Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Коцевски ги поткупува велешани

ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција го обвини актуелниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, дека непосредно пред изборите ги поткупува гласачите, делејќи им вреќи цемент и брашно.

„Шест дена пред изборите Коцевски, кој и по девет години владеење бара уште еден мандат, ги поткупува гласачите. Ова тој и јавно го призна, со што го потврди понижувачкиот и лицемерен однос спрема граѓаните“, рече Александар Николовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Коцевски во изминатите девет години работел незаконски и поради тоа не ја заслужува довербата на велешани.

„Според Државниот завод за ревизија, Општина Велес предводена од Аце Коцевски изминативе девет години вршеше јавни набавки без тендерски законски постапки. За тоа зборуваат набавките на лаптоп-компјутерите, на градежните материјали, тендерот за нафта, градењето дивоградби...“, посочи Николовски.

Неколкуте фонтани и тротоари на главната улица во Велес се единственото нешто што Коцевски го направи додека беше градоначалник, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемите на Велес не ги спомна, а камоли да се обиде да ги реши. Градоначалник кој се грижи само за својата фотелја, а не за проблемите на граѓаните, не им треба на велешани. Тие заслужуваат подобра иднина и подобра перспектива“, истакна Александар Николовски. (П.Р.)


Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар

Од: Regaconi
Датум: 17.03.2009 00:16:18
Kocevski kako veteran od Prva svetska vojna seta so medaljite i ordenite t.e. nagradite koi gi dobil Veles kako najdobra opstina. Covekot osven niskoto nivo na vokabularot od tipot na Mali Gjokica , dosega ne ponudi nikakva programa i vizija za vo idnina a sega se bira gradonacalnik za idninata i slednite 4 godini. A za minatoto i nagradite neka pisuva memoari nekogas
Од: Mitre
Датум: 17.03.2009 00:22:39
Abe ako, neka se dava cement i brasno, samo da ne se smesaat, ili kje se otrujat ili kje im padnat kukjite
Од: Red Rose: "Ne gledaj shto pravam,tuku shto ti zboruvam"
Датум: 17.03.2009 01:19:41
Toa e vekje poznatata shema na vmrovcite,koi se shto pravat im go pripishuvaat na politichkite protivnici .Bez sram i perde obvinuvaat za korupcija onie, shto drzhavata ja pretvorija vo najgolemiot koruptiven centar na Balkanot.Ne izbiraat sredstva za eliminacija na site, koi ne im se vklopuvaat vo smetkite za celosna vmroizacija na drzhavata na site nivoa.Zagrozeni od prifatenosta na kandidatite shto ne se od nivnata partija ja nasochija zabrevtanata vmrovska mashinerija i kon Veles,nivniot najgolem predizvik,vo koj nikogash ne bile na vlast.Zatoa sekoj den doagja po nekoj minister(se ochekuva i Grujo pak) da go napravat nevozmozhnoto vozmozhno.Vo sprotivno, ne mozhe da se predvidi shto mozhe da napravat.A,poznavajkji gi dobro,od niv se e mozhno.Ochite otvoreni!! Opasnosta sama se najavi.Zasega preku Nikolovski,mladiot jurishnik.No,vtoriot eshalon e poopasen i (ne)predvidliv.Zashto,Makijaveli im e vo krvta so "Celta gi opravduva sredstvata".A kako vlast gi imaat dosta na raspolaganje.
Од: zelezara
Датум: 17.03.2009 02:16:07
ace kocevski bil i ke ostane najdobar gradonacalnik vio veles.a da gi prasam ovcive ,nivniot pastir koga ke ja donese ;prerodbata;vo veles.
Од: citatel
Датум: 17.03.2009 02:19:57
kaj znae nikoloski so se pravi u veles i samo se treseat gluposti-ocajni ste vmorovcinja ke doziveete debakl vo veles dzabe samo go omalozuvate najdobriot gradonacalnik u makedonija,vo veles nema so da barate a vasiov kandidat od nemaj kade go najdovte kutriot dva zbora nema kazano na govornica ke bil gradonacalnik na veles, so takvi kadri nema idnina
Од: glupendra
Датум: 17.03.2009 06:10:31
Se mozebi e taka kako sto pisuvate i izjavuva glasnogovornikot na VMRO, no posledniot zbor go ima narodot-izbiracite.Da bese za VMRO, kade cela Vlada i buget e na raspolagajne ke se molci. Na kraj za vlast nema izbor. Celta gi opravduva sretstvata.
Од: gjore ( holandija)
Датум: 17.03.2009 07:18:05
ne sum partiski opredelen no vo poslednite 3; 4; godini gradot e dosta sreden sekoja godina se po nesto se ureduva parkovi ; fontani ; trotoari ; mostovi taka da zalikuva na eden evropski grat pa mislam deka zasluzuva uste eden mandat ......gjore od holandija
Од: kosmopolit
Датум: 17.03.2009 09:19:46
Go kritikuvaat Kocevski? Ova mi lici na: podrz' mi go kopileto da i se nasmejam na kopiljarkata... aman bre do kade stasavme so komentarite, tolku ludaci da se namnozat vo Makedonija...
Од: miki-sin
Датум: 17.03.2009 11:16:21
Треба еднаш за секогаш да му се стави крај и на овој така наречен градоначалник , кој што ништо ама апсолутно ништо нема направено за Велес , а сега мисли дека Македонскиот народ е глуп и ќе го поткупува со вреќи цемент или брашно.Срамота па во кое време живееш господине Аце. Срамота . Резил!!!!!!!!!
Од: Трпе
Датум: 17.03.2009 11:22:31
Не знам дали дпмне-овците се имат погледнато во огледало.Но ако се погледнат сигурно огледалото ке им каже дека се најубавите и најдобрите само за да не го сокршат.Многу пати се пофторува онаа “Држете го крадецот,повикал крадецот“.Им препорачувам на дпмне-овците дека не е чесно да се лаже,ако досега им нема некој друг кажано.
Од: dule
Датум: 17.03.2009 15:32:17
pa kako so vakvi niski raboti ke ideme vo evropa vreki brasno deli stoako delis treba da im ovozmozis na graganite samite da mozat da si kupat brasno a ne ke dojdat ibori edna vreka brasno i posle 4 godini ke go nema nigde sramota e toa , zato poglednete ja programata na VMRO i se ke vi bide jasno . VMRO ne deli vreki ama ke vi ovozmozi sami da si kupite.
Од: miron
Датум: 17.03.2009 17:17:56
Кој е Александар Николовски? Да не јадел буника? Или после трескањата на Ѓорѓи Иванов, секој Вмровец има право да тресне по некоклу глупости?

Најди! во Утрински
Политика
Селмани- Доста со поделби, ни треба единство
Владата на Груевски е најдобрата опција за Грција
Советот за радиодифузија задоволен од известувањето на медиумите
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Ружин
Штаб на Бошкоски- Задоволство од митинзите
Ограбен Изборeн штаб на НСДП
Бошкоски- Мина времето на едноумието
„Медиумско огледало“- Владата директно во кампањата
ДИК со прирачник за изборните органи
РЗЗЗ во 2007 година трошел незаконски и ненаменски
Управните судии да одлучуваат непристрасно за изборни жалби