Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.05.2012, 16:54

Мислења

Боговите ги убија во теме

Арсим Зеколи

По спектакуларните апсења на „радикалните исламисти“ и тивкото ослободување на голем број од нив, дилема е дали оваа Влада бараше мотиви или злосторници?

Следејќи ги петочните протести, се запрашав колку од тие млади лица со зелени бајраци во раце и арапски повици врз усните слушнале за ЦРС - Католичките Служби за Помош, чие присуство во Македонија годинава ја слави својата дваесет-годишнина. Не верувам дека многу, иако би требало да знаат, бидејќи благодарение на оваа Американска католичка хуманитарна организација, но и мудроста на тогашниот и сегашен Претседател на ИВЗ Сулејман Реџепи, многу од нивните родители во раните 90-ти добиваа хуманитарна помош во храна, школска опрема, дрво за огрев. Илјадници граѓани на оваа земја, вклучително од исламската вероисповед, но и илјадници бегалци од Босна, Хрватска и Косово, преживеаја и ги израснаа своите поколенија благодарение на десетиците милиони долари од верниците на Католичката црква и американските граѓани, донирани за спас на таму некои непознати луѓе, од друга вера или нација.

Кратенката ЦРС денес бледнее на кутиите фрлени по подрумите и таваните, бледнее и сеќавањето на моите драги пријатели Џенифер, Лиза, Сара, Бруно, Дезире, Роберта, Тино, Хајке, Франческа. Недоволна е и мојата лична благодарност до овие луѓе за се' што имаат сторено за луѓето од ова поднебје и за тие млади лица кои денес не се ниту свесни дека многу од нив би имале сосема друг живот, да не беа тие мали подароци дадени во име на екуменска човечка љубов.

Но да се вратиме на траорната денешнина во која жртвите и нивните блиски како да се фрлени на страна и чија трагедија како да е повторно искористена за краткорочни политички триумфалистички поени. После спектакуларните апсења на „радикалните исламисти“, пред камерите, и тивкото ослободување на голем број на истите, се наметнува дилемата - дали оваа Влада бараше мотиви или злосторници? Судејќи според редоследот на настаните впечатокот е дека фокусот бил врз мотивите, иако ефектот и веродостојноста на целата истрага би била поубедлива и потешка за манипулација доколку фокусот би се засновал на факти со која би се докажала директната поврзаност на злосторот. Оттаму, обвинувањата за радикален исламизам како мотив се можеби медиски „секси“, но во отсуство на конкретни факти и докази, таквиот приод ќе резултира со дополнително јакнење на манипулацијата на религиските децибелажи во јавноста кои потполно ќе ги заглушат аргументите на истрагата.

Затоа, од пиетет кон убиените и нивните семејства, да ги сочуваме овие последни атоми на надеж дека надлежните ќе најдат сили во себе да си ги средат приоритетите и ги посочат убијците според криминалистички и судски докажаното, наместо да се анимира и замајува јавноста според политички или националистички посакуваното. А доколку истрагата покаже и докаже дека зад убиствата стојат навистина лица инспирирани од „исламски радикализам“, наместо протести и арапски пароли посоодветно би било да се примени исламскиот суд за екскомуникација од верата, наречен „надвор од Исламот“.

Но, од друга страна не може да се премолчи пежоративната манипулација на религијата од страна на некои политички партии кои упорно го злоупотребуваат исламот за добивање поени преку градење имиџ на некакви си заштитници на христијанството. А воедно молкум преминуваат преку отворени изблици на христијански фундаментализам и неказнета омраза кон муслиманите, со што само потврдуваат дека кај нас има премногу религија и премалку вера, премногу Исус и Мухамед а многу малку Господ Бог.

Впрочем, каква е таа демо-христијанска политика која премолчува, толерира и дури индиректно финансира порнографски изблици на омраза како што можевме да видиме во Вевчани? Што е христијанско во толерирање на повиците за небаре величање на дејствата на еден Брејвик или повикување на смрт на луѓе поради различно мислење? За жал, таквиот однос кон духот на христијанството не може а да не не' потсети на една позната песничка од едни други времиња – „петокрака са пет рога / боримо се против Бога / не боримо се против Христа / Христ је био комуниста“.

За разлика од Албанија и Косово, некои од Албанските политички партии во Македонија се декларативно национални, но оперативно длабоко поврзани во флерт со религијата, чиј биоритам го добива својот зенит пред секоја рунда избори. Таквиот флерт за грст гласов�� од најсиромашните и лесно манипулативни слоеви на општеството сега полека се заканува да премине во тупаница усмерена против идентитетското и политичко ткиво на албанското општество. Впрочем, иако манипулативните идентитетски игри главно се врзуваат за Македонците, вистината е дека своевремено или уште порано таквите манипулации се имаат појавено и кај Албанците преку квази-интелектуалните тврдења за некакво си „мнозинство на идентитети на Албанците во регионот“, зад кое всушност се затскрива чисто профитерски проект за контрола и манипулација со гласачите Албанци и нивното држење во сепаратно идентитетско трло базирано врз албанство и ислам.

Таквиот „научен“ приод, комбиниран со слаби политички, образовни и културни институции, растечка корупција, криминал и непотизам, во пракса доведе до јакнење на религиозниот сентимент, на сметка на националниот идентитет на Албанците во Македонија. Оттаму, присутната гласност на Исламот не е резултат на некаква предодреденост на Албанците кон верата, туку е резултат на руинирањето на етиката на Албанската политичка кауза од страна на нејзините претставници и нивната слепа лично-профитерска опседнатост со пари, моќ и сила - по секоја цена.

Свеста за влијанието на религијата е присУтна кај сите Албански политички партии, кои својот флерт (не)успешно го прикриваат со декларативно величање на православни Албански дејци или колнење во Мајка Тереза, додека пак на терен шуруваат со припадниците на бизнис-исламот во борба за обезбедување изборни гласови. Со други зборови, краткорочниот политички де факто интерес надвладува над декларативната де факто маска.

Но иако не треба да се потцени, сепак влијанието на исламот врз националниот идентитет на Албанците е во постојан, дури рапиден пад, благодарение на јасниот и недвосмислен службен, политички и медиумски став од страна на Албанија и Косово како пиемонти на националната албанска свест, но и на помладите генерации кои иако ја култивираат етичката компонента на Исламот како интимна определба, одбиваат истата да ја прифатат во политички или национални рамки. Од територијален аспект, влијанието на политичкиот Ислам е се' уште присутно во Скопје и донекаде во Куманово, и тоа поради крајно лошата економска состојба. Но и во нив се чувствува забележителен пад на влијанието и раст на свеста дека и религијата е бизнис, од кој богатите се богатат уште повеќе а сиромашните се осудени на клечење.

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.

 

 

 


Статијата е прочитана 1409 пати.

Испрати коментар



Писма - Авантура од Долно Лисиче до Горно Лисиче
Писма - Дебелите маршираат на ТВ
Писма - Митот за откуп на земјиште од 1 евро
Исламот во Европа



jovan, 07.05.2012 00:44:45
Ona sto go vidovme na protestite bese poveke od jasno za sto se raboti.Smesno e da se baraat opravdanija.Za prv pat vo svetot, radikalniot islamizam istapi vo odbrana na ubijci.Toa go vidoa i svatija site.Pa i Americancite.Dali nekoj gi namesti Albancite da se izglupiraat na ovoj nacin, e drugo prasanje. Pravdanje nevredi.Eve da ja zememe i drugata teza, deka uapsenite se nevini.Zarem ovaa Vlada, ili bilo koja druga, bi rizikuvala takvo nesto?Pa i ako ispadne taka, ne samo sto Vladata preku nok ke padne, nego i Makedonija preku nok ke ja snema.Toa e pregolem rizik, za da si igrame igracki i mestime nevini luge.Nego gluposta si ja svativte i vie, pa se trudite nekako seto toa da go revitalizirate i opravdate do nekade.No kasno e.Sto se odnesuva do Vatikan(si spomnal CRS), na zapad veke ne e tajna deka se somnevaat vo Vatikan deka e vo*bliski odnosi*so Al-Kaeda, so cel zapadnoto Hristijansko naselenie od strav od Islamot se vrati kon crkvata.Na zapad crkva, nikoj ne ferma, pa Vatikan e z
граѓанин, 07.05.2012 01:03:34
Го спомна Вевчани, годинашните порнографски изблици на омраза и се сложувам дека тоа не е според демохристијанските принципи (иако карневалот е пагански). Сакам да прашам дали и што пишува во Коранот за проституцијата? На протестот на Албанците беше изразен и револт затоа што маж полицаец претресувал жена (инаку на влез во САД неретко и соголуваат сомнителни). Знаеме дека со години проституцијата цвета во реони со мнозинско албанско население. До сега не видов, ни граѓански ни верски протест од муслиманските верници за искоренување на оваа не баш религиозна појава веројатно спротивна на принципите на Исламот, а протестираат за оправдана полициска контрола при која полицаецот -гарантирам- немал никакви еротски намери ни мисли. Драги албански сонародници, запрашајте си ја совеста - каде е тука искреноста?
dobro utro, 07.05.2012 08:05:01
Perfektno, aplauz.
tatsist, 07.05.2012 08:15:58
Prashajte go Eshtref Aliju shto misli za radikalniot islam.No sepak mislam deka e najdobro samite da go reshite problemot ,dodeka ne metastaziral,ili da chekate drug da go reshava.Za dobroto na site.
mladina, 07.05.2012 09:45:10
Mi se dopagja naslovot na tekstot...Vo nego se e raskazano! -se sekavam deka imase i eden film sto se vikase vaka(ili bese taka preveden ?) -So shiseto CocaCOLA sto pagja vo Afrika od avion:) pravo Vo teme...i tepacka nastanuva za nego,vo celoto pleme... Za zal mladite,vo Makedonija bez razlika na verskata opredelba,se brutalno izigrani od site strani: ubieni,povredeni,obespraveni i navidum Slobodni!a ostaveni da bidat necii,papagali Pocit kon Vas (citateli,izvinete me,za sporedbata)
Ништо не сте разбрале, 07.05.2012 12:45:24
Госпоѓата Јанкуловска која постојано вергла флоскули за „законските процеси“, овој пат БЕЗ ДОКАЗИ И СУДСКА ПОСТАПКА побрза да ги прогласи осомничените за „исламски терористи“. Тоа е НАВРЕДА за сите муслимани во Македонија, повеќе од една третина од целокупното население. ЗАТОА тие се кренаа на протест. Поистоветувањето на исламот со криминал е навреда за секој чесен муслиман. Муслиманите во Македонија не протестираат за криминалците туку ПРОТИВ КРИМИНАЛИЗИРАЊЕТО НА ИСЛАМОТ и неговото политизирање од страна на владејачките партии.
adnan, 07.05.2012 14:00:39
More Jovane ist tekst li komentirame pa kade vide opravduvanja u tekstot? Kade vide odbrana na ubijci, na protestite li? Pa kazi mi eden covek ili edna parola koja veli da ne se kaznat tie sto ubile. E pa nema da najdes bidejci nema takvi, ama ne da se pluka po religii i narodi, ej! I sto bre vidoa Amerikancite koga ambasadorot niven rece deka nemaat seuste videno dokazi koj go naprail ubistvoto.Ajde more Jovane, si ja zabegal rabotava ako vatikan suruva so al kaeda da ubiva hristijani. Pa taka i ja mozam da kazam deka al kaeda i naredil na nasata policija da apsat muslimani za da bidat so al kaeda. Ej bre so narod sme bile na balkanov samo filmovi si vrtime u glava.
Ana, 07.05.2012 14:44:07
Контроверзни теми и контроверзни ставови, тешко да се одлучи што е право а што криво. Треба да се разговора отворено и храбро ама не сум сигурна дека ќе најдеме одговор а изгледа ни писателот не се обидува да одговори. Би се сложила дека владата сака да ќари поени преку форсирање на верзии на радикален ислам без да даде сигурни докази. Да имаш брада или да носиш шамија не кажува ништо бидејќи и Миленко има брада аи баба ми си ја покрива главата. Но религијата станува се поприсатна од двете страни, и тоа треба да не загрижи сите а не да се впуштаме во приказни за ал каеди и ватикани. Сепак се се сведува на сиромаштијата. Ако ништо друго, почит за искреноста на авторот и еден од ретките обиди за балансиран пристап кон проблемите.
Niki, 07.05.2012 15:56:57
covekov se poveke mi se dopaga kako razmisluva i pisuva.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |