Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исчепка досиејата за ДУИ?

Ахмети на крстопат: Власта презема мерки откако Црвенковски побара предвремени избори

Билјана Јовановска

Дали е на повидок крај на идилата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ? Ако се покажат точни вчерашните неофицијални информации дека вмровците се подготвуваат час поскоро да им ги пуштат досиејата на челните луѓе на ДУИ, оние за кои деновиве се тврдеше дека се копии и не се релевантни, може да се случи прегрупирање на политичката сцена. Ќе ги извади ли во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ компромитирачките оригинални досиеја од Белград, брзо ќе излезе на виделина. Наводната намера вчера никој не сакаше да ја потврди. Меѓутоа, очигледно е дека челниците на најголемата владејачка партија покажуваат нервоза, особено по митингот на опозицијата во Штип. Она што досега само го навестуваше, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, сега и многу конкретно го соопшти - го чекаат само уште самитот на ЕУ на 16 декември за веднаш потоа да ја почнат постапката за предвремени избори.

Засега, тешко е да се поверува дека Никола Груевски тукутака ќе го прифати барањето на опозицијата. Црвенковски, како што порача од штипскиот плоштад, нема илузии дека власта ќе поработи против себе и дека изгласувањето недоверба на Владата ќе биде лесно совладлив проблем. Но, исто како што типува на етничките партии, помали и поголеми, кои сега се во „владејачкиот“ пакет на Груевски, јасно е дека шефот на опозицијата најмногу се надева на ДУИ. Познато е дека Црвенковски и Али Ахмети имаат чести контакти и за очекување е многу скоро да седнат да договорат што понатаму. По фијаското во Лисабон, Ахмети тешко може да го оправда своето останување во Владата на Груевски. Односно, како што во нашиот весник прокоментира проф. Љубомир Фрчкоски: „ДУИ, која покажа голема еластичност, ќе мора да се пресмета дали подмитувањето за учество во власта ќе биде доволна компензација за темелно уривање на нивните стратегиски цели - Македонија поскоро да стане членка на НАТО и на ЕУ“.

И во случај власта да не ги отвора досиејата на првите луѓе на ДУИ, на оваа партија и' гори под нозете и секојдневно се изложени на притисокот од своите гласачи. Истражувањата покажуваат дека огромен дел од над 50 отсто неопределени граѓани се токму гласачите на ДУИ на кои им е несфатлива политиката на постојано тактизирање и останување во кабинетот на Груевски. Појавата на „Реалитети“ само уште повеќе ја подгрева нервозата и е сериозно предупредување дека во албанскиот политички кампус нешто се случува.

Некои нови ветришта во интервјуто во „Утрински весник“, објавено викендов, најави и Ермира Мехмети од ДУИ. „Влегуваме во фаза во која политичките партии мора да направат анализа околу приоритетите во следните неколку месеци. ДУИ е свесна за сопствената одговорност и за својата позиција во овој контекст. Токму поради тоа одговорно ќе пристапиме кон политичките предизвици, меѓу кои најголем ќе биде предизвикот како да одговориме на очекувањата на нашиот електорат и нашата етничка заедница. Наш впечаток е дека нешто мора да се дефинира“, вели таа.

За што конечно ќе се определи Ахмети и неговата ДУИ, ќе пресечат ли или ќе ги трпат критиките за својата неодлучност, најдобар тест ќе биде најавеното барање на СДСМ за изгласување недоверба на Владата во втората половина на декември.


#
Статијата е прочитана 1990 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 23.11.2010 15:42:56
E.. gospoza Memeti ne vetrista tornada i orkani veke duvaat ..a se znae ako ne si dobro "zakotven" moze se da odnese...???
Од: suki
Датум: 23.11.2010 15:46:02
A sto ke se smeni po izborite
Од: за време на малиот одмор
Датум: 23.11.2010 21:15:25
Ако навистина оваја приказна е тафтологија после сите можни вистини или невистини,тогаш навистина треба да се види колку ние останатите сме добро укотвени.На знакот за импликација,треба малку да му дадеме одмор..А Европа.Таја одамна ја чека еквиваленцијата. -Од самоевалвацијата на еден ученик,кој одговара на прашањето;Што се обидов да направам?Работна вежба, после лекцијата Тафтологии, од предметот-логичка самосвест.

Најди! во Утрински
Насловна
Нова кола на лизинг додека се фати женска
Тиквешански
Што е Бошкоски за СДСМ, тоа е Манасиевски за ВМРО-ДПМНЕ
Албанија ги призна и протестантите
За животот се работи
Еден куп статуети за младиот Џастин Бибер
И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ
Смрти закани за Додик и за Човиќ
Приватни лопати
Бара да и' се намали бујното деколте
Скопскиот Менхетн се урна од 100 на 40 ката
Крај на ирското „економско чудо“
Британија ќе ги намалува странски работници
Петнаесет години
Блатец се испустува
Почнаа брачните проблеми?
Тричлено семејство загина кај Зајас
Реал, Олимпик и Милан меѓу 16. најдобри
Застрашувачки мир за Судан
Карикатура
Стил
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial