Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Поглед

Приватни лопати

Деспина Трајковска

Владините функционери почнаа да фрлаат лопати и на приватни журови. Цела свита викендов се нафрли на камен-темелникот на приватна инвестиција за 14 згради во скопски Аеродром. И ништо немаше да биде невообичаено доколку објектите ги гради државата.

Место настанот да си го официјализира само во кругот на семејството, приватникот ги покани или можеби по своја волја му се придружија еден министер, тројца градоначалници, владини функционери од пониските ешалони... Всушност, тие беа во првите борбени редови. Министерот Јанакиески се фати за лопатата небаре неговото Министерство ќе ги гради и продава становите по поволни услови. Покуси не останаа ни градоначалниците, на Скопје Коце Трајановски, домаќинот Ивица Коневски, па дури и колегата од Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Која им е целта на функционерите да се појавуваат на вакви приватни журови, очигледно, само тие си знаат. Оти, апсолутно не држи вода изговорот дека станувало збор за голема инвестиција. Приватни бизниси се отвораат речиси секојдневно и тоа во секоја општина, но досега на таквите камен-темелници ретко имало функционери.

Се отвора дилема дали можеби станува збор за нова тактика на владејачката гарнитура за собирање симпатии кај граѓаните или, пак, во недостиг од свои нови проекти на ваков начин се исполнува лопатарската норма. Издржани се и размислувањата дека можеби функционерите им се додворуваат на приватниците. Во секој случај, ни министерот ни општинските татковци нема да останат без работа, оти само во Аеродром наскоро треба да се фрлат десетина приватни лопати. Најголема „тепачка“ ќе има за лопатата на скопскиот Менхетен, проект тежок дури 200 милиона евра.


#
Статијата е прочитана 1609 пати.

Испрати коментар

Од: samovraboten
Датум: 23.11.2010 12:29:43
Eve jas sakam da kupam nov avtomobil se mislam okolu SPARK ili DACIJA od okolu 7000 eu no ne smeam da se pofalam da ne mi dojdat ministrive i grdonacalnicive na prezemanje na kolava i da se pofalat kako Makedonskite gradjani imaat pari za novi koli Ke treba da pravam i koktel i lenti da se secat od strana na Trajanovski
Од: nekoj
Датум: 23.11.2010 13:24:32
"lopatarska norma" ha ha...na koe nivo se svede toa drzavice da ne mu se veruva na covek.
Од: deli
Датум: 23.11.2010 14:06:52
"Frlanje lopati", mi se čini, stana sostaven del od "makedonski folklor".
Од: b
Датум: 23.11.2010 14:21:03
Имам намера дома да ја менувам кујнската славина. Ми тече, не дихтува. Барам слободен министер, а по можност премиерот, во сабота, свечано да ја пушти во работа.
Од: Kalimero
Датум: 23.11.2010 14:44:51
Decata vo Makedonija nesmeat da otvarat cokolada oti ke dojde Pastirot i negovata svita da ja otvorat cokoladata. Normalno ke odat na svecenosti od vakov karakter koga za drugu nisto ne gi biva. Osven prazni govori so licemerie, kako edno zborat a sosema drugo rabotat. Osven toa setite se na Svidmilk kako Pastirot secese lenta, za da posle go zatvora zemjodelecot koj go okrivuva negovoto Visocestvo za lopovluk od nevideni razmeri. Portokalovi ke nema kamence kade da se sokriete od besot na narodot.
Од: Феличита
Датум: 23.11.2010 14:48:36
Го чекам Среќко,со посветен и просветлен коментар,визави преродбеничките успеси!
Од: Жарко,Ресен
Датум: 23.11.2010 14:59:34
Соопштение "Куќниот совет на зграда бр.3, ул"Ленинова", утре 24.11 2010 година,одлучи да ја смени старата догорена светилка со нова.Затоа го молиме министерот Миле Јанакиевски да не удостои со своето присуство и да ја пушти во употреба.Однапред му благодариме.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 23.11.2010 15:31:47
Ова багабонтиве сакаат да прикажат дека и дишењето на воздух е пшо нивна заслуга....Инаку настанот е само за антикорупциска комисија....нарочно по изјавата на МИНИСТЕРОТ Јанакиевски ( кутриот) кој она што го кажа да е во Кина ќе оди на бесилка....Градиме за да КРАДИМЕ?????
Од: mene
Датум: 23.11.2010 15:46:42
Pa veke e jasno deka postoi telo vo "generalstabot" koe diktira koj kade ke se pojavi i so kolkava lopata ke go "farba" i imresionira.narodov kogo tie go posmatraat kako da e stado od nekoi africki goveda na koe tie mu se prikraduvaat na toj nacin , demnejki go negovoto meso i spremajki go za kolenje na slednite izbori. E narode ispomocan i nesvevsen, na coveka da mu dojde da blue od seto ova.
Од: јас
Датум: 23.11.2010 16:54:01
Јас сум уште пооргинален од погорните коментатори !? Утре мислам да купам 3 леба , место 2 претходните денови ...Па бидејќи тоа ќе биде НОВА , ЈАКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОВАА НАША ДРЖАВА , МОЛАМ слободен министер да присуствува на овој свечен чин и да пресече панделка ( која обавезно тој мора да ја донесе , зошто нема да ми втаса и за лебот и за панделката )..Присуството на новопечените новинари од МРТВ е ОБАВЕЗНО..Свечениот чин ќе се изврши околу 10 часот пред објектот на Тинекс ...
Од: забеган.
Датум: 23.11.2010 16:57:11
Мислеле дека ги сликат само од МТВ и СИТЕЛ,Па кренале ЛОПАТИ.Но за среќа на Народот има и други МЕДИУМИ кои ги фатија на приватна журка.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.11.2010 18:16:33
Беспотребна малициозност на независниот новинар кој свесно избегнува да ја каже вредноста на проектот во евра.Ако се работи за милиони евра а предходно се критикува владата да необрнува внимание на домашните инвеститори тогаш зошто вакви акробатики. Треба нели да се поздрави секоја инвестиција од каде и да доаѓа.И на крајот и градежната оператива ќе се офајди.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.11.2010 19:43:52
Ем,Скопски,ем Менхетен... Е ова е јако!Само покажува во кој филм живеат Кутриве умислени владетели!За разлика од другите коментатори,јас не би ги поканил на сечење панделка...туку би ги повикал граѓаните да земат Лопата,па да видат овие што е лопатарење... Доста е!Претераа!

Најди! во Утрински
Насловна
Нова кола на лизинг додека се фати женска
Тиквешански
Што е Бошкоски за СДСМ, тоа е Манасиевски за ВМРО-ДПМНЕ
Албанија ги призна и протестантите
За животот се работи
Еден куп статуети за младиот Џастин Бибер
И „Тодор Александров“ против лидерот на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исчепка досиејата за ДУИ?
Смрти закани за Додик и за Човиќ
Бара да и' се намали бујното деколте
Скопскиот Менхетн се урна од 100 на 40 ката
Крај на ирското „економско чудо“
Британија ќе ги намалува странски работници
Петнаесет години
Блатец се испустува
Почнаа брачните проблеми?
Тричлено семејство загина кај Зајас
Реал, Олимпик и Милан меѓу 16. најдобри
Застрашувачки мир за Судан
Карикатура
Стил
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language