Последното збогум на вистинскиот Ронадло
Бразилскиот напаѓач ги одигра последните 15 минути од својата кариера во пријателскиот меч со Романија
Легендарниот напаѓач на бразилската репрезентација се прости од дресот на кариоките на начин на кој со години ги одушевуваше навивачите. Пријателскиот меч со Романија во Сао Поало заврши 1:0 во корист на домаќинот, а стрелец н�� голот беше Фред.
Составот на Менезес славеше благодарејќи на погодокот во првиот дел, меѓутоа, поважното од тој гол и од самиот резултат, се случи во воведните половина час од мечот. Тогаш, стрелецот на голот од 21. минута ја напушти тревата и дозволи пред своите навивачи да се прости бившиот напаѓач на Барселона, Реал Мадрид, Милан, Интер..., пензионираниот 34 годишен Роналдо, кого ФИФА го прогласуваше за најдобар светски фудбалер во три наврати.
Тој одигра 15 минути: „Ве молам да ми простите што не успеав да забијам гол. Имав три шанси, но во тие последни 15 минути од својата кариера за жал не успеав да дадам гол. Тоа ќе беше мала награда за се што направивте за мене. Ме прифативте таков каков што бев, поради тоа што плачевте кога и јас плачев, што се смеевте кога и јас се смеев. Ви благодарам од дното на душата“, кажа легендарниот, а некои би кажале и оригиналниот Роналдо, по последните најемотивни 15 минути во својата богата спортска кариера.
Многу сегашни фудбалски ѕвезди му се заблагодарија на Роналдо.
„Кажа збогум. Роналдо ти благодарам за сите оние години. Уживавме“, му порача Андрес Иниеста од Барселона. Дефанзивецот на Манчестер јунајтед Рио Фердинанд потенцираше дека Роналдо е еден од најдобрите што ја играле оваа игра, но дека повредите го спречиле да биде најдобар на сите времиња.
И претседателот на Интер Масимо Морати не може да ги заборави деновите кога Ил Феномено играше за сино-црните.
„Тој е најголемиот напаѓач во историјата на фудбалот. Чувствувам голема наклонетост и почит кон него“, вели Морати.
Tрапатони ги победи своите Италијанци
„Клучот беше притисокот на Андреа Пирло на средината на теренот. Но јас сум Италијанец, па се надевам дека идните противници на Италија нема тоа да го користат“, изјави 72 годишниот селектор Џовани Трапатони, кој со Република Ирска ја совлада Италија во пријателски меч со 2:0.
Ирците поведоа уште во 36. минута со одличниот гол на играчот од средниот ред на Блекбурн Кеит Ендрјус, кој по кратко додавање од слободен удар погоди од повеќе од 25 метри. Конечните 2:0 ги постави Кох, кој влезе во игра во 60 минута, а во 89. успешно заклучи еден контранапад.
„Ако веќе мораше да загубиме подобро е што загубивме од Трапатони. Мора да го анализираме овој натпревар. Лошо се движевме во нападот и бевме премногу статични“, изјави селекторот на Италија, Чезаре Прандели, кој играше под водство на Трапатони во Јувентус од 1979 до 1985 година.
Ливерпул за 20. милиони фунти го донесе најдобриот млад АнглиЧанец
Јордан Хендерсон, 20 годишниот играч од средниот ред на Сандерленд, договори трансфер во Ливерпул. Него го сметаат за еден од најголемите потенцијали во англискиот фудбал, па затоа цената од 20 милиони и не е така голема.
Последниве сезони тој беше незаменлив во Сандерленд, а посебно брилјираше на почетокот на минатата сезона, по што Челзи и двата клуба од Манчестер влегоа во трката по него. „Конечно и Ливерпул да ја победи конкуренцијата“, напишаа некои англиски медиуми.
БИХ Ја совлада АлбаниЈа и се врати
во игра за второто место
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја совлада Албанија во Зеница со 2:0 (Панџа 67. минута и Малетиќ 91. минута), со што се врати во игра за пласман на ЕП 2012 година. Во групата води Франција со 13 бода од шест меча и е најблиску до директен пласман на турнирот во Полска и Украина. Следи Белорусија со бод помалку, но и меч повеќе. Трета е БиХ со 10 бода, па следат Романија и Албанија со по осум. |