Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
10.01.2012, 16:10

Хурем - големата љубов на султанот Сулејман

Хасеки Хурем Султан била раскошна убавица од руско потекло која сосема го маѓепсала големиот турски владетел

Хасеки Хурем Султан или Рокселана му била најдрага, најомилена жена на турскиот султан Сулејман, кој во наполно разбирање и хармонија ги поминал со неа најубавите години од својот живот, ама и кога починал, вечното почивалиште го имал до својата сакана. Серијата за султанот Сулејман моментално се прикажува на телевизијата Канал 5, а ликот на убавата Хурем го толкува актерката Меирем Сарех Узерли (1983).

Хурем му влегла на султанот под кожа, иако тој ја надживеал за осум години, ама во неговото 46-годишно владеење, таа му била најважен консултант, што би се рекло и емоција и разум. Патем, оваа серија не наиде на убав прием во Турција, најмногу поради тоа што главните, најинтригантните настани се врзани за приватниот живот на султанот и на неговиот харем, од кои, како што пишуваат турските весници, повеќето се имагинација на сценаристот отколку што ја следат вистинската приказна за големиот владетел.

Годината на раѓањето на Хурем е мистична - се наведуваат 1500 и 1506 година, таа имала црвено-портокалова коса , била вита, убава, шармантна и нежна, жена со особена харизма. Се претпоставува дека убавицата потекнува од некогашна Русија, поточно од Украина, вистинското име и' е Александра Лисовска и била донесена на дворот како бели робје.

Инаку, во Османлиското Царство таа дошла благодарение на Ибрахим-паша (1493-1536), кој од благодарност кон својот пријател, султан Сулејман, му ја подарил огнената Александра, која била сместена во харемот заедно со 300 жени. Каде што се жените, таму се и проблемите, а нив на дворот постојано ги имало. Како и сите млади девојки од харемот, и Хурем во почетокот добивала лекции по турски јазик и по ислам. Всушност, учела се' што сметале одговорните дека може да и' притреба - да чита, да пишува љубовни писма, да шие и да плете, да пее, да танцува, да вежба грациозно движење... Невообичаено убавите робинки биле учени и на еротски вештини - 12 најатрактивни и најталентирани биле обучувани за „гедикли“, т.е. за собарки на султанот кои требало да го облекуваат, бањаат и да го ранат. На Александра не и' било проблем да го привлече вниманието на султанот – всушност, таа го привлекувала вниманието на сите поради што го добила прекарот Курем или Хурам - насмеана и радосна.

Многу бргу таа му станала придружничка на султанот во кревет, ама не само поради страста. Како мајка на можните наследници, таа се покажала и како добар соговорник и искрена пријателка, па дури и како животна сопатничка. Хурем беше во состојба со својата природна веселост да ја брка меланхолијата на својот сакан султан. Тој, пак, со неа можел да менува песни и да води политички дискусии. Хурем била во состојба да му дава добри совети и имала разбирање за сите негови стравови, кои единствено нејзе ги откривал. Поради тоа, Сулејман се' почесто ја запоставувал својата жена Махидевран Гулбехар (по потекло од Црна Гора или од Албанија), која го имала прекарот Пролетен Цвет и која му родила четири деца од кои само Мустафа останал жив.

Во 1522 година Хурем го родила своето првенче, синот Мехмет, па за младата мајка почнува драма во нејзиниот живот. За по смртта на султанот да се спречат граѓанските војни, Мехмед II издал закон според кој секој негов наследник, откако ќе го добие султанатот, да ги убие своите браќа. Со тоа, секое седнување на престолот се повторувал ист ритуал. Околу 1523 година, Александра го родила свој втор син, кој имал грпка, па немал право да стане султан. Му дале име Гијангир и тој бил опишан како љубезно, весело и убаво момченце. Бидејќи имал мила ѕвезда, бол омилен кај сите, па и кај својот полубрат Мустафа, ама и кај татка си, кој го ценел поради убавите муабети што ги воделе. Во 1526 година Хурем родила трето дете, нејзината единствена ќерка Михрима, која стана галеничката на султанот. Таа подоцна се омажила за Рустем-паша, голем везир со српско потекло.

Поради чувствата што ги имал спрема Хурем, сулеман го запостави и својот главен везир Ибрахим-паша, кој бил оженет со сестра му Хатиџе. Кога пораснал Мустафа, Сулејман го ставил за прв човек на Маниса, град во западна Турција, а според обичаите и редот, неговата мајка Махидевран морала да патува со него, со што Сулејман целосно и' припаднал на Хурем. Близината си го направи своето и султанот се обидувал да и' ги исполни сите желби на својата сакана, а во 1530 година љубовта кулминирала со голема свадба.

За веселбата се пишувало, се пеело и се пиело. Било богато прославена во дворот и тоа со гламур што ги надминал сите дотогашни славења. Во 1531 година им се родил третиот син Селим, а четвртиот Бајазит, најдрзок од сите деца, го здогледал светот во 1532 година. Во народот за Хурем се' повеќе се зборувало дека се занимавала со магија и дека единствено така за себе го врзала големиот водач. Народот з��орувал, а тие се сакале и љубеле - кога не биле заедно, си пишувале писма со што ја одржувале својата страст. И така со години!

Кога единствениот пријател на султанот, Ибрахим-паша, со својата ароганција и однесување го потценил својот владетел, Сулејман му ја исекол главата. Велат, и тука Хурем замешала прсти, ама по овој немил настан, таа му станала најдобра пријателка, неговата десна рака. Со само 21 година, умира нивниот прв син Мухамед, кој требало да го наследи Сулејман, а во народот се зборувало дека исплашена за животот на тројцата синови, Хурем му раскажала на Сулејман дека Мустафа се подготвува да го тргне татка си од престолот. Повторно трагедија! Сулејман го убил синот Мустафа и неговите деца.

Историјата раскажува дека во 1558 година умира Хурем, а султанот останал да самува. По неа, и не помислува на некоја друга жена, на друга љубов. По осум години, умрел и големиот султан, кој своето вечно почивалиште го има покрај саканата жена.

Претходно им наредил на своите луѓе да биде погребан покрај Хурем, во раскошната џамија на Сулејманија. (В.Т.)


Статијата е прочитана 8231 пати.

Испрати коментар



Рецепт на Јулија - Запечена зелка
Тамара вљубена
Прекрасна!
Година на моќниот Змеј
Подготвуваме врвен Опен Карпош
Не и' дозволува на девојката да си оди



gorjan, 11.01.2012 13:56:01
Kako moze da se dava film vo koj se velicaat osmanliite koi seele teror 5 veka na ovie prostori i film vo koj nas hristijanite ne narekuvaat bezboznici
polatski, 11.01.2012 15:17:41
страшно, бласфемија невидена се сите телевизии дно подолу од примитивизмот го збудалевте народот и без перверзии ве молам, не раскажувајте дека народот барал, народот сакал и алкохоличарите бараат алкохол
riko, 11.01.2012 17:29:57
Ejj sefe poleka, osmanliite 5 veka da seele teror na ovie prostoriti denes ne bi postoel ovde, za dvaesetina godini od nivnoto vladeenjene isceznale site drugi osven niv, a ne za 5 veka i vlakno neti fali do denes, ti ja zastitile crkvata, nacijatam kulturata, jaziko, svojstva denes sto ti gi negirat i osporuvat site, osven Turcija,neznam kakov e toj teror? koga najveke crkvi vo ova podracje se izgradeni tokmu vo osmanliskiot period i toa crkvi so arhitektonski vrednosti, kakvo ropstvo vo koe imalo corbacii makedonci, gazdi, trgovci, parlamentarci i slicno,ti izgleda zivees so mitovi a ne vo realnosta

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |