Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.05.2012, 17:36

Поглед

Невидлива инфлација

Маја Томиќ

Платите дојдоа во брутален расчекор со цените. Додека сите се чудат како да го преживеат месецот со 200 евра плата, колку што земаат најголем број вработени, цените растат ли растат... Поскапува се', и храната и услугите и другите трошоци. Секое одење во продавница за храна е ново ценовно изненадување. Зачудени се и самите продавачи кои велат дека секоја нова пратка е со повисока фактура. Толку често лепат нови цени на производите што веќе ретко кој успева да направи разлика од вчера или завчера, но многумина паметат колку нешто чинело пред 20 - 30 дена.

На многу граѓани им стана секојдневние животот со полупразен новчаник. Таа категорија е во постојан пораст, исто како и цените. На загрозената група се придружуваат студенти, пензионери, невработени, стечајци..... Но, за жал, како да се препуштени самите на себе бидејќи државата не може да најде одговор на бранот од ценовни зголемувања.

Засега единствениот одговор на државата е дека инфлацијата е во прифатливи рамки. Но што можат да значат 2, 3, или 4 проценти во потрошувачката психологија, кога со стапнување во продажните центри станува јасно дека инфлацијата галопира. Денес една цена, утре друга.

Пазарат ли, купуваат ли воопшто владините функционери, пратениците и сите оние што на еден или на друг начин припаѓаат на политичката елита? Како не можат да го забележат хаосот од цени и како е можно таа ситуација да не ги мотивира да интервенираат и да го заштитат стандардот. Еден директор на јавно претпријатие кога го прашаа дали му пречи скапотијата збунето одговори : „Не знам, јас не купувам, тоа е обврска на жена ми“. Но, и зошто би имале некаков проблем околу тоа министрите, директорите, банкарите, јавните и државните службеници. Што знаат тие како се живее со 200 евра месечно. Нивните плати имаат уште една или повеќе нули.


Статијата е прочитана 937 пати.

Испрати коментар



Нека ни е честит денот!
Најголемиот проблем
Факторот анархија во Сирија



Istocna Makedonija, 04.05.2012 08:16:22
Taka e ,kako da se prezivee mesecov so 200 evra plata.Malku se i za komunalii,ima za malku leb i sirenje i tolku za ceticleno semejstvo.A,sto da kaze armijata na stecajci,t.visok,socijalci,koi se bez plata?!
Biser izjavi i siromastijata, 04.05.2012 11:22:57
E ajde de toa kazete mu go na Stavreski! Toj uporno i vcera pred Komisijata za budzet tvrdese deka inflacijata se drzi vo planiranite i kontrolirani granici!? A za toa toj direktor sto izjavil deka ne znae i deka zena mu pazari e sitnica prema ona procuena izjava,na pratenicka so plava krv , Dulic, Koga ja prasaa okolu skapotijata ,standardoti siromastijata , odgovori deka taa ne e obicna gradnaja i ne moze da dade odgovor. Verojatno se cuvstvuva kako grofica. i toa rezil grofica!Eh mori zemjo Makedonska sto se krepis da cekori po tebe.!!!
Gordan, 04.05.2012 13:18:18
Pozdrav do avtorkata so poraka da sfati deka drzavata i nejzinoto odnesuvanje e problemot i iluzorno e tamu da go bara resenieto (citat: drzavata nema odgovor na branot poskapuvanja). Koga nekoj ke se zadolzi so novi 250-300 milioni evra i tie ke vlezat vo sistemot normalno deka cenite ke rastat. Poveke pari za ista kolicina proizvodi. Pazarot sam ja naogjat ramnotezata, drzavata e problemot. Gledam deka nikoj toa ne go razbira i zaludno ocekuvaat izvorot na problemite da bide i resenie na istite.
delcevec, 04.05.2012 13:39:16
koi 200 evra. prasajte gi tie sto teraat mesec bez denar a so dve mali deca.
kukuriku, 04.05.2012 15:39:37
Vlasta ja krie vistinskata inflacija kako zmija nozete,i toa e sosema razbirlivo.Ako se prikaze vistinskata inflacija,koja patem receno e mnogu povisoka od zvanicnata,vladata bi se nasla vo mnogu teska polozba.Togas ke treba prvo sprema zakonot za usoglasuvanje na penziite istite da gi pokaci,istoto vazi i za platite vo administracijata kade i onaka ima ogromna prevrabotenost.Istoto vazi i za nacionalnata valuta koja sekojdnevno se obezvredua i pokraj fiksniot kurs sprema evroto i taka natamu,i taka natamu.No narodnata pogovorka veli,vo lagata se kratki nozete i vistinata izleguva na videlo koga togas i od toa nema beganje!!
molim te Gospode ne da bidam pop tuku pratenik, 04.05.2012 23:12:43
E ne znaat pratenici a kako da znaat koga platata im e deparlak a rabotata popolnuvanje na zdodevnoto vreme ...Gledajte sekoj den vo parlament dvajca bez trojca samoo prazni stolici a i prisatnite citaat vesnici i zongliraat na telefoni...Sekoja cest na izuzeci...ama se retki !!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Среда
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |