Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
10.01.2012, 17:18

Мое ќоше

Добри вести од Павел Шатев

Ерол Ризаов

Што ни приреди за Стара нова година Институтот за добри вести

Тамам се бев сериознo загрижил што го нема Институтот за добри вести „Павел Шатев“, кога оп, еве ги, се огласија, истражувачите од научната институција со големо и значајно име. Веднаш ми олесна кога видов какви спектакуларни откритија за расположението на нашите народи и народности ни приредија партиските научници спроти Стара нова година. Се намачиле луѓето да им телефонираат на илјада граѓани во празнично расположение, меѓу две сарми и голтка вино, да ги прашаат што мислат за нашата најважна работа, каква ни е власта, какви ни се партиите, колку ни е убаво на сите, кој е најубав и најсакан, каде одиме и како ќе живееме. Сега сум раат и сосема спокоен дека не' чека убава, бериќетна и просперитетна година. И што е најважно, ќе биде се' така додека не' предводи ВМРО-ДПМНЕ и најомилениот ни лидер, посакан од сите други заедно, нашиот драг водач Никола Груевски.

Замислете си колкаво е сензационалното откритие на истражувачкиот тим на „Павел Шатев“. Се' уште со највисок рејтинг меѓу сите политички партии е МВРО-ДПМНЕ, потоа има неколку празни места, па следуваат сите други. Кажано прецизно како што прилега за научен институт: на прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале, најголем дел од тие илјада души што ја имале среќата да бидат извлечени во лотаријата на „Павел Шатев“ 23,2 проценти одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7 проценти за СДСМ, 7 за ДУИ, 4,2 за ДПА и 1,8 за НДП. Ова е тоа што треба добро да го запаметите. А што треба веднаш да заборавите и воопшто да не размислувате за тоа е глупавиот факт што вака се изјасниле само 49,9 од анкетираните. Што кажале повеќето од половината, односно 50,1 проценти. Ништо. Си молчеле луѓето. Ни збор за ова не кажале 33 отсто од луѓето доследни на најголемата безимена партија МОЛК. Само незначителни 15,5 проценти, дури од втората по големина партија дрско велат дека не би гласале ниту за една партија. Ми недостасуваат 1,6 проценти. За нив научниците ништо не кажуваат, дали тие пцуеле или нешто зборувале против власта не знам. Но, сигурно не биле патриоти. Безобразници и едните, и другите и третите.

Потоа следува прашањето на кој му е н��јголем рејтингот. И тука има неверојатно изненадување. Никола Груевски е прв со 23,5 проценти. Повеќе вреди човекот и од својата партија. Потоа е се' празно, па одвај негде таму далеку ја покажува главата Бранко Црвенковски со 8,2 отсто, веднаш до него е Али Ахмети со 7,1, па потоа доаѓаат Руфи Османи и Мендух Тачи со 2,5 и 2,3 проценти. Или кажано со јазикот на апологетските труби, Никола Груевски сам има 23,5 проценти, а сите други заедно 20,1 проценти. Ете, така ти е тоа кога народот те сака. Ова е факт за трајно врежување во мозокот. А што е за амнезија. За заборавање итно е тоа што мислат 56,4 отсто од испитаниците. Истражувачите на „Павел Шатев“ ни кажуваат дека 24,7 проценти кажале дека немаат доверба во ниту еден политичар. Ова се, пак, оние неранимајковци на кои човек никогаш не може да им угоди. Колку повеќе ги галиш, тие се полоши. А што е со цели 31,7 проценти. За нив нема јавни податоци. Најверојатно се распоредиле по некои маргиналци не препознавајќи кои се вистинските наши водачи.

Ми падна камен од срцето кога научниците од Институтот за рилакс соопштија авторитетно дека мнозинството граѓани сметаат оти Македонија се движи во добра насока. Цели 47,6 отсто велат дека добро газиме напред, а безначајни 36,2 сметаат дека сме го утнале патот и одиме во погрешен правец. Пак ми недостигаат 16,2 проценти. Овие изгледа или не знаат каде одиме или мислат дека одиме назад. Браво за тимот на „Павел Шатев“, така се прави истражување. Ами како.

И на крајот, најслаткото, шлагворт, што би рекле античките народи. Над половината од испитаниците, 51,1 процент, сметаат дека Владата успешно ќе се пресмета со најавената светска економска криза. Небитни 33,4 проценти не веруваат во тоа. Во ништо да не се верувало, бре. Пак ги нема нигде цели 15,5 отсто. Аман веќе со тие. Знам, изгледа тие се оние типчиња кои наивно мислат дека од ова не може да биде бетер. Може, може...

Тоа ќе го докаже независниот Институт „Димитрие Чуповск��“ исто толку самостоен колку и „Павел Шатев“. Ги очекувам набргу со непристрасни оценки за подобните и неподобни медиуми. Овој пат мислам дека нема да имаат многу работа. Речиси сите се подобни.


Статијата е прочитана 4113 пати.

Испрати коментар



Куратица подготвена за василичарскиот карневал
И уште нешто
Кавадарци ќе го решава водоснабдувањето
Македонија лидер по сиромаштија
Словенците нудат македонски телевизии, Србите гледаат ХТВ
Администрацијата пак ќе се реформира, но како
Измина проектниот период за „Студенчица“
По скијање на снег, сурфање на интернет
Нуркачкиот туризам се' поприсутен во Охрид
Клаудија од Беловиште - македонското девојче во Берн



jovan, 11.01.2012 00:35:23
Pa koga ke se zeme vo obzir deka na mediumite site zaedno politicari ne se pojavuvaat kolku sto se pojavuva Gruevski, normalno e na sekoj anketiran, prv politicar sto ke mu padne na pamet e Gruevski. A i koj voopsto seriozno odgovara na tie anketi. Site ili vrtat glava ili se majtapat. Najdobro e sleden pat da se napravi anketa, kolku seriozno odgovaraat anketiranite na anketite. Pa ke se dojde do rezultat deka, 50% ne odgovaraat, 40% koj si teraat majtap ili ke odgovaraat radi reda od rakav, a edvaj 10%(a i toa e mnogu) seriozno ke se zamislat i ke dadat iskren i seriozen odgovor. Koja e voopsto svrhata na takvi anketi kade sto nikoj seriozno ne odgovara. Onaa sluckata so nekoja si Jana ne li vi kazuva deka narodot veke e licemeren. Edno im kazuva na ovie, a drugo im misli.
USA, 11.01.2012 02:14:02
Baras 100 procenti? Pa 100 posto ne izleguvaat na glasanje nikogas. Toe ti e esapot.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 11.01.2012 04:06:10
Verovatno Pavel Satev se ,,prevrtuva vo grobot,, sto mu se valka negovoto ime. Erole,toa sto velis deka Nikola Gruevski e nasiot najomilen i drag premier,te molam toa mozes da go kazuvas za sebe,zasto vece i vo Dijasporata se ,,budat od dlabokiot son,, so isklucok na edna saka na lugje koj za nivna sreca se mnogu zvucni,a i toa ce pomine kako i so Ljupco Georgievski. Srecata go posluzi Gruevski sto negovoto do kolku e taka egejsko poteklo iuako ovde koga bese vo Toronto povece bese zainteresiran Antonio Milososki za Makedoncite od Egejot otkolku nasiot licen na majka Nikola Gruevski. Veruvale ili ne vidovitata Kleopatra odnosno Slavica koja ima isto taka egejsko poteklo,a e vnuka na moi mnogu bliski prijateli vo Toronto neka vidi podlaboko i neka mu kaze vo oci deka negovata popularnost vo brzo vreme,mislam za ovaa godina zavrsuva so negovite bezobrazni postapki,zasto Gjavolot e vo negovata dusa.
rade, 11.01.2012 04:18:52
Ovoj erol pak trese gluposti daj neka se pomiri so vistinata narodot go kaza svoeto da za ova vlas na izbori ili i toa ne mu se dopadja kako anketata, napravete edna anketa za nego da bide sreken stavete go brane na celo na anketite pa da vidime dali togas anketite se namesteni daje samo ednaz zelbata da mu se ispolni pa da go procitame komentarot za taa anketa .
bivsi struzanec, zas imal maka, 11.01.2012 05:03:23
Bas me interesira Erol dali institutot Pavel Satev dobi na tender da objavuva ovie velicenstveni vmrovski propagandi ili se volonterska organizacija(dont think so) Na ovie ni Hitler ne mu bil raven , barev togas bese malce polesno manipuliranjeto na narodot ama kako uspevaat deneska VMR-ovcite e za Ripleys believe it or not
Kiril, 11.01.2012 06:41:12
Vecerna skola od institut koi rabotat po naracka. Kako ne se sramat od vakvite anketi (normalno go izgublie sramot vo predvorjeto na gluposta).
Миле - Охрид, 11.01.2012 08:55:17
Многу лоши вести за Македонија и македонскиот народ од последната анкета на институтот Павел Шатев. Голем процен�� од граѓаните ги поддржуваат политичарите и политичките партии кои се залагаат за игнорирање на меѓународното право, меѓународните договори, кои бараат Македонците да се откажат од своите основните човекови права и слободи и да се самоукинат, менуваќи си го името, во замена за прием на таквата држава во НАТО. Субверзивното делување на дел од медиумите, самонаречени „експерти“, таканаречени НВО-а финансирани од странски извори, партии и политичари на делови од народи во Македонија на соседни држави, плитичари Македонци на кои не им треба држава во која тие не се на власт, ја остваруваат својата агенда. Ствараат критична маса на граѓани кои можат да се „кренат“ и да предизвикаат конфликт, после кој ќе се побара меѓународна арботража, ќе се смени името и конечно ќе се избрише државата Македонија од картата на светот.Нивните намери се препознатливи и антицивилизациски.
penzioner, 11.01.2012 09:41:06
До Јован,дали веќе мислиш да одиш некое времена некое туристичко платено патување, барем еден месец, ова е молба
Nikola, 11.01.2012 09:56:56
Ludjeto se isplaseni da kazat nesto loso za ovaa vlast, oti se svesni deka gi ceka odmazda!
kumanovec, 11.01.2012 10:07:40
Kakvi gluposti se sluchuvaat vo nashava jadna drzava.Pa samo glupav chovek moze da veruva vo vakvi anketi.Zamislete vo ovaa vreme na seenje strav medju lugjeto ke se osmeli nekoj da bide iskren i da dade iskren odgovor, koga e jasno od koj telefon zboruva i koj e samiot koga se mu pishuva vo telefonskiot imenik od koj e izbran.Zamislete shto go ochekuva toj shto ke dade losh odgovor za ovaa vlada.Zarem ne e dovolen izveshtajot na londonskiot ekonomist za sostojbata kaj nas.
д-р, 11.01.2012 11:20:41
Ваквите квазинститути и квазианкети ја девалвираа социолошката анкета како релевантна научна техника на истражување. „Све у служби народа, т.е. власти.“
Istocna Makedonija, 11.01.2012 11:24:26
Naracani i fingirani anketi vo propagandni celi i so sugestivnost za da se ostane na tolku ljubena- ta vlast,nekako i mozat da se toleriraat!Ama.tolku uporno i makijavelisticki da se nastojuva da se vlqdeei koga,rabotive evidentno ne cinat,moral- no i materijalno e unisten duhot na covekot,e za ova treba kompetentna psihopatoloska analiza! Eden mal apel,nemojte da gi identifikuvate posta rite generacii,zrtvi na egzodusot na nasinci od E.Mkd.Tie imaat i doblesti,ovie potomcive se bes krupolozni,alcni , nehumani,neuki i na vlast!
Морис, 11.01.2012 11:42:32
Каков институт аква и анкета.Најважно е што македонска телевизија му даде јака минутажа...Гледам дека лажеле значи лажеле и на мртв. Добро е да се знае кога лажат.
Mark-do MIle-Ohrid, 11.01.2012 11:48:29
Poslednite tvoi dve recenici-od tvoja usta vo Bozji usi!!!! Toa bi bila najubavata rabota sto bi mozela da i se sluci na Makedonija! Ti cestitam prijatele!
nizok rejting, zoshto?, 11.01.2012 12:19:48
Никола Груевски е прв со 23,5 проценти, pa ovaa konstatacija ne e za falenje tuku e za plachenje. Vistinskoto prashanje ne e koj ima najvisok rejting, pa makr so 20%, tuku zoshto rejtingot na politicarite e tolku NIZOK?!Na Zapad ako ti padne rejtingot pod 40-45% se pali crven alarm! Tamu rejtingot se meri vo 50%, 60%, 70%, kako na vremeto shto beshe rejtingot na pretsedatelot Gligorov.
ann, 11.01.2012 12:44:36
Politicarite i polavite se slicni:duri po nivnoto povlekuvanje se gledaat posledicite(kalta,gjubreto,plasticnata (barokna) hirurgija na Vodovod i kanalizacija i taka natamu i taka navamu..)!Pavel Satev i Dimitrija Cupovski -kako pristrasni instituti pristrasno ocenuvaat...steta sto gi nosat iminjata na ovie zasluzni velikani!Londonski Ekonomist go kaza toa sto ne sakame da go slusneme,iako milioni evra mu se dadoa za da ne fali, a toj ne kudi..tendenciozno,zamislete...dali da placeme ili da se smeeme?!Bravo Erole!
Veselin, 11.01.2012 12:57:47
Pa Utrinski neka napravi edna anketa.Ne veruvam deka ke cini tolku mnogu.
Psuvach, 11.01.2012 14:17:13
E ubavo se iznasmejav. A ovie patriotskite komentatori nemaat smisla ni za humor. Mizerno od nivna strana. No za toa vo slednata ocenka na economist ili adekvatna institucija.
do neinformiranite, 11.01.2012 16:02:10
Pa i pred izborite ne veruvavte na anketite od Pavel satev,Dimitrija Cupovski,pa na izborite se vide deka bile vo pravo so nivnite anketi.Se vide deka opozicionite anketi kako sto bese od Progres pravea namesteni anketi.Do Mark.Nema da ti se ostvari zelbata za promena na imeto i nema Makedonija da propadne i ke si go odbrani imeto.
seirdzija, 11.01.2012 16:25:31
Mi se javuva nekoj detski glas za anketa...P.Satev institut....velam nema problem,povelete...i bla,bla,bla i ljubezno mu rekov deka ke odgovoram na site postaveni prasanja samo da mi kaze sto e toa INSTITUT!!!Deckoto NE ZNAESE!!! Otuka sosema sum soglasen so Erol za prijatnosta na vestite od istiot INSTITUT...uste edna saka na platenici...koi ke go placaat dolgot koga denesnive patrioti ke ja zduvaat kako Dalaverski!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -6°C

Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |