Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Граѓаните се виновни за се'!

Филип Петровски

За хаосот за пасошите, според МВР, виновни биле граѓаните. Не е лошо МВР да престане да издава пасоши. Да се здушиме сите тука и веднаш

Веќе се навикнавме дека се' се одвива со набиено темпо. Едни информации се појавуваат и веќе утредента исчезнуваат, заменети со афери, со пренасочување на интересот на јавното мислење. Еве два бисера на МВР. Сите знаете дека дури и во турско време, во 19 век, било полесно да се дојде до лични документи. Хаосот на шалтерите на МВР е нешто скандалозно и за државите во неразвиена Африка. И, кој бил виновен за тоа - ГРАЃАНИТЕ! Никој друг, туку граѓаните! Како не се сетив на тоа дека граѓаните се виновни. Всушност, ми се чини дека граѓаните се виновни за се'! Кој ги тера да вадат пасош. Што има да патуваат токму сега кога државата се преродува забрзано. Навистина е невоспитано од нивна страна да се туркаат на шалтерите како некаква стока. Во време кога се' е средено како „аптека“, според зборовите на Михајло Маневски. Боже, луѓе, можеби е време да ве прашам - каде сакате да патувате!? Кој ви дозволи?

МВР оваа недела тука не застана. Тие генијалци открија и зошто исчезнувале децата. Имено, улиците биле темни! Условите за живот биле под минимум. Оооооо! Какво божествено сознание. Мислам дека за ова треба да им се додели некаква награда за најдобра досетка, виц на годината. Шегата настрана, децата исчезнуваат, а министерката е во филмот на Монти Пајтон. Нешто не ми штимува. Или нешто на неа не и штима.

Во меѓувреме, нејзиниот шеф отвори нова индустриска зона. Зошто? Многу просто, за да не сме биле затечени кога ќе дошол инвестицискиот бум. Се очекувало да заврши кризата во светот и потоа ќе навалеле сите можни странски компании. Гледам и не можам да верувам. За четири години во Бунарџик има само две фабрики! Според таа равенка испаѓа дека имаме по половина фабрика на година. Тоа значи дека за овие две индустриски зони да се наполнат со фабрики ќе треба од 100 до 200 години! Се надевам дека Груевски не смета дека ќе биде на власт 200 години. Не знам дали не сфаќаат дека последниве потези што ги повлекуваат се трагикомични и дека никој веќе не верува во нив. Но, еве, за секој случај да се приклучам на повикот на Ден Дончев, објавен во овој весник, веднаш да започне да се гради и „Бунарџик 3“. За да бидеме подготвени не само за наредните 200 години, туку наеднаш да го решиме проблемот за најмалку 300 години!

Ова не е се' за оваа недела. Има уште. ДПМНЕ и СДСМ се препукуваа цела недела кој што приватизирал и кој колку украл. За на крајот да се договорат да се направи уставен амандман со кој би се продолжил рокот на застарувањето на спорните приватизации. За мене ова е прифатливо. Ако има криминално приватизирање, тоа треба да се провери и да се изнесат на виделина сите. Па, сепак, се плашам дека сето ова е само ЕПП за да му се додворат овие две партии на електоратот. Нешто како кампања без кампања. Не ми се верува дека ќе се оди на каква било ревизија на приватизацијата, затоа што со таков процес ќе се стигне до високите врвови на владејачките гарнитури, сегашната и минатата. Ајде да почекаме да видиме како ќе биде. По извесно време ќе потсетам во моите текстови до каде сме стигнале. Ама ако биде како со лустрацијата, немате причина да бидете оптимисти.

Посебно ако се има предвид дека во време кога власта зборува за некаква ревизија на приватизацијата, нејзините министри имаат и тоа како спорни ревизорски извештаи. Немаше до сега ниту еден извештај на државната ревизија кој беше чист. Констатирани беа милионски суми потрошени народни пари на сомнителен начин. За тоа се пишуваше многу. Јавноста бараше реакција. А такво нешто немаше. Премиерот не е од тука. Најверојатно и не ги прочитал извештаите. Што има да се заморува со такви ситници. Тој си има „таргет“: јавноста и Б.Ц.. Тоа, се чини, е доволно за да се оправда заземањето милијарди евра народни пари. Можеби е свесен дека се' уште добро функционира свртувањето на вниманието кон небитни и непродуктивни теми. Еве еден конструктивен предлог од мене до двете закрвени страни. Да не застаруваат по 20 години и ревизорските извештаи на државните органи. Односно, да си дадеме рок во наредниве години уште еднаш да ги разгледаме во детали активностите на сегашните и претходните министри. Не знам зошто, ама се си мислам дека нема да им се слуша за овие предлози на ДПМНЕ и на СДСМ.

Да се задржам уште малку на ревизиските извештаи. Премиерот и неговата екипа не само што немаат намера да реагираат на нив, туку сега си донесоа и закон дека нема зошто по ревизиите да се расправа во парламентот. Ако ова не ја кажува намерата јасно, тогаш не знам што треба да се случи во иднина. Според мене, овој потег најпластично ја опишува целата ПРЕРОДБА и НЕЈЗИНАТА ДИЈАГНОЗА. Цело време да се работи без скрупули на дезавуирање и замајување на јавноста, а истовремено да се амнестираат министрите од секаква одговорност.

Е, тука ја утнале. Голем дел од јавноста веќе алтернативно се информира. За да бидат успешни ќе треба да го укинат и Интернетот. Како, на пример, во Иран. Оти поинаку не е веќе можна информативна блокада. Она што нема да го говорат за ревизиските извештаи пратениците, народот може да го види на сајтот на државната ревизија (http://www.dzr.gov.mk). Истото тоа потоа со голема брзина се шири по други платформи. Не може да се скрие информацијата. Ценам дека многу е важно што е прочитана намерата да се кријат работите. Забранетото овошје секогаш е на цена. Ќе се запрашаат сега многумина зошто се инсистира на забрана за коментирање на извештаите. Нешто што не е воопшто својствено на западните демократии. Се разбира, затоа и беше реакцијата на ЕУ силна. Што е нормално. Гледаат луѓето дека овде полека полека работите забегуваат. А ние, всушност, сакаме да одиме во нивното друштво. Па, затоа и реагираат. Друго ќе беше ние да не сакавме да одиме кон тој свет, кон тие цивилизациски достигнувања. Ако се деклариравме јавно дека сакаме да бидеме тоталитарна држава, сама за себе сигурно дека немаше ЕУ или САД да ни зборуваат за некакви критериуми. Едноставно ќе не' заобиколеа. Нешто слично на заобиколувањето во контекст на сообраќајниците и енергетските текови, што е сега на дело на Балканот. Како што гледате, нешто посебно не не' притискаат во последно време. Се уморија. Сега имаат нова тактика. Да ги подигнат сите околу нас на ниво на нивниот стандард, па ако можеме сами и вака, верувам ќе не остават.

Така што не е лошо МВР да престане да издава пасоши. Да се здушиме сите тука и веднаш.

(Авторот e доктор по политички науки)

http://filippetrovski.blog.mk/


#
Статијата е прочитана 4658 пати.

Испрати коментар

Од: Tolku im seci umot
Датум: 17.04.2010 01:41:49
Filipe! Sto ti trebase vo tesktot da spomenuvas i aludiras na zabrani na izdavanje na pasosi i patuvanja vo stranstvo( pa i sto majka barame , koga pokraj S. Koreja sme najsovrsena i najpatriotska zemja), pa i zabrana na Internet( pa sto ce ni se informacii koga ja imame " Najsvetata kniga" Prerodba vo 100 cekori- plus nadogradena,a go imame i Apostolskoto poslanie na Grujo do site braca i sestri patrioti. Abe zarem ne gi znaes kolku im seci umot na Vlatko, Ilija i Bicikliski? Ovaa tvoja aluzija mozat da ja prifatat so voodusevuvanje kako merka za podiganje na duhot i patriotizmot kaj narodot. Pa seti se sto se predlagaa: Zabrana na abortusi, radjanje na mnogu deca,( onaa "kusoumna" pratenicka od Bitola, sakase direktno od govornica da ja otera Radmila na podroduvanje) pa diskriminacija i osuda na site homoseksualci, kako i na site onie koi poinaku mislat od niv. Filipe , ce ni doneses belja! So deca ne se srka mastenica .
Од: Normalen
Датум: 17.04.2010 02:30:41
Системот кој го градат преродбениците е многу близок до тоталитарните системи но подзаскриен зад плурализмот и пропагандистичкиот наплив на авангардност.Оваа власт води битка преку сите можни начини и со парите на граганите против опозицијата и за жал и со институциите на системот.Се прават напори и напори се да се стави под капата на фирерот.Вака држава не се гради.За жал сите тоа набргу ќе го сватиме но цената ќе мора дебело да се плати.Се надевам ќе ја платат и оние кои со оваа политика дебело се нафатираа ( читај се наполнија со пари).
Од: Mile
Датум: 17.04.2010 06:36:01
Ili Branko e kriv - ili gragjanite! Ne se pamti nekogas da bide problem vadenje pasos ili licna karta! Pa kade ima vo svetot (vo era na kompjutei) 3 pati da odis i 3 pati da se slikas posebno za pasos, posebno za licna karta i posebno za vozacka dozvola? = Samo vo zemjata na cudata RM. V
Од: Филипе, стануваш поголем папа од Папата!
Датум: 17.04.2010 08:01:44
Филипе, ти и Дончев станавте најголеми СДСМ-овци во Македонија. Само напред! Да видиме до каде може да се спуштите. Овојпат си се обидел да напишеш нешто за пасошите, Бунарџик и ревизиите. Сето збркано, само критики, плукања, иронија... Каде е твојот придонес? Што нудиш ти? Љубе Бошковски? Ха-Ха-Ха...Те молам, немој да не засмејуваш.
Од: marija
Датум: 17.04.2010 08:12:51
Da, Filipe, sosema si vo pravo, site ja slusnavme izjavata na ministerkata Jankulovska , deka za kidnapiranjeto na decata e vinovno toa sto ulicnoto osvetluvanje bilo mnogu slabo t.e decata bile od podracja koi bile vo mrak, pa dali e ova izjava na minister, kako moze da si igra so cuvstvata na roditelite na ovie deca, pa gospogice Jankulovska ne Vi kazaa vasite vraboteni koi zemaa izjavi od roditelite deka decata isceznuvaat srede BEL DEN?????????
Од: trajko
Датум: 17.04.2010 09:42:49
Potpolno se slozuvam so tvojot naslov. GRAGJANITE SE KRIVI ZA SE! Krivi se, zatoa sto POVERUVAA na site LAGI na VMRO-DPMNE pretoceni vo PRERODBATA vo 100 cekori, nadgradena i prosirena i GLASAA za niv i se IZLAZAA. Mesto PRERODBA, go DOPREA DNOTO, mesto leb dobija stap, mesto demokratija i EU dobija DIKTATURA!
Од: Викторија
Датум: 17.04.2010 09:53:27
bravo za nacinot na koj gi opisuvas sostojbite. hrabro i precizno
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:47:49
Со своите опсервации докторот ( нее повеќе докторант) на науки ми дава шлагворт за мои прашања и констатации.Имено како го коментира неодзивањето на судска покана на својот певлив лидер со мотивација да нее уредно поканет,а неговата сопруга е уредно поканета а замислете живеат на иста адреса, тоа прашање.Констатацијата да со избегнувањето на појавување го омаловажува државниот орган т.е судот.И на крај пак прашање ако вака се однесува во опозиција каки ли ќе се однесува кога сигурно ќе ја освои власта.Ова е паралела визави критиката за(не)почитувањето на ревизорските извештаи.
Од: Ванчо
Датум: 17.04.2010 12:07:22
Вакви кафански муабети, со тези кои му се јасни секому, најдобро се слушаат по кафаните во Дебар-Маало, после неколку ракиички. Филип Петровски добро знае што значи да си виновен - уште од времето кога ги поткажуваше своите колеги студенти.
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 13:01:25
rezultati nema toa e normalno koga na glavnite mesta sedat luge koi nosat casovnici od 25 000 dolari,ima rezultati samo vo derenje na sopstveniot narod so kazni,soobrakajcite sokrieni kako nindzi po patovite ripaat pred vozilata samo i samo da si ja spasat sopstvenata koza bidejki dnevno moraat da napisat minimum trieset kazni...situacijata e dovedena do rabot na propast megjusebe narodot nesaka da se vidi omraza glad e takva politika vodi MVR.kolku samo kriminalni strukturi rabotat vo toa MVR a posebno vraboteni 5-6 uprava za ovie 4 godini celiot dzgan od cela Makedonija pa zatoa i Skopje deneska lici na Bagdat samo feliks e kontra sega za sega on nije odavde.................OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: sale
Датум: 17.04.2010 13:22:48
uste e malku za (ne)kriticnata masa,sigurno veke ne im veruvaat na setilata
Од: Lilika
Датум: 17.04.2010 13:37:57
Aman veke od tebe .....tvojot poltronizam nema granici .. se poglednuvas nekogas vo ogledalo ...nema odraz , nema OBRAZ Filipe ....
Од: ilija
Датум: 17.04.2010 14:43:25
Додека пасошите се издаваа рачно, се беше ок и немаше цекање, дури вадењето без да факаш врска се издаваа ден за ден, а сег катастрофа, е па кај може ретард министер да го организира оваа, јас уште на 5 јануари бев за лк и сеусте не сум ја зел пет пати ме препракат од место на место, и сега чекам преродбениците да ми се јават со порака, така ми рекоа, за да си ја подигнам, ама да не веруваш. Како бре луѓе да одат работите кога мршојадци држат високи функции и ждерат народни пари, непријатели на македонскиот народец, кутриот македонец како уште да е под турско! Кога ке видам кој се станаа Вмровци да се чудиш и да не веруваш. Ај и оваа ке помине, на памперсите и дефинитивно им се гледа крајот.
Од: Македонија
Датум: 17.04.2010 15:02:15
Време е да дојде Војводата на чело на Државата Македонија која Тој ја створи.Друго се е излишно да се говори.Поздрав до Војводата!....Да се надеваме дека греовите веке ни се простени,нели живеевме најдобро во времето на Војводата и помирете се со тоа.
Од: Бато
Датум: 17.04.2010 16:03:46
Да Филипе ние граганите сме „guilty„ до гуша, кога после две години им дадовме мнозинство и уште четири години власт за НИШТО.Добро вели министерот Маневски се` е како аптека ,ама како Гратски аптеки. А децата што исчезнаа ЕВН е крив зошто биле неосветлени улиците, дење исчезнуваат, а се баараат наредниот ден ноке. Нека не застаруваат извештаите ревизорски на ДЗР,а после секому според заслугите и според големината на куферите. Па и нетреба да се дебатира на парламент за ревизорските извештаи, зошто уште малку и во селата ќе има интернет па лугето во селата ке имаат тема за разговор за дијагнозата,Преродба а терапијата ПОЛНИ ДО ВРВ.Пријателите од САД И ЕУ веке почнаа да не оставаат на раат зошто не да се уморија, туку папсаа од чудење.За стандардот се гледа по инвестициите во соседните земји по глава на жител во споредба со нас А пасоши нема. За едно два до четири месеци ќе има. Да помине кризава!
Од: Лаброски_М
Датум: 17.04.2010 17:17:41
Почитуван автор, Ви ги следам колумниве и констатациите Ви се во ред, На пример ова што се случува со личниве документи го нема никаде на светов. Меѓутоа и Вие сте за критика. Во ВМРО ДПМНЕ ретроградните процеси во однос на демократијата ги започна Г-ѓа Димоска со промената на статутот на партијата на конгресот во Струмица, со воведување на можноста за смена на член на Централниот комитет од страна на Извршниот Комитет на Партијата. Одтогаш саттутот претрпе дополнителни негативни промени во однос на демократијата. Сега обичниот член на ВМРО ДПМНЕ не бира ништо во Партијата. Тие промени на статутот беа направени постапно, а не наеднаш. Вие имавте години и години на располагање да реагирате на ретроградните процеси кои се случуваа во ВМРО ДПМНЕ на документно ниво. Откога последиците од ваквите процеси ги почувствувавте лично ја напуштивте партијата. Јас на пример лично сум член на ВМРО ДПМНЕ и сум чиста опозиција во партијата и немам намера да ја напуштам заради недемократијата во неа.

Најди! во Утрински
Насловна
Приказни за патиштата
Не сум колатерална штета
Зденко
Собирачи на фалсификати
Во Скопје нема каде да се моча
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Пазарот во Шутка работи во лер
Немам друг чадор освен Македонија
Груевски се инаети со Брисел
Каде се двете деца од кумановски Средорек?
Македонија си пати од десно
Гитара со мана што останува во срце
Првата дама меѓу еманципацијата и католицизмот
100 години напредок
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Зошто Евреите успеваат?
Гитара за милион воздишки
Одново „Коса“ на Вест енд
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Тежок удар за македонскиот фудбал
Исповед на еден дипломат