Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.05.2012, 17:05

Го нема оружјето со кое е пукано во жртвите

Недостига еден од клучните докази, но Јанкулоска уверува дека и без тоа, имаат цврсти докази против уапсената група

Горан Адамовски



Во големиот арсенал оружје што е запленет по апсењата на групата осомничена за убиствата на петмината рибари кај Смилковското езеро, ги нема двете автоматски пушки и пиштолот со кој што беше стрелано во жртвите, потврди вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Вештачењата во МВР покажаа дека недостига еден од клучните докази за истрагата, но надлежните уште пред неколку дена најавија дека и без оружјето, имаат цврсти докази дека егзекуцијата на недолжните скопјани го извршиле уапсените исламски радикали. Цврсти докази виде и Обвинителството, кое најави дека ќе побара максимална казна, односно доживотен затвор за сторителите на убиствата.

Премиерот Никола Груевски, коментирајќи го протестот по апсењата на осомничените, завчера рече дека „наскоро ќе почне судската расправа и ќе се обелоденат доказите“.

„Луѓето ќе разберат дека станува збор за сериозни докази. Не станува збор за етничка работа, затоа што убиство е убиство, независно кој го извршил и не може да се оправдува“, изјави Груевски.

Во меѓувреме, продолжува собирањето материјали, кои можат да помогнат во докажувањето нивна вина. Со помош на Интерпол и службите од регионот, се очекува лоцирање на двајцата бегалци, Алил Демири (27) и Африм Исмаиловиќ (32), осомничени дека заедно со Агим Исмаиловиќ (33) стрелале во жртвите. Потоа, со помош на Фејзи Азири (54) и Рами Сејди (24), побегнале во Косово. Каде се тие - се' уште не се знае. Медиумите на албански јазик објавија дека Демири се наоѓал во Шпанија, и наводно, при контакт со семејството, рекол дека не е виновен и оти ќе се врател во земјава за да го докаже тоа. Од МВР, велат дека ако е точно дека се криел во Шпанија, тогаш го охрабруваат Демири да се врати во Скопје и да се соочи со доказите за негова (не)инволвираност.

Во морето шпекулации, се' погласни се гласиштата дека групата планирала напади и врз други објекти во Скопје, наводно биле најдени и скици, но властите повторуваат дека во овој дел од истрагата не можат да коментираат дали има вистина во тоа. Молк и околу прашањата колку време било планирано петкратното убиство кај Смилковци, односно кој ја помагал финансиски и лобистички дваесетчлената група осомничена за тероризам.


Статијата е прочитана 3057 пати.

Испрати коментар



Терористите побараа Македонија да се повлече од Авганистан
Сарач
Охис и железничарите денеска на штрајк
Слуги на лагата или на вистината



jole, 07.05.2012 01:41:35
ne gi podgrevajte odnosite i ne pisuvajte gluposti.ostajteja policijata da si ja zavrsi rabotata.ako situacijata izlezi od kontrola vasite deca ke ginat po frontovite.ostajte ja politikata nastrana i uzivajte vo mirot sto go imate oti ako vie novinarite ostanite prisebni ke bide dobro ako ne vojnata ne demni a nikoj nema da bide posteden ovaj pat.
Mihailo Apostolov pravnik Malme Svedska, 07.05.2012 03:41:37
Jas nemam uvid vo toa za kakvi cvrsti dokazi se raboti i kvalitetot na istiite. No toa sekoga{ nee dovolno za da sudot osudi nekogo za ubistvo. Zatoa sto dokazite treba da bidat 100 postotni i nesoborlivi. Toa se za mene kako pravnik ,,cvrsti dokazi. Ako imate DNA sto gi vrzuva izvrsitelite so ubistvoto, odpecatoci od prstite na nekogo, ako go imate oruzjeto so koe e izvrseno ubistvoto toa se cvrsti dokazi. Vo protivno rabotata stoi idimi-dojdi mi. Scenarioto od Rastanski lozja za ,,efikasnosta na policijata na nikoj poveke vo Makedonija ne mu e potrebno. Zasto ja pogoduva Makedonija i Makedoncitene ne samo na nacionalen tuku i na internacionalen plan. A za posledicite od edna takva katastrofa nejkam, ni da pomislam. so pozdav i pocit do site gragjani na Makedonija.
neron, 07.05.2012 09:16:08
da da dokazi.. koga vi trebalo da imate dokazi protiv nevini albanci.. nikogas.. nauceni ste da kaznuvate taka bez dokazi..a koga veke taka kaza ministerkata, toa znaci bez razlika sto misli sudot.. taaa taka veke gi osudila tie odnosno osomnicenite.. pravna drzava.... NE....
arta, 07.05.2012 10:19:57
Mozebi oruzjeto go frlile vo ezeroto, bi bilo rizicno da go ponesat so sebe po grozomorniot cin
zapad, 07.05.2012 10:36:34
na zpad samo plan da imat za terorizam kako tie skici dozivoten zatvor e predviden..a oruzjeto za sto go cuvale gulabi da strelat???
Mitre na Lenka, 07.05.2012 10:59:15
a ,proverile li vo ezeroto da ne e frleno oruzjeto?
suze, 07.05.2012 13:42:47
Па оној Босанецот го осудија доживотно затоашто имал терористички планови врз Америка,а за овие нашиве,што убија петмина треба да се има 100%докази за да се осудат?Еј,каде е тука логиката?
sara, 07.05.2012 14:35:42
abe edne albance c da recese - ako se vinovni neka platat !!!!!! se neviniz zrtvi glumat i nikako da prifatat odgovronots - pa ke ima drzva ako ti ti pridoneuvaat do redot i mirot i zakonot!!! na nevideno odlucile ne se vinovni i dokazite ne cinat??? ili po navia - za niv nema prvda nikogas zoto ne im odgovara - koga se naoruzvaat, koga krijumacrat , koga pravat s ei sesto ne ziveam cvo makdeonija ma ne sum videlo vakvo glumeneje na nacionalna osnova a odgovornost? zaboravate deka mldi leg be a ubieni.
koki, 07.05.2012 16:47:36
Ме јаде јанза дека Преродбенициве ќе ја укашкаат работава...........
Poznavac so zivotno iskustvo..., 07.05.2012 17:36:10
Cel zivot gi sledam i analiziram kako rabotaat protiv Makedonija, organizirano i dgovoreno Kacacite/Balisti (sega UCK) zaedno so VMRO-MPO (sega VMRO DPMNE MPO) so konci od Bugarija, ALbanija i mentori od SAD ! Samo Zakon za zastita na drzavata: Zakon protiv Etnicko Cistenje i Genocid! Zakon protiv zlostori i dela pobudeni od etnicka ili verska omraza za koi NEMA AMNESTIJA i vo zavisnost od deloto e predvidena i SMRTNA KAZNA se lek koj od ovoj moment pa natamu moze da ne kurtuli od pogolemo zlo. Deka omze da bide i beter voopsto ne e vo prasanje, a vlasta ako ima seriozni planovi za idnina na drzavata mora da go stori gornoto- vo sprotivno dokazuva deka e PROTIV drzavata a za svoi i nadvoresni interesi!
Saso, 07.05.2012 18:16:07
Protestite se sramota za albanskiot narod vo Makedonija, kako mozi da si gord kako albanec, da protestiras protiv tako nesto direktno zlo sto e napraveno protiv nevini deca. Sekoj civilisiran narod treba da se revoltira od toja i da pomozi da se najdad zlostorcite a ne da protestira protiv uapsanjeto na zlostorcite. Ako e pravilno bi trebalo site makedonci da protestiraat protiv ubistvata, albancite, i albanskiot ponesaj vo ovaj slucaj. Da bea albanci decata ke imase protesti i tepacki sekoj den. Sram da vi e, takov narod ne i treba na Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |