Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
10.01.2012, 17:43

Македонија лидер по сиромаштија

Британски „Економист“ ги разби илузиите на Maкедонија. Како бомба одекна во јавноста „лидерската“ позиција што ја заработи Македонија според индексот на мизерија

Нина Нинеска-Фиданоска
Соња Маџовска



Како бомба одекна во јавноста „лидерската“ позиција што ја заработи Македонија според индексот на мизерија, на листата на угледниот лондонски „Економист“. Ова рангирање британскиот магазин го направил меѓу 92 земји во светот, а во него се вкалкулирани споредбено бројот на невработените и процентот на инфлација.

Од Владата експресно нагласија дека не сакаат да коментираат вакви „новинарски рангирања“, туку ги интересираат само оние изработени од релевантни меѓународни институции. Но, експертите со кои контактиравме сметаат дека оцената на „Економист“ не е далеку од реалноста, бидејќи, со оглед на процентите за сиромаштија, невработеност, како и високите цени, нашето население навистина живее во мизерија и во беда.

Опозицијата, пак, која по објавувањето на ова рангирање како да ги дочека своите пет минути, исфрли жестоки критики врз Владата, нагласувајќи дека таа ја довела земјата до една ваква срамна позиција, поради штетните економски политики кои ги води, порачувајќи и' веднаш да ги намали непродуктивните трошења и да почне да се справува со сиромаштијата.

„Честа“ да го искаже владиниот став во врска со „водечкото“ место на земјава според индексот на мизерија, вчера му припадна на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

„Македонија по различни параметри е рангирана од страна на меѓународни финансиски институции, кои се релевантни за тоа. Новинарски написи не би коментирал“, изјава Ставрески.

Аналитичарот Ден Дончев вели дека тој е обично остар критичар на состојбите во Македонија, но кога еден угледен весник како „Економист“ ќе не' смести на првото место според индексот на мизерија, тоа звучи многу тажно. „Процените на ’Економист‘ не се далеку од реалноста. Колку и да звучат тие песимистички, факт е дека земјава има над 32 отсто невработеност и над 30 отсто стапка на сиромаштија. Тоа што слабата македонска економија зависи од трансфери од дијаспората, е јасно дека станува збор за сиромашна земја. Голем број од македонските граѓани живеат во сиромаштија. А нивната состојба не се подобрува, туку во последниве години тие стануваат се' посиромашни“, вели овој аналитичар.

Тој потенцира дека најголем проблем за македонските граѓани е постојаниот раст на цените и тоа што слабее куповната моќ, а примањата не се зголемуваат. Според одредени процени, цените во последниве неколку години се зголемиле за над 70 отсто, а тоа не е проследено и со соодветно зголемување на платите.

„Оние што немале или имале мали примања, сега се уште посиромашни, поради огромниот раст на цените, кој не соодветствува со раст и на приходите. Но, затоа сме сведоци на раскошните трошења на Владата, кои се финансираат со нови задолжувања. Во Македонија не се научи основната лекција - дека не може да се создаде подобар стандард преку трошења и нови позајмици. Единствен начин да се подобри економијата и животниот стандард е преку зголемување на производството, кое отвара нови работни места. Само создавањето на нови вредности може да ја намалат сиромаштијата“, укажува Дончев.

Опозицискиот СДСМ, пак, поентираше дека „благодарение на штетните економски политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, станавме прваци во една, за Македонија многу негативна категорија, односно го освоивме првото место во индексот на мизерија“.

Марјанчо Николов, претседател на Собраниската комисија за финансирање и буџет, на вчерашниот прес изјави дека на Македонија, друштво на оваа срамна позиција и' прават земји како што се Иран и Венецуела. „Во истиот овој ’Економист‘, Владата на ВМРО-ДПМНЕ на реклами за промоција на Македонија потроши повеќе стотици илјади евра. Се надеваме дека неговата оцена Владата нема да ја спори и да вели дека е тенденциозна и злонамерна“, рече Николов.

Тој додаде дека Груевски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за пет години владеење потрошиле 15 милијарди евра народни пари, или секоја година трошеле минимум по една милијарда евра повеќе од сите претходни влади, а нивните резултати во делот на економскиот развој и борбата со сиромаштијата се повеќе од катастрофални.

„Бараме Владата да престане со ваквото мегаломанско, непродуктивно и расипничко трошење на народните пари, а Македонија, наместо светски првак по индексот на мизерија, да почне да биде препознатлива по позитивни работи, економски развој и просперитет. Очекуваме Владата да почне домаќински да се однесува кон народните пари и сериозно да се зафати со решавањето на реалните проблеми на граѓаните во Македонија“, нагласи Николов.

Либерално-демократската партија, пак, го повика премиерот и Владата да престанат со непродуктивните трошења за реклами и за споменици и парите да ги намени за раздвижување на економијата, со цел конечно да се намали сиромаштијата.

„Според параметрите на ’Економист‘, од вкупно 92 земји од светот Македонија е на првото место, а веднаш зад неа се Венецуела, Иран и Јужна Африка. Грција, која е во тешка економска криза, е на 13. место, а преостанатите европски земји, според овој индекс, се над 50. место“, изјави Дејан Блажески, член на Централниот одбор на ЛДП.

Партијата презентираше податоци на Државниот завод за статистика, за стапките на сиромаштија во Македонија, во периодот од 1997 до 2010 година. Според нив, во 1997 година стапката на сиромаштија во земјава била 19 отсто, во 2001 година таа изнесувала 22,7 проценти, а во 2010 година нејзиното ниво е 30,9 отсто. Индексот на длабочината на сиромаштијата, пак, во 1997 бил 4,6, во 2001 изнесувал 5,4, додека во 2010 година е 10,9. Од ЛДП велат дека за 2011 уште нема готови податоци, но според начинот на кој живеат граѓаните, очекувано е овој индекс да биде значително повисок.

„Го повикуваме премиерот Никола Груевски веднаш да престане со непродуктивните трошоци на парите од Буџетот, да престане со саморекламирањето во медиумите, купувањето мебел и опрема за удобните кабинети на министрите, непотребните набавки на возила и изградбата на енормниот број споменици, и парите да ги намени за раздвижување на економијата, отворање работни места со кои реално ќе се намали невработеноста, социјални пакети за најсиромашните, и конечно да почне да се справува со сиромаштијата“, рече Блажевски. (Н.Н.Ф.-С.М.)

Први на листата

„Новата година беше лошо време за да почине јавна личност. Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија, беше игнориран кога почина на 1 јануари: странците кои нормално би биле заинтересирани за таков настан, беа зафатени со обидот да пресметаат дали е неминовна нуклеарна војна на Корејскиот Полуостров. Македонија може со љубов да се сеќава на Глигоров, но земјата е во метеж. Се наоѓа на врвот на индексот за мизерија, кој здружува два моќни индикатори на економската безнадежност - невработеност и инфлација. Неконтролираниот пораст на цените главно е проблем на земјите богати со нафта, кои имаат чудно економско управување, како што се Венецуела и Иран, и во помал степен Русија. Впечатлива карактеристика на ажурираниот индекс, сепак, е дека високата невработеност сега сместува неколку богати европски земји на иста позиција со најмизерните земји во светот, или барем 92, за кои има доволно податоци“. (Економист)


Статијата е прочитана 7306 пати.

Испрати коментар



Куратица подготвена за василичарскиот карневал
И уште нешто
Кавадарци ќе го решава водоснабдувањето
Добри вести од Павел Шатев
Словенците нудат македонски телевизии, Србите гледаат ХТВ
Администрацијата пак ќе се реформира, но како
Измина проектниот период за „Студенчица“
По скијање на снег, сурфање на интернет
Нуркачкиот туризам се' поприсутен во Охрид
Клаудија од Беловиште - македонското девојче во Берн



jovan, 11.01.2012 00:26:22
Ekonomist ne samo sto ne e daleku od vistinata, nego tokmu pravata vistina i ja kazal. Dovolno e samo da izlezete od Makedonija i samite ke si svatime kolku sme mizerni. Nemora ni da se sporeduvame, ednostavno mizerijata vednas samite si ja osekame. Toa vazi za onie koj mozat barem da izlezat i ja vidat realnosta, a onie koj nemaat pari ni do Solun da otidat i barem eden sendvic tamu da platat i izedat, i ponatamu ke im se nudi virtuelniov svet, deka ovde e najubavo, a Evropa i svetot propagaat. Za izjavite na Stavrevski od tipot tazi dupka ne e dupka nema veke potreba da se komentira. Covekot e cista dupka, stom ne go komentiral Ekonomist, a plaka reklami za da go komentira doing business koj pomegu 50 tabeli ja nasol Makedonija vo nekoja tabela kade sto im vodi na nekolku Afrikanski drzavi za nekakvi si uslovi za biznis. Ne e veke ni smesno, ni tazno. Ova e nenormalno, koj se ne vodi i kroj sudbina.
граѓанин, 11.01.2012 00:35:24
Не допираат тие информации ни до умот ни до срцето на Груевски. Тој си има болна визија да го пренатрупа градот со куп споменици па макар и пола население да изумре ако не од директно од сиромаштија повеќе од сигурно од секирација. А не можам да с�� изначудам на аргументот на ДПМНЕ дека власта во либерален капитализам не требала да мисли за стопанството, за фабрики, работни места. Навистина уште сме во фаза на ран, угнетувачко-лоповски капитализам, ама не знам зошто се вадат со таа непостоечка економска теорија дури и за ран капитализам. Претседателот на најкапиталистичката земја Обама на пример, цело време е притиснат да прави глобални стратегии за вработување и е прозван за тоа. А Груевски збогатен и сит плус со вишок станови купени за време на македонската криза( и тоа во најцрниот ден), сега изигрува уметнички мецена со народни пари и кај што го сроза мнозинството население со пропагандни кампањи упорно го убедува колку им е добро.
USA, 11.01.2012 01:45:12
Zavisi koj kako gleda na anketava od Economist Inteligence Agency sto ne znaeme sto znaci. Ako se zeme predvid deka ima uste tolku zemji vo svetot sto nemaat verojatni informacii, togas avtomatski sme vo sredinata. Uspeh e sto voopsto ne spomnuvaat vo relevanti zemji. Tuka ima i matematika. Vo USA, na primer, ofocijalnata brojka na nevraboteni e 8,5 procenti. Vo realnost taa se dvizi do 15-16 posto. Tuka sum i znam zatoa sto golem broj ludje nemaat pravo da se prijavat vo biroata zatoa sto gi iskoristile beneficiite koi se limitirani. Kako li toa funkcionira vo Iran ili Venecuela?
Mapkoc, 11.01.2012 01:49:04
Индексот за мизерија – дознаваме од Економист - здружува два моќни индикатори на економската безнадежност - невработеност и инфлација. Меѓутоа, не станува збор само за економска туку и за општа безнадежност во Македонија, која веќе пет години ја нарекувам безнадежија. Срамно е што компетентен човек за ова подрачје, г. Ставрески, си позволува понижување оспорувајки ја релевантноста на листата на Економист (на страна што и`се на власта доволно релевантни пофалби и од безначајни листови за да удри во таламбаси). Ова е голема срамота за целата земја, али е секако најголема за Владата со премиерот Груевски на чело. Таа толкави години држи и ножици и платно. Дереџево до кое ја доведе Македонија бара нејзино повлекување. Впрочем, таа нема легитимитет за водење на државата – и`остана само легалитетот добиен со последните избори. Посакувам владата да се угледа на Ирокешкиот народ пред многу векови, кој повеќе страхувал од срамот од колку од било каква казна.
jimmy1, 11.01.2012 04:28:03
Stavreski nema sto da kaze drugo, sekogas se pravdaat so netocnost na podatocite kako sega deka bilo novinarsko rangiranje. Izgleda na gospodinot minister ne mu e poznato deka Ekonomist nepravi rangiranje, tuku rangiranjeto e napraveno od nekoja institucija a Ekonomist go objavuva. Nema sto da kazi zosto vistinata e taa, i lagite ne uspevaat poveke. Ako se rangiraat politicarite od vlasta i pratenicite kavi beneficii imaat veruvam deka nasite ke bidat na prvo mesto zosto za niv si izglasaja za sve sto im, e potrebno. Ako kaj nas postoi nekakov zakon i pravda dosega pola od politicarite trebase da bidat vo zatvor. Do USA, izgleda si go izgubil vidot pa negledas nisto pred tebe ili pak begas od realnosta kako gavol od krst zosto si oboen vo portokalova boja.
cico od amerika -vistinskiot, 11.01.2012 05:21:06
Golema Greska e na ovaa vlast a i na proslata sto zatvaraat firmi od drugata partija. Samo radi toa tapkame vo mesto. Ako napravite komparacija so zapadot i drugite zemji poslednive 200 godini ke vidite deka edinstvena razlika e sto politikata vo zapadnite zemji ne se mesa vo biznisot i ne favorizira. A sudstvoto si ja vrsi rabotata nema pretenzii prema niedna partija nego prema pravdinata. Ne se dozvoluva da se stvori pazarna ekonomija kade podobriot, po inovatiniot i porabotliviot ke uspee nego toj sto e blizok so vlasta ima stalno prednost. DO Komentatorot od USA. Toa sto go zboris nema vrska. Vo Amerika ima 20 -30 milioni nedokumentirani meksikanci/kinezi/indici itn. koj se tuka samo radi rabota a ne radi vozduhot (za sekoj sto saka da raboti vo USA ima rabota!).
Ljubotan Trade Name, 11.01.2012 05:32:04
Nadvor Cista Modomanija, se gleda po slikataa-fotografijata,a Doma Cista Sirotinai. Nikoj ne moze da mi kaze ,deka e poinaku! :Vene Vici Vidi!
ZRAK, 11.01.2012 06:32:16
spored tekstot zaklucuvam deka ako se pravi lista za udobnos i raskos na vladi nasite ke bidat mego prvite,sto vo prosek ke bideme vo sredina[taka sumiraa vladinite sovetnici eksperti].
Tome, 11.01.2012 06:36:48
Branko e kriv. Ajde sega stecajcite so transparenti da odat vo London i da protestiraat pred Ekonomist. Mirez-Makedonija... Za 6 godini (zaedno so ovaa) ispupaja od narodot okolu 15 milijardi evra ili vo prosek po 7.500 evra po glava na zitel (za 4 cleno semejsto 30.000 evra). Ajde pak po novi neproduktivni investicii... spomenici so basnoslovni sumi, avtobusi (koi prokinsuvaat), komputeri za sekoe dete (obicni igracki za deca)... Napred Mizer-Makedonija.
astro, 11.01.2012 06:44:55
toa go znaat i malite deca nego dali ke dojdat grupa politicari da ja vodat makedonija vo dobri patista i koi se problemite da se trgne napred .
od ostrijot, 11.01.2012 07:58:27
sega na ovije od ekonomist daim udrime edna tuzba za iznesuvanje vistina na videlo.
Kharn, 11.01.2012 08:36:51
Излиза дека при љубчо блгаринот живеефме подобре
Normalen, 11.01.2012 08:53:51
Do USA, vo Irak i Venecuela si funkcionira kako tie sakaat.Tie barem ne frlaat bombi niz svetov da sirat demokratija.Vas sega Vi kazuvaat kako ubavo funkcionira Irak,Avganistan,Libija,Egipet.Prava bajka.I Ve ucat (plasat) deka S.Koreja,Iran,Kina ke Ve napadne.Vie pustite pa si veruvate, po onaa Gebelsovata da sekoja laga kazana 10 pati, veke na 11 tiot pat e vistina.Ve ucat kako Putin e diktator, neli?!Tuku na Amerika urnek za dobro stopanstvo treba da bide KINA,BRAZIL,RUSIJA,INDIJA itn.Prifatile toa Jenkite ili ne, realnosta go pokazuva toa.Za realnosta vo ubavinite na bajnata USA veke site sme zapoznaeni.Za da ti bide pojasno pogledni go dokumentarecot Amerika freedom to fashizam,Wake up call.,normalno ako go vladees angliskiot.Ke ti stane pojasno i za Iran i Venecuela itn.Normalno ako sakas da ja prifatis realnosta.Ili poubavo e da uzivas vo ubavinite na J.Springfild,Big Brother i slicnite voajersko/nezdravi emisii na koi im se voshituvate Vie vo USA.Gledaj i uzivaj
Христина, 11.01.2012 08:54:53
Го цитам текстот и воопшто не сум изненадена. Зарем не е очигледно, а и јавно се признава, дека се она што се гради е од позајмени пари, и тоа огромни суми, кои треба народот да ги враќа? Зошто упорно и тоа голем број на луѓе тврдат дека она што прави Груевски е добро и позитивно и дека со тоа што гради споменици ќе привлече повеќе туристи. А кои тоа туристи: Тие кои веќе во своите земји го имаат истото? Каква историја тој прикажува и каква заблуда. Но пак ние како народ сме виновни зошто него и неговата партија ги изгласавме. Што сме сееле тоа ќе жнееме. А што се однесува до проценот на невработени, и тука бројката од 32 посто не е веродостојна зошто има голем број кој не можат да бидат заверени во Заводот за вработување зошто имаат регистрирани фирми кои воопшто не функционираат. Се додека економијата не дојде на прво место, а се останато на второ, трето и т.н. од нашата држава нема да биде ништо. НЕКА ЕДНАШ ПОЛИТИЧАРИТЕ НАУЧАТ ДЕКА ТРЕБА ДА РАБОТАТ ЗА ДОБРОТО НА ДРЖАВАТА И НАРОДОТ!!
citatel, 11.01.2012 09:02:56
Znaci na Vladata na DPMNE i uspea vo 100 cekora da ja donese Makedonija na 1-to mesto vo svetot po MIZERIJA.. NAJMIZERNA ZEMJA VO SVETOT.. Epa cestitam premiere.. i bas me interesira do kade ke dogurate..
Bogomil, 11.01.2012 09:34:29
Зарем лондонски Економист требаше да ни ја открива македонската сиромаштија. Таа не е резултат на сиромаштијата на земјата, која е пребогата со природни ресурси и трудољубив народ, туку на криминални влади, составени од родени душевадци на сопствениот народ. Во таа сиромаштија се накоти бизнис-глутница од милијардери -човекождери. Што друго можеше да и се случи на државава и на народов. Многу семејства не се на дното, туку и под него. Додека наши емисари одат низ светот да ја рекламираат македонската поволна клима за странски инвестиции, лондонскиот високотиражен и светски етаблиран весник Економист, македонската долна облека со многу дупки и крпеници ја закачи на највисокиот јарбол. А нашите гладни усти допрва ќе проговорат на сет глас, па и за тоа што Ставревски го премолчува и одбива да го коментира. Демек - треба да се верува само на она што го тропаат домашните трубачи.
x, 11.01.2012 09:56:43
Koja glupost,vo ovaa tabela Makedonija e samo kolateralna steta.Poentata na vesnikot e da se prikazat IRAN i VENECUELA kako mizerni drzavi od oskata na zloto kako sto gi narekuvaat nasite prijateli od zapad.Zatoa nemojte mnogu da se optovaruvate so vakvi nebulozni analizi
Миле, 11.01.2012 11:04:52
Сите знаеме дека најголемата сиромаштија на народот и невработеност со стапка од 40% се случи во периодот од 1994 г. до 1998 г., како последица на криминалната приватизација напревена од страна на СДСМ, така да трагикомична е изјавата на пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов.
Istocna Makedonija, 11.01.2012 11:42:20
Nekogas,nekoj-nekoi ke treba da ja ponesat istoriskata odgovornost za prestiznoto priznanie i osvoenata ,,crna,,medalja kako lider na siromas- tijata.I normalno ke ima komentari od opkruzu- vanjeto deka vo toa i toa vreme podobro se zivee lo.Podobro ,ili ne taka loso kao denes,toa sigurno e taka!
skandinavija, 11.01.2012 11:52:04
sostojbata vo md e uste polso posto se izbrisani 6% nevraboteni samo zatoa sto nese prijavile na odreden den i kazna edna god se brisat..na zapad isto te brisat ama ako dojdes po eden cas ili eden den vednas si pak na spisok nevraboten...plus vo mkd mnogu i nese prijavuvat na biro posto nema ni teorija za rabota...plus 99% muslimanki zeni nese prijavuvat zatoa reralniot br za mkd index e mozebi i 60...no i vaka sme najsiromasni...koga odam vo mkd poslednite 4-5god nevidena siromasitija porano sakav da se vratam ama sega ne ni pomisluvam mi e strav,duri prijateli na 50-60godisna vozrast me prasuvat kako da zaminat za skandinavija ziveat vo mizerija im velam ne primat mladi ne pa stari.....
Sara, 11.01.2012 12:29:03
JAS MISLAM DEKA OVA NE E TOCNO. ZA MAKEDONIJA NEMA MERKA ZA SIROMSTIJA NIE SME PODOLU I OD NAJ NISKATA MERKA. ABE UCETE SIE EKONOMIJA OD LDP!
leptokarija, 11.01.2012 12:43:31
kralot e gol...prvi sme koencno. mu uspea na ali baba i negovite aramii, po 6 godini ja otvorija zlatna kapija i ali baba otkri deka bil gol, bez gaki, a za aramiite komentarot e izlisen...revolucija e sledniot cekor i inkvizacija
Vendeta, 11.01.2012 12:57:15
Се додека народот се плаши од владата, а не владата од народот, ситуацијата ќе се влошува и ќе си тапкаме во едно место
m.east, 11.01.2012 14:04:43
pa jas neznam sto e tolku cudenje, zar Economist treba da ja obelodeni veke vistinnata...toa e nepobiten fakt sto e objaven...vo sekoj slucaj sramota...se sramimime i nie lugeto koi sme nadvor od makedonija...ako malce mrdnete ndvor, ke vidite kolkave tazen cinot koga ke ja spomenete makedonija, t.e ke najdete hrabrost da kazete od kade ste, kakov e stavot na lugeto...zato ne se cudite nastiotimage megu strancite e od davna rangiran kako mizeren...ne e ovaa nekoja golema novost.
ДОБРО УТРО ИЗНЕНАДЕНИ. И ВО ЈУ БЕШЕ РАЗЛИКАТА, 11.01.2012 14:40:26
Изградените села во на пример Чешка , автопатите пругите не се од ЕУ туку од порано кога нашите села беа калливи и без струја ама важно скокаше некој како било подобро во ЈУ отколку таму. Бог да чува.И тогаш со нивните плати купуваа повеќе млеко месо леб. Помалку цигари и алкохол.Станбен проблем како тука во ЈУ немаше. Тоа што сега се гледа е од поодамна.Треба вистински да се лоцираат причините за Македонија.
Alek, 11.01.2012 14:47:52
Ne e taka, velat patriotite. Ami kako e? Da ne vozam mercedes (shto podrazbira se podmireno na visoko nivo) i imam barem 3 000 evra plata. Bog da gi chuva od luda pamet. Ako ova ne e mizerija togaj ne znam shto e. Ili go gledaat samo centtarot na Skopje i bogatashite vo nego.
mile, 11.01.2012 16:09:42
Ovaa zemja nema gazda zatoa e vaka. Vo Anglija Kralicata gi drzi komcite i gotovo. A vo Makedonija vazi parolata mozis da bidis minister ,, pa daj da probam,,. Evolutivniot razvoj e zastanat kaj nas namaceni luge.
d, 11.01.2012 18:12:20
se soglasuvam, tocno! samo da ne ni se sluci istata sudbina sto ja snajde Grcija zaradi tie adolzuvanja.
vlado, 11.01.2012 19:25:21
Ne se potrebni komentari,najdobro e da se prasaat najsiromasnite sloevi a gi ima se poveka,no i nie sto rabotime,rabotime vo sistem na diktatura,i zatoa i ekonomijata ni e na vakov stepen,bidejki diktaturata go gusi 4ovekot i ne mu dava da dojdi do izraz i da misli so svoja glava.Prasajte gi mlekarite sto zna4i parolata ohrabri se,napravi go prviot 4ekor...
mizerija, 11.01.2012 19:35:53
ova ne tolku strasno. dali ima skala da ja izmeri DUHOVNATA MIZERIJA na makedonceto.
kire, 11.01.2012 22:32:16
Да,Да,благодарение на врвниот економис т.е.,,министерот Зоки Ставревски и г-динот Николче ,,го заслуживме 1- во место

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |