БМВ го зголеми профитот за 11 пати
Автомобилскиот гигант БМВ објави голем раст на профитот во последниот квартал и ја зголеми својата процена за растот во следната година. Најголемиот производител на луксузни автомобили на светот во третото тримесечје од годинава го зголеми профитот за 11 пати, од 76 милиони на 871 милион евра. Вкупните приходи пораснале за 36 проценти, на 15,9 милијарди евра.
Во текот на септември испораките се зголемени за 17 проценти, на 142.950 возила. Истовремено, конкурентите на БМВ на пазарот, „Мерцедес“ и „Ауди„ продадоа 128.700, односно 102.650 возила.
БМВ сега очекува дека во последниот четврти квартал од 2010 година ќе ја зголеми продажбата за 10 проценти, додека годишниот профит би можел да се зголеми за 7 проценти. (Ек.Р.) |