Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Црква

Голем тест за старата машинерија на Ватикан

Папството на Бенедикт запаѓа од една во друга криза. Големиот теолог не се покажа како решителен лидер

РИМ - Скандалот со сексуално злоупотребување што ја опкружува Католичката црква е далеку најголема и најкомплексна криза што го измачува Бенедикт Шестнаесетти, откако стана папа и се појавува како клучен тест за папството, за кое многумина аналитичари на Ватикан велат дека има длабока внатрешна мана: неговото раководство.

Повлечениот теолог Бенедикт е „брилијантен учител и проповедник, но не и солиден администратор“, вели Георг Вајгел, експерт за Ватикан и биограф на Јован Павле Втори, во една и-мејл порака. „Тоа е добро за еден папа, се' додека има солиден администратор (или администратори) да ја завршат таа страна од работата“. „Искрено“, додава Вајгел, „тоа е она што на многу наклонети посматрачи на папството им се чинеше дека толку недостасува“.

Не требаше да биде така. Пред пет години кардиналите, кои го избраа папата, во кардиналот Јозеф Рацингер гледаа решителен лидер што би можел да ја зајакне црквата, привлечени од неговите две децении кога ја водеше Конгрегацијата за доктрината на верата, моќниот доктринарен кабинет на Ватикан.

Меѓутоа, Бенедикт како папа наидува на административни проблеми на секој чекор. Четири години откако цитираше византиски император дека исламот донел „зли и нехумани“ нешта, поттикнувајќи понекогаш насилнички гнев кај муслиманите, се чини дека тој не спроведе систем со кој лесно ќе се движат тркалата на владеењето - или ќе помогне да се спречи следниот јавен погрешен чекор.

Тоа што папството на Бенедикт запаѓа од една криза во друга, укажува на неговите тешкотии како стара институција што се' уште се бори со современоста, и покрај фактот дека либерализирачкиот Втор ватикански совет во шеесеттите години требаше да ги осовремени односите на Црквата со светот.

Една деценија по кризата со сексуално злоупотребување што ги зафати САД во 2002 година, предизвикувајќи жесток гнев и чинејќи ја Црквата околу две милијарди долари за обесштетувања, Ватикан, истакнуваат аналитичарите, се' уште не изградил соодветна инфраструктура за процесуирање на случаите со злоупотреба.

Во 2001 година, додека се' уште беше кардинал, Бенедикт презеде контрола за случаите со сексуално злоупотребување, со одредена цел да ги повика свештениците злоупотребувачи на поголема одговорност. Канцеларијата со само 10 луѓе работеше на околу 3.000 случаи во текот на десет години, откако тие беа локално проценети.

Ватикан ниту ја адаптираше неговата вековна тесноградна култура да се соочи со ��отребата од граѓански судови, а не, пак, судови на јавното мислење. Велигденскиот викенд даде два примера за моделот на недостиг од слух во хиерархијата: личниот проповедник на папата одржа проповед на Велипеток во катедралата „Свети Петар“, споредувајќи ги критиките за справувањето на Црквата со кризата за сексуално злоупотребување и антисемитизмот, навредувајќи ги притоа и жртвите на злоупотреба и Евреите. Потоа, за време на велигденската миса, кардиналот Анџело Содано, поранешен државен секретар на Ватикан, ги отфрли неодамнешните критики за Црквата и за Бенедикт како „незначајни озборувања“. Бенедикт беше набљудуван за неговото справување со случаите за сексуално злоупотребување кога беше надбискуп на Минхен во 1980 година и кога беше префект на Конгрегацијата за доктрината на верата. Во коментарите на кардиналот беше нагласен опседнувачкиот менталитет што можеби го теши папата, но не поминува добро на светската сцена.

Ватикан можеби е светска сила, но честопати се чини дека е воден како некое италијанско село. „Ако се погледне развојот на Католичката црква, различноста и вистинската големина, тоа е глобална организација“, вели дипломат, кој побара да остане анонимен поради страв да не го налути Ватикан. „Но, неговата институциска архитектура не се движи во тоа темпо“.



Меѓутоа, проблемите одат и подалеку од комуникациите. Ватикан е поделен на оддели што ретко комуницираат меѓу себе поради вековната култура на таинственост и автономија. Се чини дека Бенедикт ги донесува повеќето одлуки и ги пишува повеќето говори со мали консултации. Тоа доведува до дипломатски инциденти, како што беше кога кардиналот, одговорен за меѓуверски дијалог, рече дека не бил однапред информиран оти Бенедикт ќе ја повлече екскомуникацијата на четворица расколнички бискупи, од кои се покажа дека еден го негирал обемот на холокаустот.

Како што се одвива кризата со сексуално злоупотребување, целото внимание е свртено кон државниот секретар на Ватикан, кардиналот Тарцизио Бертоне. Со години тој беше доверлив заменик на Бенедикт во Конгрегацијата за доктрината на верата. Сега тој е одговорен за водење на политичката машинерија на Ватикан - и за информирање на папата. Доброупатените во Ватикан велат дека папата се' повеќе е изолиран и дека кардиналот Бертоне е еден од неколкуте претставници со кои редовно се гледа. Кардиналот Бертоне, топла и харизматична личност и поранешен надбискуп на Џенова, нема дипломатски бекграунд. Посматрачите на Ватикан и странските дипломати акредитирани во Светата престојнина се' повеќе го критикуваат него за она што го сметаат за поглед на светот што се врти диспропорционално околу Италија.

Обвинувањето на медиумите за клеветнички напади е рутинска стратегија во Италија, но таа не поминува добро на меѓународно ниво. „Тоа е проблематичен пристап, во најмала мера, со оглед на глобалното јавно мислење, кое отворено не се согласува како хиерархијата генерално се справува со ова прашање“, вели Дејвид Гибсон, биограф на Бенедикт.

„Ако папата се справи со оваа криза на начин на кој се справуваше со настаните од минатото - со еден вид лично објаснување - католиците и другите луѓе ќе сметаат дека тоа е позадоволувачки, хуман и пасторален одговор“.

При посетата на САД во 2008 година, Бенедикт се извини за злоупотребувањата од свештениците и се сретна со жртвите, што претставуваше дотогаш невиден потег за папството. Сега, освен острото писмо до ирските католици упатено во минатиот месец, папата не се осврна директно на ова прашање.

И критичарите и приврзаниците чекаат како ќе се одвива бавната реакција на Ватикан. Посматрачите велат дека во Ватикан постои се' поголема свесност дека бројот на случаите објавени во јавноста со сигурност се повеќе пати поголеми, дури и во Италија - некогаш недопирливиот сопствен двор.

Во едно ретко неодамнешно интервју, префектот за Конгрегацијата за доктрината на верата, кардиналот Вилијам Џ. Левада, призна дека неговиот кабинет една третина од времето посветил за решавање на случаите со злоупотребување и, веројатно,ќе треба да го прошири персоналот, бидејќи пристигнуваат нови случаи. („Њујорк тајмс“)


#
Статијата е прочитана 703 пати.

Испрати коментар

Од: Brian, Canada
Датум: 16.04.2010 05:46:33
Ako procitate nekoe delo na papata Rajzcinger ke vidite deka se raboti za eden inzvonreden intelektualec i prekrasen covek. Navistina e tragicno toa sto se slucuva vo crkvata, i smetam deka tie slucai i institucionalno ke se procesiraat. kritikata kon islamot e bazirana na vistinskite istoriski nastani koi za zal kaj nas ne bea izucuvani poradi "politickata korektnost". Tuka se misli na invazijata i terorot na muslimanite od sedmiot vek se do 14 vek vo Spanija, Juzna Italija, zapadna Francija, preku ototmanskata imerija vo istocna Evropa se do 19 vek, osvojuvanjeto na togas hristijanskite zemji: Palestina Jordan, Egipet, zemjite na Magreb (7 vek). Znaci pokraj krtonoscite imalo i drugi koi pravele pogrom i osvojuvanja. No papata bara pomiruvanje, bara da se znae vistinata i vinata na obete strani. Od milijarda katolici ima 300.000 svestenici. Za zal i kaj svestenicite ima maniijaci. Za zal mnogumina zalnite tragicni slucuvanja vo katolicakata crkva gi koristat za napadi.
Од: barbarosa
Датум: 16.04.2010 10:41:52
Vo ameria procentot na svestenicte vo sevkupnoto seksualno maltretiranje na decata e 0,03%. Neosporno zlostorstvo. No dokolku mediumite navistina ne sakaat da ja napdnat Katolickata crkva, zosto ne gi rascistat i ne napravat takva panika za preostanatite 99,97 %. Spored edna amerikanska statistika 15 % vo seksualnata zloupotreba na decata se roditelite, 10% nastavnici... Namerata e jasna da se urne avtoritetot na svestenicte, na Katolickata crkva koja najmnogu se protivi na homoseksualnite brakovi, abortusite, i dr. zdravi moralni vrednosti...da nema nikoj koj ke razmisluva poinaku...
Од: vaga957
Датум: 16.04.2010 12:28:45
Како не се плашат и не се срамат од Бога онака дотерани како цареви што рекол Исус пишано во Библијата "надвор убави како гробови а внатре скапани и расипани", да злоупотребуваат млади момчиња, па има ли поголем грев од тоа, а се прават дека се прави претставници на Бога.СРАМОТА.Има многу нешто да се пишува но, какова корист и од тоа кога ништо и онака нема да се смени.

Најди! во Утрински
Насловна
Приказни за патиштата
Не сум колатерална штета
Зденко
Собирачи на фалсификати
Во Скопје нема каде да се моча
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Пазарот во Шутка работи во лер
Немам друг чадор освен Македонија
Груевски се инаети со Брисел
Каде се двете деца од кумановски Средорек?
Македонија си пати од десно
Гитара со мана што останува во срце
Првата дама меѓу еманципацијата и католицизмот
100 години напредок
Граѓаните се виновни за се'!
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Зошто Евреите успеваат?
Гитара за милион воздишки
Одново „Коса“ на Вест енд
Тежок удар за македонскиот фудбал
Исповед на еден дипломат