Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Пазарот во Шутка работи во лер

Се смирија тензиите по завчерашниот инцидент, но
пазарџиите од страв ги нема на тезгите

Горан Адамовски

Само помал дел од 500 тезги на пазарот во скопската населба Шуто Оризари вчера беа натрупани со стока. По завчерашниот судир меѓу пазарџиите и полицијата, поради акцијата на инспекцијата за запленување фалсификувана стока, во која полесно беа повредени неколку граѓани и полицајци, најголемиот дел од трговците решија да земат слободен ден.

Веројатно, поради страв од инспекцијата и од нови судири со полицијата, пазарот беше невообичаено празен. Ги немаше ниту муштериите, кои секојдневно го прават пазарот меѓу најфрекфентните места во градот.

„Се плашат луѓето и да продаваат и да купуваат“, велат малкутемина пазарџии што и вчера се осмелија да продаваат. Педесетгодишниот Алберт ја отвори својата тезга околу 9 часот. Ги посла маиците, блузите, панталоните и тренерките на тезгата и ги чекаше купувачите. Како што вели, немало зошто да се плаши од инспекции, бидејќи стоката што ја продавал не била бренд.

„Еве, продавам женски блузи за 100-150 денари, каков бренд е тоа“, ни вели Алберт. Според него, поголемиот дел од неговите колеги продаваат таква стока. „Кај ни се исплаќа да набавиме брендирана облека? Па, кој ќе купи, тука доаѓаат сиромашни луѓе“, вели пазарџијата.

Неговиот сосед, Музафер, продава ролки што ги крстил Шехерезад. Сто денари парче. Тврди дека заработувачката е минимална, но, како што вели, подобро на тезга, отколку да пребарува контејнери.

„Тезгата ја плаќам 2.000 денари, месечно чисти ми остануваат помалку од 100 евра, а треба семејство да се храни“, вели Музафер.

Пазарџиите се сложни дека пазарната инспекција треба да си ја врши работата, но негодуваат дека инспекторите зеле се' што им дошло при рака, тврдејќи дека воопшто не воделе сметка дали станува збор за фалсификувана брендирана стока или, пак, за обични парчиња облека.

„Директно одговорен за вчерашните немили настани е претседателот на Координативно тело за заштита на интелектуалната сопственост и авторските права, Мите Костовски, поради што ќе побараме одговорност од него“, рече Екрем Долек, претседател на Здружението на пазарџиите.

„Пазарџиите се последното место каде што треба да се реагира за продажба на фалсификувана брендирана стока. Тоа треба да се направи во Царината, кај увозниците и слично, бидејќи брендот се штити на граница, а не на пазар“, рече Долек.

Градоначалникот на Општината, Елвис Бајрам, смета дека за инцидентот биле виновни двете страни, односно и полицијата и пазарџиите.

„Ромите се мирен народ и не беше неопходно таа да се спроведе со асистенција на над 200 припадници на специјалната полиција. Доволно ќе беше инспекторите да дојдат и да си ја вршат својата работа со придружба на 10-ина полицајци и тврдам дека немаше да имаат никаков проблем и отпор за одземање на стоката“, рече Бајрам. Градоначалникот тврди дека четириесетина граѓани биле удрени од полицајците, но дека никој од нив не побарал лекарска помош.

Во МВР, пак, сметаат дека било крајно „невкусно“ да се бара вина во полицијата, бидејќи „сцените од каменувањето на полицајците ги видела целата земја“. Во МВР велат дека ги разгледуваат ТВ-снимките од инцидентот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави. Тие апелираат до надлежните во Општината да помогнат при идентификацијата на насилниците, со цел виновниците да не се генерализираат меѓу целокупното ромско население. Според МВР, полицијата не употребила прекумерна сила, потврдувајќи дека ниту еден граѓанин не поднел претставка до Секторот за внатрешни работи.

Инцидентот се случи завчера попладне кога пазарната инспекција заплени стока вредна дваесетина илјади евра, по што пазарџиите се солидализираа и со камења ги нападнаа полицајците што вршеа асистенција. На терен излегоа и полициските специјалци, кои со штитови пред себе се обидуваа да се спасат од камењата што летаа кон нивните глави. За да ја растераат толпата, тие беа принудени да употребат и солзавец.


#
Статијата е прочитана 1465 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 17.04.2010 09:26:37
Барам ваква акција да се спроведе на Бит-пазар...Јавна тајна е дека таму се продава секаква роба таму и тоа БЕЗ НИКАКВИ ФАКТУРИ И ФИСКАЛНИ СМЕТКИ !!!! Дали господа инспектори МИСЛИТЕ да направите акција и на БИТ-ПАЗАР ???? Или ќе ви треба помош од АРМ за таква акција ???
Од: Стојче
Датум: 17.04.2010 09:48:26
Шутка е почеток на социјалниот бунт. Секогаш почнуваат прво најсиромашните. Тоа е и знак дека нема да се трпи повеќе оваа мизерија. Набргу ќе следат сточарите и стечајците.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.04.2010 10:14:06
На страна изјавите на Неписмениот градоначалник и неговиот уште Понеписмен парламентарен претставник!Не знам само како сте успеале да ги преведете и цитирате!Јас воопшто не разбрав што сакаа да кажат со нивните Неартикулирани изјави!Се работи за проблем настанат во Шупликавите Празнини на Врвот!Зарем не знаат колку чини Брендот?!Цената на ваквите „парчиња“е далеку над онаа на Нивните брендирани Пердуви што ги купуваа кај покондурената ПЕРСА-Римјанката!Можноста на Граѓаните на МК да купат ваква стока е сведена на Апсолутен Минимум,заради „висината“на нивниот стандард!Наместо да ги остават „обичните смртници“барем малку да живеат во илузија дека носат Бренд,кој приближно наликува на нивниот Висок и Прескапо платен „оригинален“Невкус,тие ги удрија по грбот!Во МК сеуште егзистира опасниот вирус на омраза и предрасуди кон инаквиот (социјално-економски,религиски,или национално),особено во партиите со предзнаците „национална“, „чисти“ и „патриотска“!Вината е секогаш кај Налогодавецот!
Од: Komentator
Датум: 17.04.2010 15:30:27
a zosto pazardiite deneska ne se pojavija na tezgi..zamislete SE PLASELE OD PAZARNA INSPEKCIJA...?? pa nivniot gradonacalnik i parlamentarecot vcera na site medii tvrdea deka nivnata roba e OK..i zosto sega strav..??..Ha...
Од: pepe
Датум: 17.04.2010 15:37:56
sakam da se nadovrzam na slucuvanjata sega sto se desija po povod "brendiranata" "stoka"tie propusti ne se od sega taa "brendirana"roba se prodava uste od 90desetite godini i vo toa vreme nikoj ne bese zagrizen za brendot na istata ne razbiram zosto e sega påoinaku ke moze li nekoj od vlasta nda mi go objasni maltretiranjeto na lugjeto vo vrska so "taka nareceniot problem "brendirana roba" blagodaram
Од: miki
Датум: 18.04.2010 16:24:51
Neznam zosto ovoj narod od Sutka go malteretirate.Pa nasata drzava nikogas i ne vodela smetka za ovoj narod,od vremeto bila getoizirana i takva ke ostane za sekogas.Kao demek i dale da bide opstina,a sve ona sto vredese u Sutka preku nok i bese dodeleno na druga opstina.Pa kako ne vie zal da go maltretirate toj narod,mojot narod e eden od najlojalnite gragani na RM.Nie Romite sme sami krivi zatoa sto sekogas sme bile ponizni i dozvoluvame da bideme navreduvani od sekoj klosar vo drzavava,takov narod sme nie i poslednoto sto go imame ke go dademe na drug,za na kraj pak da kazat "ciganska rabota"

Најди! во Утрински
Насловна
Приказни за патиштата
Не сум колатерална штета
Зденко
Собирачи на фалсификати
Во Скопје нема каде да се моча
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Немам друг чадор освен Македонија
Груевски се инаети со Брисел
Каде се двете деца од кумановски Средорек?
Македонија си пати од десно
Гитара со мана што останува во срце
Првата дама меѓу еманципацијата и католицизмот
100 години напредок
Граѓаните се виновни за се'!
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Зошто Евреите успеваат?
Гитара за милион воздишки
Одново „Коса“ на Вест енд
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Тежок удар за македонскиот фудбал
Исповед на еден дипломат