012 05:24:04
E moj stari poznaniku, se umoriv citajci ja tvoaava kolumna. i, pored zamislata Ti bese ubava,ama ja razvlece do dosada.Za mene ,a moze bi i za istoristika kolumna zurnalistika. ;Arthurd,,Art Buchward ostana najpoznatiot Kolumnist,negovite Kolumni ne bea podolgi od Dva-trinaesetina reda..Toj ,,Art bese mnogu pati vo Kolumna za BG Politika,kako poslastica;Na kratko-kuso , Art bese Pravovremeno,Ubitelno,Sarkasticno,Aktuelno i lesno --efektivno vlianie na citatelskata publika! E, i Toj me nauci ,da bidam eden od niv. Zatoa na mojot site imam preku 2 milioni posedtiteli .,
ФЕЛИКС, 04.05.2012 08:12:41
Има едно изместено правило во медиумската сфера кое и авторот слепо го следи. Одработувачите медиумски за власта да ти биле за осудување додека одработувачите за опозицијата да ти биле ептен независни. Значи ептен е независно кога одработката за опозицијата се преточи во пратенички мандат и да биде примен во редовите на налогодавецот. Па имаме светли примери како тоа се обезвреднува сопствената држава по Бриселски панел оговарања,па имаме медиумски платформисти кој дебело одработуваат за јужниот сосед и т.н Едноставно авторот еднонасочно ги опсервира работите,место јасно и гласно да се испорача осуда на сите медиумски одработувачи,што би се рекло коленичење и пред власта и пред опозицијата.Само таква внатрешна катарза новинарите ќе ги ослободи од политичката зависност и нормално лукративноста од одработката да се батали.Да се нема она легендарното,,не оди Бранко на вонредни избори,, но и глорификација на власта да е ептен способна.
Istocna Makedonija, 04.05.2012 08:22:57
Pocituvan Erole,ubedlivo ,,najrascerecenod novinarive tranziciski politicar vo Makedonija e kontroverzniot Ljubco Georgievski,koj bese mavan i vo vreme na konfliktot 2001 godina. Potoa,Branko Crvenkovski i.t.n.Ne treba da se bide ekspert,ili analiticar za da se prognozira koj ke bide na tapet vo perspektiva.Trkalo e!
Meto, 04.05.2012 08:25:43
Prvo gi spomna politicarite pa se svrte na Gruevski. Uste koga vidov deka ti go pisuvas komentarov jasno mi bese se ama aj da vidam sto toa umno imas da kazes. Se ispostavi deka kako i sekogas covek gubi vreme koga te cita i nisto poveke. Samo nakratko: i CNN da bese so tolkava pronevera ke ja zatvorea a ne A1 i Velija koj mediumskiot prostor go svakjase kako kvantaski pazar za da prodava zarzavati i da gi zakrpi site koi sorabotuvaat so nego. A ti siromav ne mozes da go prebolis. Cudno mi e najblago receno. Tokmu zatoa, zasto go izgubivte ona profesionalnoto vo vas, tokmu zatoa galamite kako nemalo sloboda. Sloboda ima Erol. Nema tezgi. Ima samo vrakjanje kon ona sto se vika profesionalizam i toa nema da se promeni. Placi kolku sakas ama toa e toa
Jordan, 04.05.2012 09:05:02
Ako novinarstvoto e pod pritisok na vlasta koj ti brani tebe da pisuvas!Kakvi se gnasotii imas napisano protiv vladata na Gruevski , protiv Ivanov , protiv Makedonija!!!
До Фаликс, 04.05.2012 09:42:21
Уште да објаснеше зошто тие на Запад им веруваат на „оговарачите“ а не на Мирка Скоевка , Латас Пусулче , Миленко Кримос , Јанко-Бурек и Томиќ-Национале
Gruevski i Papata, 04.05.2012 10:14:38
E moj Erole! Togas koga si se izraduval na izjavite na Gruevsjki i si poveruva vo niv, toj bil mlad i seuste vlasta ne mu bila udrena vo glava. E sega se drugi vreminja. Toa me potsetuva na onaj vic so Papata. Koga eden Papa poradi starost skroz izlapel, dva kardinali komentirale deka navistina ne e redno Papata da ostane dozivotno na funcija i edniot rekol: Koga mene bi me izbrale za Papa , jas ce potpisama izjava deka se povlekuvam od funkcijata ako mentalno izlapam . I bi taka . Posle smrta na Papata, go izbrale tokmu nego i istiot pri stapuvanje na dolznost ja potpisal izjavata. Koga ostarel i mentalno izlapel drugot kardinal mu ja dostavil izjavata za negovo povlekuvanje. No papata odgovori. : Ma ostavi togas sum bil mlad i zele i ne sum znael sto sum potpisuval , a sega sum Papa. I si ostanal Papa.Tak i Gruevski . Togas bil mlad i zelen i ne znael sto kazuva a sega e premier i si odi na laf-muabet kaj Janko i Milenko, edinite perjanici na nezavisnoto novinarstvo vo Makedonija.
Hari, 04.05.2012 10:17:49
Ti gi citam komentarite ako moze taka da se narecat tvoite obidi da se opravda diktaturata na DPMNE, i se prasuvam dali voopsto ima granica gluposta,poniznosta i poltronstvoto....
Кераунос, 04.05.2012 10:47:28
Чудо е Ерол како за се што пишуваш си во пр аво што за Феликс и доста други како негоно ако не отров,тогаш претставува многу горчлч лива напивка.Очекувам и понатаму да го кори стиш св ојот ум и интелект во критиката на власта зошто без исклучок тоа го заслужија сите влади до сега.последнава,за жал,покрај криминалот,со којја надминува и предходната влада,шампион е и во практикување на тотал итарност опишана кај Орвел или како оној ро ман Io el supremo(Јас врховен)во кој е насл икан еден Јужноамерикански ДИКТАТОР.Нека Феликс ги прочита рома двата романа.
До Феликс, 04.05.2012 11:34:40
Госп Феликс, или мачор, како те викаат на галено, од кога тоа и каде си видел, освен во диктатури, одговорноста за состојбите во државата да ја делат подеднакво и власта и опозицијата. Па во цел свет се критикува валста, оти таа е центарот на моќ. Таа според законите и уставите ја има најголемата одговорност за вкупните состојби бидејќи сите механизми на владеење ги има во свои раце. Одговорноста на опозицијта е во делот на сопствените постапки и начинот на критика на валста, во делувањето во парламентот и се разбира во почитувањето на законите во државата. А, ти како веќе истрошен вмровски пропагандист, тресеш зелени. Време е да те однесе бранот.
baltazar, 04.05.2012 12:42:54
Ne da go branam Feliks ama koga se ima nesposobna i nekadarna opozicija vlasta e tokmu sprotivnoto od toa sto se zaludno trudi da go objasni -ovoj do Feliks.Kako naravoucenie ovie od opozicijata ne gi biva nikako vlast(da e skraja) nitu kako opozicija.Po se izgleda toj ne cul za ,,korektiv na vlasta,,I koga se ce se sumira opoziciskata zabokrecina ni kombinacija od tajfuni, El Ninjo,tornada i cunami ne moze da gi pomesti a kamoli pak da gi branuva.
Libertarian, 04.05.2012 13:24:59
Interesno e deka mediumite se glasni pobornici za sloboda na mediumite a istite gi cenzuriraat komentarite od citatelite i ne nudat direkten email kontakt so avtorite na tekstovite. Sto e razlikata vo odnos na drzavata ako vesnikot ne prifaka poinakvo mislenje od toa sto urednikot saka da go promovira.
seirdzija, 04.05.2012 14:40:05
Erol,vistinsko uzivanje e da se procita tvoja kolumna,ama uste pogolemo uzivanje e da se procitaat odredeni(redovni)komentatori od tipotjas placam danokkoga idam u prodavnica...hehehe...Posebno interesno mi e sto na moi neobjaveni komentari vo Dnevnik,mozam da gi procitam svoite zborovi vo komentarite na sugavoto mace,vo isprevrtena forma....na pr; ona so gumeniot cekic....i to!
pero do jordan, 04.05.2012 15:50:01
Браво Јордане чисто и јасно на неблагодарниот и нереалниот Ризанов којшто смртно е заљубен во комунизмот и во пензионерот Бранко кој доби само со најголемата лага ОД СЕКОЈА КУЌА ПО ЕДЕН ВРАБОТЕН.Срамотааааааа.......
Ајван Доктор®, 04.05.2012 17:23:20
Ех,Ероле!Она што сакал да ви го порача Гwујокио на собирот на тркалезната маса е тоа дека секој има право на негово мислење - и никако поинаку!Секој оној кој ќе критикува,веднаш станува непријател,сомнителен,соработник и платеник на странски служби,гркоман,србоман,бугарофил...палетата на залепени етикети е перфидно и софистицирано ускладена со преродбеничкиот карактер!Ако не размислуваш како нив,веднаш си СДСМ-овец,опозиционер и соросоид,а сето тоа е еднакво на предавник на националните интереси!Оттаму,нема врска што „националниот интерес“се пресметува во тони и метри бронза,јонски и коринтски капители,псеудобарок,наместо во развој на економијата,индустријата,земјоделието,уметноста,културата...Под култура,подразбираат само спорт,а под уметност,само она што можат описно и наративно да го разберат!Примерот го имате од Жена парк,преку триумфалниот капиџик,до плоштадот!Немој случајно да сте се осмелиле да го споредувате со Нерон!Нерон барем глумел главни улоги,не бил компарсерија!
respekt, 04.05.2012 17:42:57
Во текстот критички се опсервира состојбата со слободата на говор во Македонија ДЕНЕС..Оттука, сите коментари треба да се фокусираат на таа зктуелна тема, со свои видувања и аргументи. А што ни се случува, како да сме на предизборна кампања. Овие платенициве од ДПМНЕ како Феликси испагаат и труба0050т на цел глас демек еднонасочно е размислувањето дека државава ни смрди ДЕНЕС а не се спомнува дека и пред шест години смрдела. Поздрав до Ерол и секоја чест.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |