Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

И со торба пари тешко се стига до чанта „Луј Витон“

Некој е среќен ако во кризата го зачувал работното место, па не мора да се откажува од многу работи. Но, и оние што немаат проблем со пари понекогаш мора да си ги дисциплинираат желбите.

На „Шанзелизе“ во Париз долга редица пред една продавница, дури на вратата стои и редар. Не станува збор за распродажба, туку сосема спротивно - се чека во редица за луксузна стока. Конкретно, женски кожени чанти од марката „Луј Витон“. Цените не се за секого, па, сепак, некои упорно чекаат да дојдат на ред. „Минав долг пат од Јужна Африка. Денеска ми е последен ден и уживам во шопингот“, вели една муштерика. „Имаме кредитна картичка за неограничена сума“, вели друга.

Но, во оваа продавница ни тоа не помага: продажбата е ограничена само на една чанта за купувач. На касата дури го бележат и бројот на пасошот на купувачите, за некој да не смислува досетки за да дојде до две чанти. Европската индустрија на луксузни стоки доживува бум во втората година по големата криза. Експертите проценуваат дека „Луј Витон“ годинава ќе оствари приход повисок за 20 отсто, иако, всушност, биле планирани половина од тоа. И кај „Шанел“ се очекува пораст од 20 отсто. Се разбира, ако за луксуз се чека во редица. „Повеќе од 80 проценти од луѓето се од Азија - Кина бележи значителен пораст и многумина муштерии од Кина пазарат овде. Вработените во продавницава ми кажаа дека многумина Кинези купуваат многу производи на ’Луј Витон‘ и поради тоа нам ни дозволуваат да купуваме само една чанта“, вели една муштерика.

Од претпријатието се воздржуваат од коментар во врска со ова. Со проблеми од ваква природа, разбирливо, добро се живее. Финансиска криза, презадолжени државни буџети, засеци во социјалната сфера - на „Шанзелизе“ во Париз нема трага од сето тоа, само луксуз на сите страни. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 1229 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 04.11.2010 14:42:28
А Филимена, беше таму?
Од: mare
Датум: 04.11.2010 17:34:46
Filimena da se zastrami, vo nasata drzava polovina naselenie zivee vo beda ,a taa penzionerka od selo so takva canta.
Од: barbiUsa
Датум: 04.11.2010 22:01:07
Ne,ne bese,nejze po posta i ja ispratile,ona ja poracala preku internet , Mnogu e ubavo koga polovina od Makedonskiot narod nema sto da jade, da se falime kako Filimena deka sme si kupile Luj,eh tragedijo

Најди! во Утрински
Економија
Калеников им објави војна на Азески и на Гошев
Трговскиот магнат Туш најбогат Словенец и годинава
Земјоделството чека попозитивна оцена од ЕУ од лани
Бизнисот бара да се прифати кредитотот од ММФ
Интернет-билети за крш возови
Исплатени се сите побарувања за ДДВ, тврди власта
Со воз на море
„Д и Б“ ни прогнозира раст на БДП од 0,5 отсто
БМВ го зголеми профитот за 11 пати
Нема да слетаат бомби на нашите аеродроми






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states