Во стравотна сообраќајна несреќа животот го загубија Горан и Весна Стојановски и нивната 13-годишна ќерка
Кичево е завиено во тага по смртта на тричлено семејство во стравотна сообраќајна несреќа што се случи завчеравечер на патот од Кичево кон Гостивар. Во директен судир на две возила, на самото место животот го загубија брачните сопатници Горан (43) и Весна Стојановски (42). На тешките повреди од несреќата подоцна им подлегна и нивната тринаесетгодишна ќерка Евгенија. И покрај брзата медицинска интервенција, лекарите не успеаја да го спасат нејзиниот живот.
Во болница заврши и возачот на БМВ, деветнаесетгодишниот А.А. од селото Зајас. Според првичните претпоставки, тој со БМВ со италијански таблички, со голема брзина се движел по патот. Во еден момент преминал на другата коловозна лента и удрил во „опел корсата“ каде што се наоѓало кичевското семејство. Ударот бил стравотен. Момчето од Зајас се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје.
Кичевци тагуваат и сочувствуваат со најблиските на семејството Стојановски, кои загинаа во сообраќајната несреќа. Тие коментираат дека станува збор за многу угледно и почитувано семејство во градот. Горан Стојановски бил раководител на Секторот за екологија во локалната самоуправа во Кичево, додека неговата сопруга Весна Стојановска работела како наставник во основното училиште, а била и советник.
Според неофицијалните информации, несреќата се случила токму кога семејството се враќало од главниот град, каде што студира нивната постара ќерка. Во близина на местото „Сатеска“, во близина на селото Зајас, некаде околу 18,10 часот, од спротивниот правец биле пресретнати од БМВ. Двете возила директно се судриле.
„Тешката сообракајната незгода се случила во момент на директен судар на патничкото возило БМВ со италијански регистарски ознаки, управувано од А.А., кој се движел од Кичево кон Гостивар и ’опел корса’, во која се наоѓало семејството, а се движеле од Гостивар кон Кичево“, информираат од полицијата.
На местото на тешката сообраќајна незгода е направен увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител од Основниот суд во Кичево. Извршена е обдукција врз телата на починатите. Првично, причина за несреќата е пребрзото возење.
Во Општина Кичево денеска во 12 часот ќе се одржи комеморативна седница, а еден час подоцна, загинатите ќе бидат погребани во селото Раштани, во близина на Кичево.
За изминативе десет дена 12 лица ги загубија животите на македонските патишта. Дека состојбата е алармантна, укажуваат и предупредувањата од МВР дека од почетокот на година загинале над 140 граѓани, а повеќето од нив се млади и деца.
Како најчесто причина за ставотните сообраќајни несреќи со жртви се непрописно престигнување, преголема и неприспособена брзина кон условите на патот, непочитување на правилата за првенство на минување, непрописно и невнимателно свртување, недржење прописна страна и правец на движење, непрописно разминување, возење под дејство на алкохол... Црниот биланс покажува дека во изминатите десет години, 1.650 животи згаснале на патиштата. (Д.Т.-К.К.)
patistata ni se raspadnati,plus toa konstruirani se vo vremeto koga najgolem del od kolite imaa po 60-80ks. segasnive koli najslabata ima 80ks a da ne zboruvame za onie po moknite,i koga ke se dodade eden 19 god. vozac "kamikaza" ete ti eden kup zrtvi.
bog da gi prosti
Од: Komentator
Датум: 23.11.2010 16:07:29
Tocno e deka patistata ni se nikakvi..koga odis na pat trebe testament da ostavis....ama luge uste ponikakvi ni se komsii vozacki koi na pilistirci davaat dozvoli a tie usijani glavi so besni koli cii roditeli mislat deka dobro im napravile.. sejat smrt po patistata...Koga ke se vratis nazad so umot mozez da pomislis deka arabadiskata kola sepak bila najbezbedna ...zosto ispadna po statistika deka onie sto sega gi vozat tie besni koli pred toa vozele arabadiska kola...a do BMV bogami trebe dosta furnir leb da izedes...!!
Од: Кичево
Датум: 23.11.2010 16:45:02
Не е до патиштата, прашање е колку возел на пат кај што е максимално дозволено 60км/ч...
Па сите граници ги претераа овие странциве...
Од: реканец.
Датум: 23.11.2010 16:45:10
Бог да ги прости,Голема катастрофа случајно се погодив на местото на несреќата,Стравотна слика.Патиштата нисе катастрофа,Култура на возачите 0 до кога полиција казни за се и сешто.Казни за 10 до 20 возејне од дозволеното а каде е кога се вози дупло од дозволеното.
Од: do sekula
Датум: 23.11.2010 17:18:00
sto ima vrska kolku ks ima edna kola koga brzina vo zajas e ogranicena poradi krivini i planinski teren pa i 10 lenti da ima pak nemoze da se vozi povece od 40-60km na cas no zalno koga privatni komisii,skoli za polaganje se zivo i divo polozi..........
Од: robert
Датум: 23.11.2010 17:41:39
nalgolem problem socinuvaat mladi i neiskusni vozaci , so mnogu mokni , sportski avtomobili , so preku 100 ks pod xaubata. treba da se odredi ,so zakon starosna granica i posebna dozvola za upravuvanje za sportski vozila po patistata.
Од: jas
Датум: 23.11.2010 20:49:48
Ne se problem vozaci takvi sekade ima problem e sto takvi besni vozaci koi preogaat na tuga lenta i kade nesmeat ne gi kaznuva policija. Ke ve kazni za nekoja glupost no ne i za vakvi opasni vozenja koi sekoj den gi gledame.
Од: stranec
Датум: 24.11.2010 02:37:29
Vo stranstvo nema kako vo mk vo stransvo ima kameri ima radari ima policija na sekoja ulica a so vikate deka strancite preteruvaat prven neka se ispulat domasnite kakvise vo sobrakajot pa posle neka se zboruva deka strancite preteruvaat bog neka gi prosti zaginatite
Од: remi
Датум: 24.11.2010 07:08:40
Ne se krivi patishtata,, patot na ovaa delnica e dobar,,megjutoa usujanite glavi ne se dobri. Zakonot treba da funkcionira,,nemame zakon,,se vozi bezglavo,,vo Italija ce go kaznat, pa ovde vozi kako budalla,,,
Од: od belgijanec
Датум: 24.11.2010 10:47:22
abe seto ova se slucuva od golema brzina za kaj nas vo makedonija potrebno e da se izvadi asvaltot da bidat patistata kako na niva da se odi pak togas da nema sobrakajki.ziveam vo edna evropska zemja so golem broj na vozila so kvalitetni patista ama kako kaj nas vo makedonija ne se ginat luge od sudari pozdrav