Дел Боске најуспешен селектор во историјата на Шпанија
Селекеторот на Шпанија Винсенте дел Боске стана најуспешниот тренер во историјата на „црвената фурија“, откако неговите избраници ја победија Венецуела во пријателски меч со 3:0. Тоа беше негова рекордна 39. победа во 44 меча. Луис Арагонес има 38 победи на 54 меча. На трето место е Хавиер Клементе со 36 триумфи.
Луи�� Енрике нов тренер на Рома
Некогашниот фудбалер на Реал и на Барселона и тренер на Б тимот на Каталонците, Луис Енрике, е новиот тренер на Рома. Медиумите во Италија објавија дека Енрике потпишал двегодишен договор за 1,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
„Проектот што го подготвува Рома ме импресионира“, изјави Енрике, кој во трката за нов стратег на „волчицата“ го победи тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп.
Мирослав Клосе две години во Лацио
Напаѓачот на германската фудбалска репрезентација и довчерашен член на минхенски Баерн, Мирослав Клосе, кариерата ќе ја продолжи во римски Лацио, пишуваат италијанските медиуми.
Тој веќе ја стиснал раката со претседателот Лотито и директорот Игли Таре, а официјалниот потпис требаше да се случи вчера.
Клосе за четири години во Баерн настапи во 150 официјални меча и постигна 53 гола. Своето останување во клубот го услови со барање двегодишен договор, но најтрофејниот германски бундеслигаш беше за опцијата од една година, со можност за продолжување на уште една.
За репрезентацијата на Германија Клосе, кој денеска полни 33 години, заби 61 гол во 109 натпревари. |