Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Марија Качињска

Првата дама меѓу еманципацијата и католицизмот

Јасминка Павловска

Со сите останати жртви во авионската несреќа, Полјаците за особена штета ја сметаат и загубата на првата дама - Марија Качињска. Таа воопшто не беше конзервативна како владејачките структури на кои им припаѓаше нејзиниот сопруг

Марија Качињска, првата дама на Полска, минатата сабота, на 10 април, заедно со својот сопруг, полскиот претседател Лех Качињски и уште 95 патници, загина во авионска несреќа во западниот дел на Русија. Погребот на полскиот претседателски пар ќе се одржи в недела, 18 април. Оваа несреќа уште со првата вест беше прогласена за народна трагедија на Полска. Со сите останати жртви во несреќата, за особена штета ја сметаат и загубата на Марија Качињска - и нејзините приврзаници, но и противниците.

Марија Качињска е родена пред 67 години, како Марија Мацкјевич, во патриотско полско семејство. Нејзината мајка Лидија Мацкјевич била учителка, а татко и' Чеслав Мацкјевич - шумарски инженер. Основно и средно училиште Марија завршила во родното место Рабка Здрој во јужна Полска, недалеку од границата со Словачка. Студиите по надворешна трговија ги запишала во тогашниот Сопот, на брегот на Балтичко Море, каде што дипломирала во 1966 година, а потоа се вработила во Поморскиот институт во Гдањск, каде што десетина години подоцна го запознала својот сопруг Лех Качињски, кој тогаш бил асистент на Правниот факултет и антикомунистички активист. Тие двајцата се венчале во 1978 година и две години подоцна ја добиле ќерката Марта. По породилното отсуство, Марија веќе не се враќала во Институтот. Бидејќи течно говорела англиски и француски јазик, се ангажирала како слободен преведувач. На тој начин, како што ќе истакне многупати подоцна, имала повеќе време за воспитување на ќерката и за помош на сопругот, кој се борел против комунистичкиот режим. По падот на Берлинскиот ѕид, политичката кариера на нејзиниот сопруг Лех Качињски имала нагорна линија. Во периодот од 2002 до 2005 година, тој бил градоначалник на Варшава, а Марија, како сопруга на градоначалникот (очекувано) организирала хуманитарни и културни активности.

Во 2005 година, Лех Качињски станува претседател на државата. Официјалните пиаровски известувања од претседателскиот кабинет тогаш јавуваат дека првата дама на Полска е многу активна: соработува со домашните и меѓународните невладини организации околу горливите социјални, здравствени и хуманитарни прашања; организира добротворни вечери за сиромашни и хендикепирани луѓе, најмногу со деца со инвалидитет; ја промовира културата; ги сака театарот и балетот; ги поддржува домашните уметници, а особено и' е важно полското културно наследство да биде препознаено во меѓународните културни кругови.

Во 2007 година, во Санк Петербург, заедно со Људмила Путин, го отворила Полскиот дом. Марија Качињски ги сакала патувањата, животните ( имале две кучиња и две мачки), а класичната облека подеднакво ја негувала и за јавни настапи и за семејната приватност. Убаво и одмерено, како и што се очекува од претседателската служба за односи со јавноста.

Но, дали Полјаците навистина ја сакаа Марија Качињски?

„Тешко е да се даде еднозначен одговор“, велат писателките и феминистки Кристина Кофта и Магдалена Срода. Имено, Марија Качињска не беше конзервативна како владејачките структури на кои им припаѓаше нејзиниот сопруг, за кои, како што се зборува, веќе некое време ги има „поставено католичката машинерија“. „Пред две години, Марија Качињска остро испрати порака против забрана на абортусот, се заложи за правото за евтаназија и се побуни против идејата патот да минува низ зелената долина Роспуди“, велат Кофта и Срода.

Пред две години, на „чај и кекс“, Марија Качињска ги поканила најактивните полски феминистки, сакајќи да го отвори прашањето дали Полска под Католичката црква е премногу конзервативна и колку е тоа добро за неа. Несудената чајанка одекнала негативно. На оваа иницијатива на првата дама на Полска меѓу првите силно реагирал свештеникот Риджих (сопственик на синџир бензински пумпи, сопственик на радиото Марија и на повеќемилионски недвижен имот, а поседува и хеликоптер, и за него Ватикан вели дека им побегнал од контрола), кој остро ја осудил. Иако на свештеникот му возвратила дека не го слуша неговото радио, за жал, тврдат активистките, Марија се повлекла.

„Таа на некој начин се исплаши. Изјави дека не е политичарка и дека скромно го изнела своето мислење. Штета што и' недостасуваше сила, харизма и одлучност, зашто беше многу интелигентна и образована жена“, велат полските феминистки.

Така, обичниот народот и' забележа, зашто до некаде, сепак, се „закачи“ со црквата, а младите и либерални интелектуалци ги разочара зашто покажа страв. Евтаназијата, екологијата и градежната мафија, како и секуларизацијата на општеството... се важни прашања во полската конзервативна држава. „Марија за момент се охрабрила да биде модерна, освестена жена, која ќе ги допре горливите теми, но не и посилно да истапи“, се зборува меѓу полските интелектуалци, активисти и на полските Интернет - форуми.


#
Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Приказни за патиштата
Не сум колатерална штета
Зденко
Собирачи на фалсификати
Во Скопје нема каде да се моча
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Пазарот во Шутка работи во лер
Немам друг чадор освен Македонија
Груевски се инаети со Брисел
Каде се двете деца од кумановски Средорек?
Македонија си пати од десно
Гитара со мана што останува во срце
100 години напредок
Граѓаните се виновни за се'!
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Зошто Евреите успеваат?
Гитара за милион воздишки
Одново „Коса“ на Вест енд
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Тежок удар за македонскиот фудбал
Исповед на еден дипломат