Исплатени се сите побарувања за ДДВ, тврди власта
Заклучно со 2 ноември државата ги има исплатено сите достасани долгови по основа на фактури, а заклучно со 15 октомври е извршен поврат на сите средства по основа поврат на ДДВ, тврди министерот за финансии, Зоран Ставрески. По оваа основа, според Ставрески, од државното ќесе се одлеале околу сто милијарди денари.
Неговото тврдење го поддржува и претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников, според кој, и анкетите што ги направиле за интерна употреба покажуваат дека државата ги намирила сите барања по основа на фактури и поврат на ДДВ што биле доставени до Министерството за финансии.
Калеников посочи дека е можно околу 20 отсто од барањата да се останати во разни министерства, но повторно нагласи дека се' што стигнало како барање до Министерството за финансии е веќе исплатено. (МИА) |