Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Петар Ренџов

Гитара за милион воздишки

Мојот дедо Кирил Ристенов за петтиот роденден на подарок ми купи гитара. Сигурен сум дека тоа не беше баш обична гитара, туку „гитара - самовила“ .... Понатаму би требало да ви стане јасно како се чувствував.

Денес стои зад телевизорот, во станот во Карпош 4, каде што израснав и знам дека со возбуда ги прима моите звучни вибрации, каде и да свирам.

Во 1982 година, моите родители собраа „девизи“ да ми ја купат американската русокоса убавица „гибсон 335“, на која свирев 30 години, го носи потписот на Б.Б. Кинг, еден од легендарните блуз-изведувачи. Со неа ја создадов и отсвирев песната „Моја гитара“ и ги снимив албумите „Ноќна птица“ и „Сонот на невестата“.

Пред две години, додека работев на албумот „Темјаника“ и ја препрочитував книгата „Бежанци“ од Петре М. Андреевски, во набој на духовен немир и несоница, во мислите се појави дел од црковен олтар во форма на гитара.

Таа опсесија траеше неколку месеци, додека цврсто не решив да ја отелотворам мислата што ме прогонува - да направам таква гитара!

Случајно дознав за копаничарската колонија во селото Папрадиште кај Велес и таму го пронајдов велешкиот мајстор-копаничар Љубомир Бисин. Тој и самиот ја сака музиката, со радост прифати да ја создаде гитарата. За време од три месеци, направена од оревово дрво старо 14 години, во прегратките ја имав гитарата што ја замислив. Не започнав веднаш да свирам. Ја оставив десет дена и не засвирев. Мислам дека се плашеше и таа од мене и јас од неа.

Единаесеттиот ден, во автомобилот ги ставив гитарата и засилувачот. Се најавив и тргнав за Велес во дуќанот на мајстор Бисин. Таму ме пречекаа неговите другари гитаристи - велешани и заедно ја „сефтосавме“ и ја крстивме - „темјаника“, име за македонската автохтона винова лоза, а со исто така е насловен и мојот најнов албум, кој излезе пред неколку месеци.

Се случува од љубопитност да ме прашуваат - колку вредат твоите гитари?

- Еден милион искрени воздишки!


#
Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати ко��ентар
Најди! во Утрински
Насловна
Приказни за патиштата
Не сум колатерална штета
Зденко
Собирачи на фалсификати
Во Скопје нема каде да се моча
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Пазарот во Шутка работи во лер
Немам друг чадор освен Македонија
Груевски се инаети со Брисел
Каде се двете деца од кумановски Средорек?
Македонија си пати од десно
Гитара со мана што останува во срце
Првата дама меѓу еманципацијата и католицизмот
100 години напредок
Граѓаните се виновни за се'!
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Зошто Евреите успеваат?
Одново „Коса“ на Вест енд
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Тежок удар за македонскиот фудбал
Исповед на еден дипломат