ДИК со прирачник за изборните органи
Државната изборна комисија (ДИК) подготви прирачник за едукација на членовите на изборните органи за претстојните претседателски и локални избори, што ќе се одржат в недела.
Прирачникот е отпечатен во тираж од околу 33 илјади примероци и ќе може да го добијат сите членови на општинските изборни комисии и на избирачките одбори.
„Очекуваме прирачниците да овозможат подобра обученост на членовите и на замениците на изборните органи, а со тоа и поуспешно спроведување на изборите“, соопшти вчера ДИК.
Печатењето на прирачникот е помогнато од УНДП и од амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија. |