Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Средби на Велјаноски во Пекинг

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Велјаноски, кој ја предводи македонската парламентарна делегација, вчера во рамките на посетата на НР Кина се сретна со претседателот на Секинескиот Народен Конгрес, Ву Бангуо. Притоа, Велјаноски истакнал дека оваа средба претставува основа за интензивирање на парламентарната соработката, но и можност за натамошно унапредување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Тој го поздрави принципиелниот став на НР Кина во врска со признавањето на нашето уставно име со што се потврдува вистинското пријателство меѓу двете земји. Претседателот на Секинескиот Народен Конгрес, Ву Бангуо, истакна дека оваа средба е значајна и треба да биде поттик за поинтензивна соработка меѓу двете држави во различни области. Тој посочи дека кинеската страна го респектира и има целосно разбирање за правото на Република Македонија за употреба на уставното име и наедно се надева на брзо решавање на овој спор во рамките на ООН. Економската соработка треба да се продлабочува за што веќе постојат позитивни сигнали и зголемен интерес на кинеските компании за присуство во Република Македонија“, рече Бангуо.

Инаку, според програмата, Велјаноски треба да има средба и со Кси Јинпинг, заменик-претседател на Народна Република Кина и со Хан Шид, потпретседател на Народниот конгрес. Исто така, предвидено е собраниската делегација да го посети Шангај и да учествува на отворањето на светската изложба „Шангај експо 2010“.

Заедно со шефот на парламентот во Кина се и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Силвана Бонева и Цветанка Иванова, како и пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми.

Според заменик-координаторот на пратеничката група на СДСМ, Марјанчо Николов, учеството на СДСМ во собраниската делегација не значи и прекин на координациите, бидејќи не се отстранети причините поради кои ги напуштиле ваквите средби кај спикерот. Тој додаде дека остануваат на своите барања: Собранието да отвори дебата за „Скопје 2014“, да се затвори прашањето за Деловникот - една точка на дневен ред на секоја пленарна седница да биде на предлог на опозицијата и создавање законска можност за разгледување на ревизорските извештаи. (О.В.)


#
Статијата е проч��тана 667 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
стил 482
Јајцата како оружје
Власта молчи за пораките од дипломатите
Исланд - природата е главна
Стопанството на принуден пост
Кавказ - татковина на руската мафија
Лекови со сини картони нема
Годините за пензија колку и животниот век
Полицаец принудувал две девојчиња на проституција
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Мујо и Хасо, Made in Macedonia
Владата и дипломатијата
Домашна ТВ-серија е како домашна храна
Годишнина од масакрот во Вејце
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Студен ветер од Бугарија