08.07.2011, 18:18 Мислења
Кој победи во војната 2001 година?
Ѓорѓи Спасов
Каде се денес и потписниците на Охридскиот договор? Ниту еден од потписниците веќе не е на власт
Македонија годинава ја одбележува 10-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Договорот, по некоја случајност или не, беше потпишан на 13 август, на ист датум кога бил потпишан и Букурешкиот договор во 1913 година, со кој била поделена Македонија. За среќа, овој пат со договорот се спречуваше натамошната поделба на Македонија. Велат дека се одвоени над 200 илјади евра за прославување на овој датум со коктели, приеми и пригодни говори. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој својата политичка кариера ја изгради на противењето на Охридскиот рамковен договор и Груевски, кој иницираше референдум со кој ја загрозуваше неговата имплементација, најмногу слават.
Штета што на тие прослави не може да учествува Љубе Бошкоски, кој беше една од најколоритните личности на конфликтот од 2001 година. Тој ја водеше кампањата „Биди лав“. Пукаше од „жабица“, понекогаш и во нашите. Се криеше од куршуми на првата борбена линија пред камерите. Даваше патриотски изјави дека не се плаши од Хаг кога е во прашање одбраната на Македонија. Четири години додека беше во Хаг сите влади од Македонија го славеа како маченик и херој. Му помагаа и ја финансираа одбраната, одеа во Хаг, го посетуваа и го храбреа. Љубе е Македонија – беше нивниот став. На Македонија и' се суди.
А кога Хаг го ослободи Љубе, тие му пресудија. Не бил веќе брат, туку „сестра Љубе“, не бил патриот, туку предавник и не бил чесен Македонец, туку криминалец. Ќе бара Љубе во Хаг да се врати ама нема веќе нашите да му дозволат, затоа што имал политички амбиции. Сега паролата гласи: „Не го даваме Љубе - сами ќе му судиме“.
Од прославите ќе отсуствува и тогашниот министер за одбрана, Љубен Пауновски. Во време на војната од 2001 година голема улога имаа специјалците од Армијата познати како „волци“. Но, тогашниот министер за одбрана, Љубен Пауновски, кој на таа функција дојде од позицијата министер за култура, веројатно, сметал дека ако војува со армија што е нелегална во земјата и што нелегално и неказнето се снабдува со се' и сешто, дека не е нелегално и да се купи на црно малку храна за „волците“. И поради таа грешка, нашиот министер за одбрана од 2001 година е осуден на затворска казна од три и пол години, но и на прогон од политичкиот живот во земјава. А тој тврди дека сето обвинение против него е само монтиран политички случај поради тоа што тој не се согласувал со планот на својот тогашен шеф Љупчо Георгиевски за поделба на Македонија.
Веднаш по него, истата 2001 година министер за одбрана стана Владо Бучковски, а началник на Генералштабот генералот, Методија Стамболиски.
Тие беа на функциите и кога се случи Карпалак и кога армијата мораше да се држи под контрола да не дојде до ескалација на судирите додека се водеа преговорите во Охрид. Но, за дела од таа година, генералот Стамболиски беше уапсен, а на Владо Бучковски му беше одземен пратеничкиот имунитет. На двајцата им се суди дека за време на војната со нелегалната армија на Албанците во Македонија, нелегално набавиле резервни делови за тенковите „Т55“ и во првата постапка беа осудени на неколку години затвор. Оттаму, се чини дека и тие не се пожелни на овие прослави.
Генералот на полициската единица „Тигри“, Стојанче Ангелов, веднаш по завршувањето на конфликтот, во кој учествуваше и беше ранет, беше деградиран до најниското скалило во полицијата и формираше здружение на бранителите (учесници од македонска страна во војната), кои останаа без работа. Здружението го нарече „Достоинство“, а потоа формира и политичка партија, но како што самиот вели, „Македонците на овие избори не гласаа за достоинство“. Во Изборната единица 3 неговата партија освои само 2.000 гласа, а партијата на поранешните борци на ОНА, ДУИ повеќе од 6 илјади.
Во Хаг е осуден само Јохан Тарчуловски за кого никој во Македонија немаше слушнато додека не се појави таму, а Љубе Бошковски за истото дело за кое е осуден Тарчуловски е ослободен затоа што судот утврди дека тој како министер на полицијата немал командна одговорност во 2001 години. Според Уставот, командна одговорност имал починатиот претседател и врховен командант на армијата Борис Трајковски. Реално, сите носители на раководни функции во полицијата и војската во 2001 година од македонска страна на еден или друг начин се осудени, казнети или деградирани. Оние што се одзваа на повикот за одбрана и не отидоа на летување во Грција, останаа, главно, без работа и ги гледаме како често стојат пред Владата, барајќи трошка достоинство, помош за семејствата на оние што загинале или останале инвалиди.
Од стана на ОНА, која војуваше против безбедносните сили на Македонија (полицијата и армијата), никој досега не одговарал за дела направени во 2001 година. Патриотските телевизии непотребно не' труеа десет години со снимките од изживувањата врз мавровските работници, убиството на двајца вработени во мотелот кај Челопек, судбината на киднапираните во Тетовско и убиените во заседата кај Карпалак. Непотребно ни го креваа притисокот со некакви „хашки случаи“ и со приказни дека ниту едно дело нема да остане неказнето. Сето тоа го покри или по се' изгледа ќе го покрие амнестијата. Се зборува и дека македонските партнери во Владата „командната одговорност“ за тие дела веќе 10 години ја користат само за политичко уценување и дисциплинирање на раководството на некогашната ОНА, чиј командант е Али Ахмети и кој по расформирањето на ОНА ја формира политичката партија ДУИ, која со мала пауза од 2002 година до денес е постојано дел од сите влади во Македонија. Реално гледано, сите санкционирани лица за дела направени за време на конфликтот се лица од опозицијата. Веројатно, меѓу нив има и Албанци, а борците на ОНА чекаат вработување и згрижување на семејствата што останале без своите најблиски.
Но, да видиме каде се денес и потписниците на Охридскиот договор. Ниту еден од потписниците на тој договор веќе не е на власт. Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски ги изгубија изборите. А, исто така, ПДП и ДПА одамна веќе не се во власта. Деновиве Али Ахмети појасни дека ДПА и ПДП и не биле нивни претставници за време на разговорите во Охрид. Нивни преставници биле Питер Фејт и Стефан Лене со кои тој директно се договарал за тоа што може, а што не може да биде прифатено. А и Груевски никогаш не ги признавал Георгиевски и Црвенковски за свои претставници. Меѓу сегашните личности во власта нема ниту еден политички преживеан од потписниците на договорот.
Но, не им пречи да слават. Додека се гаснат опозициските медиуми во земјата и додека младите протестираат, во Македонија се прославува победата на изборите и победата во војната од 2001.
Македонија по 10 години од војната ќе добие министер за одбрана од редовите на командантите на ОНА. Барем ќе има кој да не' брани. Ние се покажавме неспособни.
(Авторот е универзитетски професор) |
|
Статијата е прочитана 3507 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Сергеј, 09.07.2011 01:28:48 | Листата на губитници од војната во 2001-ва е предолга. Доволно е да се каже - изгуби Македонија. А кој доби, македонските Албанци ли? Што добија? Оние кои добија е лесно да се пребројат: доби Љубчо Георгиевски, к��ј го искористи воениот конфликт за да „натепа“ стотици милиони; доби Груевски, кој се протна на испразнетото место на првиот (зошто Груевски не го гони својот претходник за тоа?!); и доби Ахмети - власт. Сите други изгубивме. Најмногу тие што изгубија живот, и Македонци и Албанци. ( http://otpor.log.ph/ ) |
| jimmy1, 09.07.2011 02:24:48 | Nisto drugo osven osveta za neistimislenicite na Grujo. Sve e montirano od Grujo-Makedonskiot Idi Amin. I nemu ke mu dojde denot, toa go znae od poodamna pa zatoa pred izvesno vreme si renovirase stan vo Sutka. |
| Гласноговорник, 09.07.2011 03:37:00 | Господине Спасов, вашата партија тогаш бранителите ги нарече животинско царство. Вие првин рековте па одрековте и коалициравте со Алија. Што е сега правење наудрени ? |
| Никола, 09.07.2011 04:10:43 | Реално, точно во средиштето. Овој текст треба да се испечати во илјадници примероци и да го чита секој патриотски настроен Македонец, кој нели, по дифолт, мрази комуњари. |
| Mapa Popara, 09.07.2011 05:24:43 | Profesore, me razbolevte! |
| Pecko, 09.07.2011 06:05:30 | Spasov, bukureskiot dogovor bese potpisan na 10 avgust 1913, a ne na 13 avgust! |
| kole, 09.07.2011 07:31:02 | Е ајде де оди да ја браниш Македонија после ова?????????
А победникот се знае.....тоа беше Џорџ Буш.......... |
| petar pan, 09.07.2011 08:59:45 | Kolku se digase prasina okolu Ohritskiot dogovor, se ginese i se ratuvase bukvalno za nisto.Posle tolku pominati godini eve pocnuvame i da go slavime, sto e sosema normalno dobivme eden pogolem stepen na graganska demokratija i viza za zaclenuvanje vo EU.Kako sto se biva kaj nas na (balkanite) tesko gi svakame normalnite procesi i kasnime bukvalno vo se,Pa taka i sega nekoj pak ni sugerira okolu kompromisot za imeto (Amerika)no nie pak digame" prasina" stagnirame vo se i pak se inatime, ke pomine dosta vreme koga totalno ke se" izgnjavime taka vnatre", i koga ke nemame veke sila za nisto, ke dojdat "cickovcite" i ke ne povlecat za uvce za da ni go pokazat patot.A nie pak vo nekoe dogledno vreme ke gi slavime nasite uspesi i nasite zaednicki pridobivki..(nie sme umen narod..(a toa okolu odbranata, gledate sega veke e i sosema nebitno koj ke bide minister.?.... |
| Kocin Sidnej, 09.07.2011 09:44:28 | Колумна од која може да се види вистинска слика на едно време и на една политичка номенклатура која се повеќе избледува. Се гледа неспособноста, неединството и немањето на државна стратегија во минатото која не прати и до ден денешен. Тоа е вистинската слика за жал така и натаму продолжуваме. Ама до каде до кога??? |
| д-р, 09.07.2011 09:51:46 | Навистина интересна анализа. Уште недостасува делот за тужбите на МВР кон бранителите... |
| citatel, 09.07.2011 09:56:55 | Pobedija i uste pobeduva i ke pobeduva Ahmeti.Tesko prasanje gospodine Spasov .Ovaa ke go znaat site generacii i treba dase uci vo istorijaata,a nekogas i ke se uci.Denes nema pogolem politicar vo Mk od ovoj.Vremeto pokazuva,dali nas ni odgovara ili ne toa tie. |
| guro, 09.07.2011 10:10:16 | Erol Rizaov go izbrkaa, ostana ti da pisuvas vo utrinski. Sega utrinski lici se poveke na grav nepodprzen i uste malku ednakov so Dnevnik |
| sime, 09.07.2011 10:34:55 | Temelna analiza na profesorot,nazalost takva e makedonskata vistina! |
| patriot, 09.07.2011 10:40:35 | do sergej
pa zosto ne go gonevte vie bugarinot posto ste mnogu dobro zapoznaeni so negovoto kriminalno dosie? vie ja nasledivte vlasta od nego , ili si gi oprostivte grevovite toj vas vie nemu ? |
| gragjanin na rm, 09.07.2011 10:59:17 | Prestanete da manipulirate so gragjanite na RM od makedonskata etnicka zaednica/ taka se vika sega mnozinskiot makedonski narod sprema odredbite na toj famozen ohridski dogovor /A koj pobedil e kristalno jasno stranata koja prifaka takov ponizuvacki dogovor kako sto e ohridskiot e kompleten gubitnik,bidejki pobednikot gi diktira uslovite na kapituliraniot protivnik,vo slucajov i na voen a uste poveke na politicki plan.Posledicite od implementiranje na ovoj dogovor ke imaat dolgorocni i trajni posledici duri i po opstanokot na RM.Potpisuvacite na ovoj dogovor od makedonska strana eden den ke im presudi sudot na istorijatai tie ke si go dobijat zasluzenoto mesto vo kolektivnata meorija na makedonskiot narod!! |
| B. Betinski, 09.07.2011 12:04:50 | Mozebi nekogas ke se doznae na sto se se obrzal B. Trajkovski za da dobie, vo vtoriot krug, 4 00 000 albanski glasovi od Dzaferi, so koi stana pretsedatel. Sto i da se doznae, ne moze da bide poinaku od stavkite vo Ohridskiot dogovor. Tie stavki mozat da se ostvarat samo po - vojna, do koja i dojde. Toe im e dobro poznato ne samo na akterite, tuku i na arhitektite na taa vojna. Se drugo, vklucitelno i ona sto ni go liferuva Spasov pod formata dlabokumna kolumna e - bla-bla-bla! |
| mihajlo, 09.07.2011 13:13:54 | Naslovot so sodrzinata na kolumnava nemaat nisto zaednicko.Ocekuvav dlabinska analiza na lice koe saka da se prestavi kako golem mudrec.No od toa nisto.Pisuva za poedinci kako da se vodela vojna pomedju dve "bandi" vo edno skopsko predgradie.Vo 2001 godina se vodese vojna.Koj pobedi vo taa vojna?. Albancite. Toa e fakt od koj nema beganje.A sto se odnesuva do poedincite,po mene najgolem krivec e pokojniot Trajkovski,koj nemase tri cisti da se sprotistavi.Korektno ce bese da si dadese ostavka. |
| попарен, 09.07.2011 13:47:33 | Професоре со жалење морам да констатирам дека сте во право и дека многу работи за и околу војната од 2001 година треба да се расчистат но за тоа не се создадени услови.
Кога велам услови мислам на услови во кои можат некои работи да се кажат, а за тоа некој да не го јаде стапот.
Жално е преде за жртвите и нивните семејства завиени во црно што за таа војна „вистината„ ја кажуваат оние кои додека некои страдаа и гинеа тие се одмараа по грчките плажи, а денеска ни држат предавања за патриотизам.
Колку е тажно кога народот не ја знае правата вистина и мора да верува во тоа што му го сервират некакви квази патриоти,кои војната ја виделе само на телевизија. |
| MANU, 09.07.2011 14:44:18 | Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka!
Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od MSP za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva
|
| Janakiev Nikola, 09.07.2011 17:09:11 | Kole.9.7.2011god.
Jas mislam imame uste zatova ni zimaja.Albancite i nija Makedoncite pocnavme da dbivafme po nesto.Mozebi Albancite dobivat povise.No inija dobivme i ke dobieme uste poveke.Ne sto sme silni nego sto poebata gi kosta. |
| srebre, 09.07.2011 20:37:06 | 1.pat da vidam asalen napis od ovoj covek...tocno e sto ce slavime 13/8 fedaralizacija sti drugo...nee vo ravo ist datum 1913g podelena mkd kako moze da nestobidepodeleno koga ne postoelo.....vo pravo deka ljube ce go bara hag pa zaopaden zatvor e bajka vo sporedba so idrizovo koj mu dava od kolacot vo mkd moze se da pravi ama klucevi od carska kasa brat ljube nikoj neti dava pa i da si sveti brat ljube.......... |
| do petar pan, 10.07.2011 06:18:17 | Ne e inat branenjeto na imeto i protivenjeto za menuvanje na imeto.No ti ne mozes ova da go razberes,zatoa sto ti nemas dostoinstvo,a ni pamet. |
| Нешевска Весна, 10.07.2011 09:25:32 | За жал се наоѓаме во една апсурдна,неправедна и безизлезна состојба. Сите кои имаат барем малку доблест, морал и поседуваат квалитет се деградираат,уценуваат, прогласуваат за неподобни и се уништуваат. Излегува на површина целата криминална багра која наметнува криминален систем на вредности. |
| aleks, 10.07.2011 13:37:59 | precizen tekst makedoncite doprva ke gi osetat posledicite od ramkovniot dogovor i ajde utre pak glasajte za branko iskreno gi zalam moite sogragani koi mu dadoa glasovi. |
| gv, 10.07.2011 16:33:41 | Do Aleks -Abe nepismen koj bese na vlast vo toa vreme,BC bese vo pozicija.Sramota |
| vace, 10.07.2011 17:04:24 | Sto ima vrska koj bil potpisnik vremeto si tece i se se menuva.Dogovorot si e dogovor i ke se sproveduva. Koj e denes ziv od Bukureskiot dogovor ??? nikoj , a toj uste vazi.Nas ni e najvazno deka dogovorot site go citame isto i znaeme kako da go sprovedme zaedno. Dosta ni e od povtorni Iliridi ili nekakvi zapadni provincii od kvazi politicari koi uste ne se simnale od onoj lud nacionalisticki konj po koj javaat 20 godini.Ni trebaat novi "potpisnici" garanti na dogovorot no ne revizii deka toj site go citame isto i znaeme so koi merki i za kolku vreme ke go do-sprovedeme.Znaci da bideme realni i so ladna glava a vizijata e ednostavna, ramnopravnost na albancite da ne se osekjaat kako gragjani od vtor red, no so toj proces ni treba uste eden paralelen a toa e Gragjanskata svest i koncepcija na ovaa drzava sto treba da ja izgradime a ne da se delime so uste pogolemi podelbi i getoizacii koi samo ke ne oddalecat edni od drugi. |
|
|
|
|
|
08.07.2011, 19:15 Насловна
|
29.03.2010, 15:02
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|