БИТОЛА – „Се' што ветија - излажаа. Ги излажаа стечајците, бранителите, млекопроизводителите... Македонија е на питачки стап. Имало турско и каурско, но никогаш не сме биле толку згазени под чизмата на ВМРО-ДПМНЕ“.
Со ваква реторика на битолчани им се обрати кандидатот на СДСМ за претседател, Љубомир Фрчкоски, на завчерашниот митинг што се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“. Според Фрчкоски, Владата има пари да ги затвори овие проблеми, но не и волја.
„Секоја година на реклами трошат 55 милиони евра. Тие го признаваат тоа. Сите трошоци за стечајците, млекарите, бранителите, раселените лице не се повеќе од 40 милиони. Не сакаат да ги дадат парите за нив. Ќе им останат уште 10 милиони евра да штампаат плакати за својот недоветен кандидат за претседател“, рече тој.
Според Фрчкоски, Владата на Груевски е најдобрата опција за соседна Грција, бидејќи за две години успеала да ги врати политичките позиции на јужниот сосед во меѓународната заедница.
„Не' оставија сами. Нашите пријатели не' прашуваат што правите со букефализацијата на вашата култура. Каде одите со тој концепт. За Грција ова е најдобрата влада што може да постои. Ако ги прашате Грците, Груевски треба да владее сто години со Македонија“, рече Фрчкоски пред битолчани, остро критикувајќи ја актуелната Влада дека земјата ја држи во сиромаштија и изолација.
„Секоја влада на ВМРО-ДПМНЕ во еден момент доаѓа пред прашањето дали сака независна македонска држава. Една од претходните влади отворено предложи поделба на Македонија. И оваа Влада сега го прави истото сценарио, но со други средства. Ја држи Македонија надвор од светот, изолирана, да скапеме однатре. Нашето македонско национално ткиво во изолација се рони. Секој трет автомобил во источна Македонија има бугарски таблички. Можеби не стануваат Бугари, но се снаоѓаат, не можат да живеат со фамилиите во изолација и немаштија“, предупреди кандидатот за претседател на СДСМ.
Ветувајќи локален економски развој на Битола, поддршка од своите сограѓани побара кандидатот за градоначалник на СДСМ, Дијана Ѓоргиевска. Таа ги повика битолчани да работат на својата иднина, затоа што „актуелната власт својот мандат го потрошила само на маркетинг и пропаганда на полувистини“.
Според Ѓоргиевска, не може и не смее да се глуми градоначалничката функција, а Битола да се претвора во театар на сметка на театарот кој го уништи токму Владимир Талески.
„Ќе правеше индустриска зона во Жабени, ја нема. Ќе развиваше туризам на Пелистер. Наспроти се', четири години се слика и се смее како секој ден да му е роденден“, нагласи Ѓоргиевска. (А.Б.)
Повторно и повторно само напади и напади кон владата.Опозицијата очигледно незнае како треба да се излезе на митинг.До сега не прикажаа ниту една програма,ништо што би направиле.Но тоа е така бидејќи тие незнаат ништо друго освен да крадат.
Од: Red Rose:Dora od Voden,Grujo od Skopje
Датум: 17.03.2009 00:58:59
Vzaemno si pomagaat vo hranenjeto na svoite poddrzhuvachi so nacionalistichki povici i podiganje na kvazipatriotiozmot,uspesho odrzhuvajkji si gi poziciite sekoj so svoja smetka.Samo shto za zhal,od smetkata na Dora Grcija e vo dobivka,a nie so Grujo se priblizhuvame kon ambisot,shto go otvori so negovata somnitelna(po nacionalnite interesi) politika.Zoshto ne gi nabroite familijarno-istoriskite nishki na semejstvata na mnogu od ministrite vo Vladata so bugarskite im vrski?Toa e opasnosta koja se nadvi nad Makedonija i zatoa odat na nozh so Grcija.Vzaemno ja odrabotuvaat agendata za sopstvenite kjarovi:za edni politichkji,za vtori ispravanje"istoriski nepravdi",a za tretite materijalno-dolzhnichki.Tochna e tezata na Frchko,ama nema koj da ja razbere,zashto se zbrlaveni od reklama i propaganda onie koi seushte se nadevaat.Docna i bolno kje bide osvestuvanjeto,ako go dochekame kako cela drzhava shto ne e celta na DPMNE. .Imaat ushte da odrabotat do konechno realiziranje na tajniot plan.
Од: BUTEL
Датум: 17.03.2009 01:02:18
Koga ovoj covek ke izleze na miting i ke gi zapoznae negovite clenovi so negovata programa?Nikogas.Zanete zosto?Zatoa sto nema programa.Samo znae da napaga,da vrega, da se sluzi so vulgarnosti.Takov covek ne i treba na Makedonija i taa nemoze da go izdrzuva poveke.Mislam deka vreme e da si zamine od zemjava i da si odi kaj grcite,bidejki mnogu si gi saka.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 17.03.2009 04:43:13
Груевски има фамилија кај Егејците во Егејот,па нели знаете бре таму во дпБне дека Груевски го информирал грчкиот парламент за секоја ситуација тука во државата?А ваков патриот?
Од: Кривата чешма
Датум: 17.03.2009 07:50:49
Реториката што ја употребува Фрчкоски му доликува на некој кочијаш, а не на универзитетски професор. Не ми е јасно - има ли некој што сака да иамаме таков престедател?
Од: intelekt
Датум: 17.03.2009 09:05:30
mozebi nikoj,ne e od ponudenive kandidati dobar i sovrsen pretsedatel,ama ti be frcko najmalnku si za pretsedatel za ovaa nasa hazarska drzava!!!gi ogovarase SDSM na siot glas vo tvoite kolumni a sega im pravis lice,i na niv i na narodov a najmnogu na sebe si!!!!!
Од: Оли Јулчовски
Датум: 17.03.2009 09:33:04
На убавата Бакојани и сите Грци Грујо со својата неспособност и аматеризам на водење на надворешната политика по примерот на Гебелс,им го покажа начинот како да ја снема Македонија од картата на светот.Зошто тие ЗАБЕГАНИ Вмр-овци не се запрашат?Зошто првин не ги заврши преговорите со Грчиштата и да се интегрирама ви НАТО и ЕУ,А потоа нека води инает и докажува дали бабаму и дедоми се внуци на Александар,А сега како го прави тоа само и штети на Македонија.Размислете колку предност ке имаме ако сме интегрирани во ЕУ.Но сепак се случува нешто,Срамежливо тој и оној кандидат се почесто зборат за ИНТЕГРИТЕТОТ одколку за ДВОЈНАТА ФОРМИЛА,Пак му седнаа во скут на БРАНЕ.
Од: демократ
Датум: 17.03.2009 09:50:00
Точно е ова што вели Фрчкоски! Аргументацијата за својата тврда националистичка политика, Грција т.е. Дора Бакојани секојдневно ја добива со погрешната и несмасната надворешна политика водена од нашата влада. Како врзани садови се!
Од: Ози
Датум: 17.03.2009 11:47:15
Фрчковски користи речник на универзитетски професор кога е на универзитет и има работа со интелигентни луѓе. Кога треба со ВМРОовци користи вмровски (подгрупа на кочијашки) речник. Тие само тој го разбираат, а човекот сака да биде разбран..
Од: Od:mene
Датум: 17.03.2009 11:48:29
Ne im veruvajte na politicarite sto izjavuvaat,nisto po dobre ne e Grcija od nas momentalno se naaogaat vo najgolemata financiska kriza.Vcera vecer se dade reportaza ovde vo Germanija vo emisijata WISO deka se BANKROT na lugeto sto imat kupeno stanovi na kredit nemaat pari ni pak rabota za da si gi isplatat kratite i sega im pretat so licitacija i ke gi isbrkat na ulica.Sakate li go ova da go imate cekajte malku i pratete gi rabotite vo svetot kaka ke se odvijat vo idnina.
Од: andrej
Датум: 17.03.2009 12:06:37
Pred toa ne prizna Amerika, dobivme kandidatski status, bevme pozitiven primer a sega pod CIZMATA NA GRUJO sme posledna dupka, Grcija ne raboti kaj stigne i sme losite momci!
Од: maja
Датум: 17.03.2009 12:47:12
Seto ona shto go zboruva Frchko e chista vistina. Ako go gledavte negovoto gostuvanje kaj Janko, SIGURNO se ubedivte deka toj e i pameten i inteligenten i harizmatichen, so cvrst stav i ne tapka vo mesto. Se prashuvam koga Ivanov kje dade takvi izdrzhani odgovori. Znaete koga? Nikogas, a mozhebi ni togas :)
Vo momentov samo Frchko mu e majkata.
Eden za site, SITE za Frchko!!!
Од: ivica
Датум: 17.03.2009 13:53:40
barem del od reklamite da gi potrosea za narodov sega ke nemase izbori zaso ke go ostavevme premierot vecno da vladee ama vaka na 22 mart mu e krajot
Од: kavadarci
Датум: 17.03.2009 15:15:49
Dobro, koga narodot ke ja doznae programata na SDS i sto Frcko ke napravi,osven napadi i obvinuvanja ne slusnavme nisto
Од: Зоран
Датум: 17.03.2009 17:08:30
А море партиски слепци! Да беше Фрчкоски предложен од ВМРО, сега сите сложно ќе гракавте како коментатори величајќи го него како ваш кандидат.