Прв ВТА-поен за Ѓорческа
Најдобрата македонска јуниорка, 16-годишната Лина Ѓорческа, уште во својот прв професионален настап го освои првиот ВТА-поен, откако успешно стартуваше на турнирот во унгарскиот град Ниреѓхаза, кој се игра неделава на земјани терени и за награден фонд од 10.000 долари. Ѓорческа беше убедлива против квалификантката Полина Лејкина од Русија, совладувајќи ја со 6-2, 6-2 и во второто коло оди на седмата носителка Ивон Нојвирт од Австрија, која е 838. на ВТА-лис��ата.
За учеството на главниот турнир тетовката се избори преку квалификациите, во кои на стартот беше слободна, во второто коло ја победи Словачката Силвија Мартинкова со 6-2, 6-3, а во третото беше подобра и од Унгарката Дора Андрејски со 6-1, 6-1. (Р.Д.) |