Албанија ги призна и протестантите
(24.11.2010г.-09:45ч.) Албанската Влада призна постоење на уште една верска заедница во земјата, јави дописникот на МИА од Тир��на. Станува збор за протестантите, чиј прв човек Фитор Муча оцени дека верскиот соживот во Албанија е една од најголемите вредности на нацијата. „Упатуваме најдобра порака за приближување на Албанија со Европа. Таа ќе и се придружи на ЕУ со уште една верска заедница. Ја поздравувам верската хармонија во нашата земја“, изјавил Муча. На потпишувањето на документот за признавање на протестантите, присуствувале претставнции и на другите верски заедници кои се признати во Албанија, православната, католичката, муслимаската и бектешката заедница, како и претставници на дипломатскиот кор. Документот треба да го ратификува албанскиот Парламент.
|