Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Далас израмни против Мајами

Маверикси славеа во четвртиот меч (втор на свој паркет) со 86:83 и израмнија во финалната серија на 2:2

Продолжува големата битка за насловот најдобар кошаркарски тим во светот. По поразот во третиот меч, Далас го искористи домашниот терен и славеше со 86:83. Како и претходниот меч, и на овој имаше мал број поени, а интересно е тоа што Далас постигна ист број поени (Мајами тогаш победи со 88:86), во претходниот меч.

Како што се гледа од резултатот, тоа беше битка за секој кош, а како и во вториот меч во Мајами, Далас до големата победа стигна се пресврт на крајот. Мајами во последната четвртина влезе со предност од четири поени, која ја кренаа и на девет, но Далас ги доби последните минути и на крајот славеше.

По којзнае кој пат, Дирк Новицки беше јунакот на Далас и покрај високата температура (38,3), во последната четвртина постигна 10 од вкупно 21 кош, вклучувајќи го и тој за победа на 14 секунди. Во трет меч едноподруго неговата акција го решава победникот. Во вториот го мина Бош и поентираше за победа од 95:93, во третиот не успеа покрај Хаслем, но во овој четврти меч ги надмудри и Хаслем и Вејд за победнички кош.

„Ова е НБА-финале, ако не сакаш тука да го оставиш срцето, тогаш незнам каде. Тука е се' едноставно, мораш да излезеш на терен и да дадеш се' за тимот, а јас тоа го направив“, го предаде на крајот на мечот својот „рапорт“, војникот на Далас, Дирк Новицки. Не се предаваше и кога не му одеше, по воведните шест поени промаши 10 од 11 шута, но се знаеше во кој правец ќе оди топката кога ќе се крши мечот. Тајсон Чендлер одигра добар меч со 13 коша и 16 скока, двоцифрени беа и Тери (17) и Мареион (16).

Од другара страна, Двејн Вејд постигна 32 коша, но го промаши слободното фрлање за израмнување на 30 секунди пред крајот и ја загуби топката за последен напад. Крис Бош во родниот град постигна 24, а потфрли Леброн Џејмс со само 8 поени, најмалку од почетокот на плејофот, со мизерен шут - 3/11. Инаку, до овој меч Џејмс постигнуваше двоцифрен број поени во 434 меча едноподруго!

Како што истакнавме, Мајами ја испушти меч-топката за трфејот во последната четвртина. Без кош беа дури 5 и пол минути, до 1:50 минута пред крајот.


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце
Датум: 09.06.2011 11:07:19
Па добро бе, моравте до збор да преведете се од англиски? Не можевте самите да напишете нешто??? Или така е најлесно, земи статија од некој странски медиум, преведи ја и новинар си... ах бе новинари, новинари

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички се подготвува за Евролигата
Јаневски или Хаџиевски ќе го наследат Јонуз
Дел Боске најуспешен селектор во историјата на Шпанија
Нов светски рекорд на 100 м за белци
Последното збогум на вистинскиот Ронадло
Тајгер Вудс го пропушта УС опен
Прв ВТА-поен за Ѓорческа
Претставен факелот за Игрите во Лондон
Перез подготвен за Монтреал
Бахреин, најверојатно, отпаѓа

"""