Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Советот за радиодифузија задоволен од известувањето на медиумите

Прекршочни пријави за Сител и Наша ТВ за небалансирано известување

Медиумите во изминатите десет дена како никогаш досега се придржуваат на правилата при известување за изборната кампања. Ова е оцената на Советот за радиодифузија што ја презентираше вчера претседателот на ова тело, Зоран Стефановски. Советот, генерално, е задоволен од медиумите, кои, како што рече, биле на висина на својата должност, со одредени исклучоци.

Во таа насока беше посочена телевизија Сител против која Советот донел одлука да поведе прекршочна постапка поради неизбалансирано покривање на претседателските кандидати и на кандидатите за локалните избори, како и за субјективниот пристап во известувањето за редовните активности на Владата. Покрај разликите во времетраењето, забележана е разлика и во „тонот“ на презентираните информации во корист на власта. Против телевизија Наша ТВ, пак, Советот ќе поведе прекршочна постапка поради непочитување на правилата за емитување платено политичко рекламирање.

Од Советот укажуваат и на релативна неизбалансираност во покривањето на изборната кампања и на телевизиите Телма, Алфа, првиот сервис на Македонското радио, радиопрограмата на албански јазик на каналот на етничките заедници, МТВ 1 и МТВ 2 - Програма на албански јазик.

Како пример за релативна избалансираност се посочени телевизиите Алсат М и Канал 5.

Советот донел одлука да упати и укажување до телевизија А1 поради учество на малолетници во платено политичко рекламирање на кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски. Наедно, Советот донел одлука да упати укажување до оваа телевизија поради емитување на спотот за кандидатот за претседател од СДСМ, Љубомир Фрчкоски, нарачан од ВМРО-ДПМНЕ, што содржи непри��тоен (вулгарен) говор. Според ова тело, спотови со ваква содржина може да се емитуваат на програмите на радиодифузерите во периодот од 21 до 5 часот, согласно со Правилникот за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот развој.

Како што додаде претседателот на Советот, Стефановски, ја поддржуваат и кампањата на ДИК за информирање на граѓаните за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право и ги повика радиодифузерите почесто да ги емитуваат спотовите. Членовите на ова тело потсетуваат и на обврската за посебно означување на бесплатните кампањи. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 204 пати.

Испрати коментар

Од: an od ulikoten
Датум: 17.03.2009 00:26:44
Taka e. Sitel i vecer ne da go preteraa, kako drugi partii da ne postojat vo drzavata. Samo vmro-dpmne, kako najdobri i sdsm, kako najlosi. A nesto drugo da napisea i kazea. Ne mi se veruva duri. Odbivnost stvaraat.

Најди! во Утрински
Политика
Селмани- Доста со поделби, ни треба единство
Владата на Груевски е најдобрата опција за Грција
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Коцевски ги поткупува велешани
Ружин
Штаб на Бошкоски- Задоволство од митинзите
Ограбен Изборeн штаб на НСДП
Бошкоски- Мина времето на едноумието
„Медиумско огледало“- Владата директно во кампањата
ДИК со прирачник за изборните органи
РЗЗЗ во 2007 година трошел незаконски и ненаменски
Управните судии да одлучуваат непристрасно за изборни жалби