Кејти Пери
Бара да и' се намали бујното деколте
Бујното деколте н�� Кејти Пери уште еднаш заврши во медиумите, но овој пат благодарение на нејзините менаџери, кои од музичкиот канал ВХ-1 бараа да се намалат градите на Кејти на плакатот што го снимила за нив.
Неодамна омажената американска пејачка Кејти Пери ја одработила промотивната кампања „Divas Salute the Troops“ за музичкиот канал ВХ-1. За концертот, кој ќе се одржи на 5 декември, Пери се фотографирала во зелен фустан, кој, секако, го истакнува нејзиното деколте. Но, пејачката и менаџерите инсистирале нејзината слика да се ретушира и на плакатот да и' се намалат градите. Така, Кејти Пери на официјалниот плакат е со барем еден број помали гради.
Ова не е прв пат пејачката да има проблеми поради своето бујно деколте. Имено, минатата недела уредниците на детската програма „Сезам стрит“, во чија емисија гостувала, биле принудени да исечат дел од настапот на Кејти, зашто родителите се побуниле поради „преградестиот“ изглед. |