Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Калеников им објави војна на Азески и на Гошев

Дали НБМ е во спрега со банките и со големите фирми и дали зградата на СКМ е само на Азески, праша вчера Калеников

Соња ��аџовска


Златко Калеников им објави војна на Бранко Азески и на Петар Гошев.

Во стилот на борба меѓу јунаците во детските приказни, како што се Снежана и седумте џуџиња и приказната за Мечката и медот, вчера Калеников го повика гувернерот Петар Гошев да каже јавно дали Народна банка на Македонија со години е во спрега со големите банкари и компании, кои не даваат да паднат каматите, бидејќи до кредити можат да дојдат само одбрани бизнисмени што се и членови на управните одбори во банките. На претседателот на Стопанската комора, Азески, Калеников отворено му објави војна за тоа чиј е имотот на Комората.

Калеников не запре тука. Тој упати остри стрели до големите банки, ги обвини за лихварско работење. „Мора да се стави крај на лихварството, бидејќи голем дел од банките се однесуваат како лихвари, а нас ни требаат пари од банките. Во овој момент во Македонија постои спрега во која официјално или не се шпекулира дека е влезена и Народна банка на Македонија. Ние немаме веќе крв и не знаеме што да правиме ако тоа не се прекине. Го повикувам Гошев да покаже дека не е во спрега со банките и големите фирми што не даваат малите фирми да се развиваат. Сакајќи или не, тоа е факт во Македонија. Големите фирми се во управните одбори на банките. Тие се и онака привилегирани со процесите на приватизација“, обвини вчера Калеников.

А за тоа кои се тие големи фирми, кои не даваат да му тргне на стопанството, според Калеников сами ќе се препознаеле во волшебното огледало на лошата кралица од приказната за Снежана. „Кој ќе се види во волшебното огледало, отворете весници и Интернет и видете кој од големите фирми се членови на управните одбори на банките. Тоа е невидлива спрега настаната од самобендисаност. Апелирам, тргнете ги волшебните огледала. Ова не е трка за најдобар бизнисмен“, повика Калеников.

Тој продолжувајќи со приказните, го смести претседателот на СКМ Азески во онаа со Мечката и медот. Според него, не можело само СКМ да го наследи имотот на поранешната Стопанска комора, која беше укината во 1996 година. „Зградата на Стопанската комора е на сите нас, бидејќи нашите родители одвојувале средства за да се изгради. Не може правен наследник да биде само СКМ, а ССК да нема сала за одржување на состаноци. Зградата е на државата, а не на СКМ затоа ги повикувам министрите за правда и за економија да се преиспита сопственоста“, рече Калеников.

На овој повик веднаш одговори министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рече дека веќе во владина процедура е новиот закон за коморите, но за Калеников и тоа не е доволно, бидејќи и во него не било регулирано прашањето на сопственоста. Тој смета дека големите компании го спречуваат развојот на малите фирми. „Се разбуди мечката и сака на малите фирми да им го земе медот што го заработиле. Голем дел од банките заедно со големите фирми ги кочат стопанството и економијата. Има многу мали и добри фирми и не може некој постојано да го кочи нивниот развој“, смета Калеников.


#
Статијата е прочитана 2234 пати.

Испрати коментар

Од: dr
Датум: 04.11.2010 12:34:14
Дали Калеников купил ново одело бидејќи му дошол вице премиерот или е доволна и само нова кравата бидејќи ново одело се купува само кога ќе дојде премиерот.
Од: Весна
Датум: 04.11.2010 12:55:00
Тепачот од Маврово - креира политика. Неговите „квалитети„ се познати по маржите... Дај нека се треси глупости.....
Од: stanko
Датум: 04.11.2010 13:15:20
Vo sto e problemot, bankive zarem ne se odnesuvaat lihvarski. Sto vi preci covekov, pa i za odelo se fativte.
Од: Трпе
Датум: 04.11.2010 13:21:13
Дали овој Калеников е до власта,со власта или сака да биде во власта.Многу леб треба да изеде за да се меша во работата на НБ и СК на РМ.Или се плаши од контроли во неговата фирма.Сигурно ке добијам одговор од некој со портокалови очила.
Од: Rage
Датум: 04.11.2010 14:02:01
Tocno e! Bankite se lihvari i za gragjanskite krediti, kako moze stanben kredit vo Britanija da bide 3.98% kamata godisno, vo Hrvatska od 4 do 4.5% godisno, a kaj nas so najutepani primanja od 7 do 8.48%, ako ova ne elihva ne znam sto e duplo pomali
Од: jovan
Датум: 04.11.2010 14:52:21
Kalenikov ja objavi vojnata no ministerot za finansii ke ja vodi.
Од: Роко
Датум: 04.11.2010 15:36:41
Познато е дека фамилијата Калиникови се во партијата на власт и нејзини финансиери од самиот почеток
Од: јас
Датум: 04.11.2010 15:48:09
А кој воопшто ве тера да земате кредити за стан, кола, бизнис???Ако ви чини по тие камати , повелете ..Ако не ви чини , па најдете поефтино..Сите се залагате за приватна сопственост , ама само за вашата, а не и туѓата..Па и банката сака да оствари профит и е приватна сопственост...Не сум вработен во банка , менувачница и сл...
Од: razum
Датум: 04.11.2010 16:48:43
Gledano na prv pogled, hrabro recceno. Arno ama medalot im usste edna strana na koja kako vo ogledalo se ocrtuva i negoviot biznis. Imame vo biznisot golemi volci, sredni i mali volci. No site, barem za nas prostosmrtnite se volci, poradi koi sekoj tret gragjanin e siiromav. Malite i srednite volci, gospodine Kalenikov se poopasni, bidejki se polakomeni i tie da stanat golemi. A toa ssto zzrtvi ke bidat ovcite, mnogu ne se potresuvat. Krajot od prikaznata ti e poznat gospodine Kalenikov. No taa ne e za deca. Za zreli i seriozni. Potrebna e pogolema kontrola vo site firmi -mali, sredni golemi...
Од: Do Sonja
Датум: 04.11.2010 17:31:47
Statijata ja procitav tri pati. Ne sum cul za Zlatko Kalenikov, a ne pisuva ni sto e ni koj e. Fudbaler, maneken, pejac. Da li moze znaci da zboruva sto saka samo zatoa sto stoi do ministerot za finansii?
Од: jovan
Датум: 04.11.2010 21:42:31
Me zacudija komentarite koj gi branat visokite kamati i bankite a go napagaat ovoj Kalenikov.Bez razlika koj e i so kogo e, ja kazal vistinata.No se potvrduva deka bankarskata mafija e dosta mokna i vednas se javija komentatori koj go ocrnia covekov.Sto se odnesuva do NBRM i Gosev,tie veke se prodadeni na mafijata.Ne e tajna ni toa deka vo Makedonija ima "oficijalno" i mafijaska banka,no NBRM,a posebno Gosev se nejzini zastitnici.Dobro e sto nekoj sobra hrabrost da go otvori prasanjeto za bankarskiot sistem vo drzavava,koj i kako se ovde izigrava bankar, koj i kako raboti,koj kogo stiti.Vreme e za pojaka kontrola na bankite,i javno i reralno da se rangiraat i ocenuvaat bankite,za da se vidi koja kako i sto raboti.Dosta e veke stitenje na bankite,pogotovo na onie veke propadnatite a se drzat na"vestacko disenje"so pari od javni/drzavni firmi.
Од: barbiUsa
Датум: 04.11.2010 21:58:28
Konecno nekoj da krene glas,za seto toa sto se slucuva tamu,jas ne sum vo MK ,ama znam deka kamatite se zacuduvacki,bravo za hrabrosta za se sprotistavi na golemite igraci
Од: GUVERNEROT
Датум: 04.11.2010 22:37:35
Izjavata na Kalenikov: "Guvernerot se spekulira niz javnosta deka ima sprega, jas go povikuvam guvernerot da pokaze deka on ne e vo sprega, so bankarskiot sektor I so (mala pauza, se misli dali da kaze ili ne) del od golemite firmi vo Republika Makedonija koisto ne davaat da se razvijat malite I sredni PRATPRIJATIJA, ne sakajki ili sakajki…" Se pomocav od smeenje dodeka go gledav :))

Најди! во Утрински
Економија
Трговскиот магнат Туш најбогат Словенец и годинава
Земјоделството чека попозитивна оцена од ЕУ од лани
И со торба пари тешко се стига до чанта „Луј Витон“
Бизнисот бара да се прифати кредитотот од ММФ
Интернет-билети за крш возови
Исплатени се сите побарувања за ДДВ, тврди власта
Со воз на море
„Д и Б“ ни прогнозира раст на БДП од 0,5 отсто
БМВ го зголеми профитот за 11 пати
Нема да слетаат бомби на нашите аеродроми






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis