Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

„Д и Б“ ни прогнозира раст на БДП од 0,5 отсто

Една од најпознатите светски бонитетни куќи „Дан енд Бредстрит“ ја ревидираше надолу процената за раст на македонската економија во 2010 година од 1,0 отсто на 0,5. „Економските перформанси се послаби од оч��куваните, затоа ние очекуваме благ пораст од 0,5 отсто во 2010 година, наспроти нашите претходни предвидувања за раст од 1,0 отсто“, информираат од оваа куќа.

Ваквата измена на процената се образложува со бавното темо со кое закрепнува македонската економија. „Реалниот БДП се зголеми за 0,4 отсто во вториот квартал во споредба со истиот период лани. Приватната потрошувачка се зголеми со слаби 0,1 отсто, иако потрошувачите и натаму се задржани. Тоа се одразуваше на благо подобрување на домашната побарувачка, а со тоа и мало зголемување на увозот, но со оглед на се' уште нискиот извоз, трговскиот дефицит останува на високо ниво“, се наведува во соопштението на „Дан енд Бредстрит“.

Кредитниот рејтинг на Македонија и во последната објава на „Дан енд Бредстрит“ за ноември се задржа на БД4б, што ја става во група на земји со умерен ризик.

Оваа бонитетна куќа очекува македонската економија да има голема корист од приклучувањето на државата во регионалната железничка транспортна мрежа Карго 10, формирана од страна на железниците на Словенија, Хрватска и на Србија, што ќе го поврзува австрискиот град Салцбург со грчкото пристаниште во Солун. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Калеников им објави војна на Азески и на Гошев
Трговскиот магнат Туш најбогат Словенец и годинава
Земјоделството чека попозитивна оцена од ЕУ од лани
И со торба пари тешко се стига до чанта „Луј Витон“
Бизнисот бара да се прифати кредитотот од ММФ
Интернет-билети за крш возови
Исплатени се сите побарувања за ДДВ, тврди власта
Со воз на море
БМВ го зголеми профитот за 11 пати
Нема да слетаат бом��и на нашите аеродроми






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis