Британија ќе ги намалува странски работници
(24.11.2010г.-09:47ч.) Владата на Велика Британија соопшти дека од април 2011 година ќе го ограничи бројот на квалификувани работници кои доаѓаат од држави вон ЕУ, на 21.700 годишно што е намалување на бројот на дозволи за една петтина во однос на 2009 година. Британија ќе го намали бројот на висококвалификувани работници кои влегуваат во државата без понудена работа за 13.000 во однос на минатогодишното ниво, а работните дозволи ќе бидат ограничени за „исклучителни таленти“ како што се научници, луѓе со ВСС и уметници. Бројот на работници со понудена работа ќе биде зголемен за речиси 7.000, односно на 20.700 иако и кај нив ќе се применуваат поостри прописи. Нема да има ограничувања за инвеститори и претприемачи. Коалициската Влада планира до 2015 година да ја намали нето миграцијата а неколку десетици илјади од близу 200.000, ќе откаже прифаќање мигранти кои во Британија доаѓаат на привремена работа и ќе дава дозволи само за оние кои ќе работат постојано. (МИА)
|