|
Бошкоски: Мина времето на едноумието
ДЕЛЧЕВО - „Не ја прифаќам паролата еден за сите. Минато е времето кога еден мислеше за сите, минато е времето на едноумието“, порача независниот претседателски кандидат Лубе Бошкоски завчера од митинг во Делчево.
„Од градот што го носи името на апостолот македонски Гоце Делчев, од градот на возобновителот на ВМРО, Љупчо Георгиевски, порачувам: доста поделби, доста расправии, време е да се обединиме за доброто на нашата намачена татковина Македонија“, додаде Бошкоски.
Тој рече дека се држи на пораките од евангелистот Лука: „Моли се за твоите душмани за да не влезе во тебе омразата“.
„Нема во Македонија место за омраза ни спрема тие од друга вероисповед, ни спрема тие од друга политичка опција, време е меѓусебно да си подадеме рака, да си простиме да се здружиме кон заедничката цел - економски просперитетна, демократска, европска Македонија“, потенцира Бошкоски.
Во врска со спорот на Грција, тој рече дека нема пазар за името и за македонските национални и државни интереси.
„Компромис е можен, ама не со губење на идентитетот и државното достоинство. Знам како може Македонија да влезе во НАТО. За Македонија има надеж, бидејќи Македонците се чесен и трудољубив народ. Тие заслужуваат претседател што ќе знае да се справи со проблемите и на земјоделците, и на стечајците, и на бранителите, и на пензионерите. Затоа, на 22 март, излезете и слободно гласајте за сигурна иднина“, им порача Љубе Бошкоски на делчевци. (Д.Р.) |
|
Статијата е прочитана 357 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vmrovec |
Датум: 17.03.2009 00:33:15 |
|
Eden od najdobrite mitinzi vo Delcevo. Imase emocii sekoja ces. Brat Ljube za Pretsedatel. |
|
|
|
|
|
|
Од: Janko Tomov, Avstralija |
Датум: 17.03.2009 07:56:32 |
|
“Brat Ljube”, ako treba da znaesh, deka Dragan Bogdanovski e prviot osnovitel na DPMNE vo diasporata, a i VMRO-DPMNE vo Makedonija i isto taka vo diasporata, nema da go velicish tvojot adjutant, odnosno taen pomagatel, na tvoite promocii za Pretsedatel, koj ako sakash da znaesh e bugaroman I izdajnik na makedoncite!
So tvoeto kandidiranje na mitinzi, kako e ovoj vo Delcevo, ne se prestavuvash kako obedinitel na makedoncite , tuku sprotivno kao rasturac. Treba da svatish, deka za rakovodna licnost, treba covek koj e blagodaren za pomoshta I pruzenite simpatii pri tvoite neodamneshni stradanja,a ne da gi navreduva[ I pokushavash da gi razedinuvash.
Ednoumieto ne e pominato tuku prisatno, koe i tebe te koristi za svoi antimakedonski celi, taka e ili nee taka?
|
|
|
|
|
|
|
Од: Ози |
Датум: 17.03.2009 10:57:22 |
|
Во нешто се слагам со брат Љубе. Помина времето на едноумието. Дојде времето на БЕЗУМИЕТО!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Irina,kavadarci |
Датум: 17.03.2009 15:55:23 |
|
Imav poubavo mislenje za Boskoski ama za zal ne poveke,covekot ostava vpecatok deka saka da stane pretsedatel po sekoja cena. |
|
|
|
|
|