10.01.2012, 17:56 Едиторијал
Алал да ни е, први сме
Соња Маџовска
Македонија живее во мизерија и хаос. Вака ја отслика земјава угледниот британски весник „Економист“ со тоа што ја смести нашата земја на прво место во светски рамки според лошите услови во кои живее населението.
Од 92 земји во светот, Македонија има најголема стапка на невработеност од 32 отсто, и висока стапка на инфлација од над 3 проценти.
Растот на цените и растот на невработеноста, се двата критериуми што ја однеле земјава на шапмпионското прво место во „Економист“ според индексот на мизерија.
Многу тежок збор, но иако, македонското население секојдневно ја чувствува кризата на своја кожа, кога тоа ќе го потврди некој од надвор, звучи поразително и тажно. До пред извесно време мислевме дека ние Македонците живееме полошо од жителите на сите европски држави, но сега излегува дека живееме најлошо од сите во светот.
Фактите се немилосрдни. Колку и да сака Владата да ја прикрие сиромаштијата со споменици и триумфални порти, Македонија е рекордер само по неколку работи. Според невработеноста од 32,1 проценти, и со над 30 отсто сиромашно население.
Според последните статистички податоци стапката на сиромаштија изнесува 30,9 отсто, или над 600 илјади граѓани преживуваат со 100 денари на ден. Тоа е една третина од вкупниот број жители чии приходи не ги задоволуваат ниту минималните животни потреби.
И наместо да се тркаме со другите земји по влез на странски инвестиции, со нови вработувања, со пристојни цени и со подобар животен стандард, ние според стапката на сиромаштија и на невработеност, во светот бевме и остануваме недостижни.
Најлошото од се' е што со години Македонија не мрднува од овие црни состојби. Со години никако не можеме да се одлепиме и да ја намалиме сиромаштијата и невработеноста под 30 проценти. Над 600 000 македонски граѓани се без работа, над 50.000 семејства се на социјалните списоци, а просечната плата е 330 евра, со која, исто така, сме први во Европа, но гледано од назад кон напред. Први, односно последни сме и според бруто домашниот производ по глава на жител од само - 7.400 евра, кој минимално пораснал изминативе години.
Излегува дека кај нас растат само невработеноста, сиромаштијата, цените и сивата економија. Цените во изминативе години пораснаа над 70 отсто, но главниот проблем е што приходите не се зголемуваат. Па така разликата меѓу цените и платите е огромна.
И сето ова, треба некој од надвор да ни го каже, за да не освести, бидејќи дома за секојдневните проблеми не се разговара, туку ги ставаат под тепих.
Властите во земјава сакаат да ги коментираат само убавите работи, а не и лошите. Тоа дека сме први по сиромаштија според „Економист“, вчера не сакаше да го коментира министерот за финансии Зоран Ставрески. Вели дека станува збор за новинарски напис, а не за оценка на реномирана меѓународна институција.
Единствено со што земјава може да се пофали изминатава година е дека сме рекордери по излеани споменици. Тие само на момент може да ни го подигнат чувството на оптимизам и достоинство, но не и да ги нахранат сиромашните, да отворат работни места, да ги платата сметките за струја, парно, вода, телефон.
Листата на „Економист“ треба да биде освестување за Владата, која треба многу посериозно да се зафати со решавање на проблемите на обичните луѓе и подобрување на стандардот на граѓаните. Наместо да трча да ја демантира веста.
|
|
Статијата е прочитана 2800 пати.
|
Испрати коментар
|
|
USA, 11.01.2012 01:58:19 | Ova e kako na Evropskoto Rakometno Prvenstvo da bideme posledni i nekoj da kaze deka sme na krajot vo Evropa bez da pojasni deka poveke od pola ne se ni kvalifikuvale za istoto. |
| malo crnice, 11.01.2012 06:49:33 | Draga moja, ovoj svet ne e ni svesen sto se moze da izdrzi Makedonecot, ova ne e nisto za nas. :)
Koga bi imalo olimpiska disciplina gazenje na sopstven narod nie sigurno ke imavme zlatna medalja na poslednive 6 olimpijadi. Verovatno ke bea i Severna Korea i Zimbabve na piedestalot, ali zlatoto ke bese samo nase.
Tazno... |
| ZRAK, 11.01.2012 06:58:53 | PRVI I NEZAMENLIVI...SDS-DPMNE |
| od ostrijot, 11.01.2012 07:24:31 | ovije od ekonomist neja znajat vistinata nije svarno
imame nevrabotenos od 32% no toa nese luge od
vladejackite partiji nego od opozicijata pa zatoa ova brojka e nerealna. |
| Delco, 11.01.2012 09:30:42 | Mene licno mnogu poveke me interesira zivotniot standard i cenite otkolku politikata, istorijata i sl. Postojano nesto poskapuva, struja, parno, benzin, prevoz, duri i crkvata za svoite uslugi gi pokaci cenite. Nekoi se bogatat i nemaat razbiranje za tie sto zabrzano osiromasuvaat. Ke ima li ova kraj? Navistina e vreme da se prezemat poseriozni merki da mu se pomogne na naselenieto. Sto ke bide so ovie najmalku 100-150 iljadi nevraboteni koga ke im dojde vreme za penzija? |
| Mudrec, 11.01.2012 10:42:08 | Eve primer na nekriticko prifakjanje na se sto strancite ke napisat. Prvo site znaeme deka nevrabotenosta vo Makedonija e realno mnogu pod 30%, site nevraboteni podrabotuvaat po nesto. Tesko deka nekoja zemja bi izdrzala so realni 30% nevrabotenost. Vtoro, videte so koi drzavi se sporeduva Makedonija. Site se mnogu pogolemi i pomokjni. Tie sto ni se realna konkurencija (Moldavia, Ermenija, Srbija, Albanija, Bugarija) ne se na listata. Ne mozam da ve sfatam site vas sto se raduvate na megjunarodno ocrnuvanje na zemjata, osobeno koga se bazira na tendencioznost. |
| kaktus, 11.01.2012 10:50:40 | Ајде вморони, коментирајте. Бре, нема ниту еден коментар да ја опрада бладата! |
| Istocna Makedonija, 11.01.2012 11:09:02 | Rang listata na ,,Ekonomist,,treba da bide osves
tuvanje za narodot,za nas-graganite,koi vo su-
perioren broj go doprevme dnoto na siromastija-
ta.Gi nema i onie,dadeni kako podatok 100 dena-
ri na den,ili sega vredat kako 50.oo denari!I sar-
kasticno,treba da mu se lutime na Ekonomist,
sto taka docna go obznanuva ovoj nas,zasluzen
odamna plasman na vrvot na siromastijata,beda-
ta,mizerijata! |
| До Уса, 11.01.2012 11:41:37 | Имаш право , врати се да живееш овде! |
| Moris, 11.01.2012 11:46:35 | Ova e pottik na premierot da raboti poveke... |
| Mitre na Lenka, 11.01.2012 13:14:42 | nikoj ne mu e kriv na narodot shto e orovodec barem po neshto vo svetot tuku,...samiot toj!
...i se nadevam deka ushte dolgo ke go drzi vrvot,
...drugo i ne zasluzil , koga ke mu go vidish pametot,
.....i toa kolku e indiferneten sprema raboti koishto mu go iskachuvaat i onaka mizerniot zivot,
...nedostoen za nekoj shto se smeta sebe za chovechko sushtestvo ..... |
| Slepci, 11.01.2012 13:57:16 | Pogolema mizerija od ova se edino komentarite na patriotite po site vesnici. Dodushe mnogumina gi vrabotija ili im obezbedija razni paricni nadomestoci, pa ne ja gledaat seta beda, vkluchitelno i nivnata. |
| B. Betinski, 11.01.2012 14:50:48 | Kako da se razbere otrovno cinicniot komentar na kutriot, skamenet od strav (se trgnalo vo majcina!) Stavrovski, klasicen autsajder koj zalutal na mestoto minister za finansii, osven kako budalstina na razoblicen (do gola koska) provinski prozvoditel na veter i przena magla? Kogo saka da izlaze taa retkobrada, napumpana so arogancija vladina marionetka? Sebesi vo prv red, za da se razuveri nekako deka Gospod e golem i nekako ke podzamizi koga ke mu dojde vremeto da si zeme kebence za vo Sutka. Pa toj e smrtno preplasen od toj Ekonomist! Toj strav vreska od negovoto lice dodeka, gjoa mirno, veli deka ne komentiral napisi od vesnici. |
| kris, 11.01.2012 18:00:32 | Ako de i nie da sme prvi vo nesto.......... ama tie sto go pisuvale napisot ne znaele deka nie imame Prerodba vo 100 cekori......prosirena i nadgradena........ |
| tihi, 11.01.2012 20:42:52 | Na koe li mesto bi bile vo svetot vo bezrbetnishtvo.Pod pretpostavka da ima takva merka,Lichno za sebe bi posakal da zhiveam vo 6tata najmizerna svetska drzhava. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Претежно облачно
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|