Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ

Домашна ТВ-серија е како домашна храна

Јасминка Павловска

И покрај интензивната динамика во развојот на телевизиската понуда, не е незначителен бројот на оние македонски ТВ-консументи што првата асоцијација за Братислав Димитров е неговиот лик од ТВ-драмата „Томе од бензинската пумпа“. Секако, се намножија и оние што приказните за времето на постоење на двата ТВ-канала ги доживуваат како праисторија. Навистина, Бато ( Братислав Димитров), се' уште нема намера да пишува (авто)биографија, иако Томе, секако, би имал важно место во неа. Бато не отстапува од идејата дека поинтересно е да се пишува за другите, отколку за себе, па се реши да го пишува сценариото за новата ТВ-серија во македонска продукција, „Од денес за утре“, која од есен би требало да се емитува на ТВ Сител.



По долгогодишната апстиненција во македонската ТВ-продукција за серии, почетокот на снимањето на серијата „Од денес за утре“ може да се толкува како ризична храброст. Дали и вие, како сценарист, ги имате тие чувства - на ризик и на храброст?

- Секоја храброст подразбира и ризик, инаку би било шаблон, здодевна рутина што никого не би го интересирала. Храброста и ризикот се во „описот и пописот“ на секој што се занимава со креативна работа. Според една теорија, уметноста (доколку е вистинска) е „упад во непознатото“. Ние не се плашиме од непознатото. Се плашиме да не го загубиме тоа што ни е познато. А таквиот став секогаш создава духовна жабурник. Или како што вели славниот драмски писател Едвард Олби: „Честопати во животот долгите патишта треба да ги поминеме погрешно за да можеме при враќањето да ги поминеме кратките патишта правилно“.

Кога ќе го загубите чувството за ризик и за храброст, време е да се пензионирате!

Додека македонската играна ТВ-продукција хибернираше, публиката се „воспитуваше“ на серии од латиноамериканско производство, последниве години и од продукциите на бившите ЈУ-простори, па веќе и од Блискиот и од Далечниот Исток (Турција, Индија). Колку и да ни е „спорна“ мотивацијата во тие сериски приказни, неоспорен е професионалниот продукциски квалитет на тие серии. Како ќе ја „трчате“ трката до интересот на македонските гледачи во таква конкуренција?

- Можеби ќе звучи нескромно, но јас сум сигурен дека што се однесува до продукцискиот дел, нашата серија ќе донесе високи професионални стандарди кои досега не се забележани во македонската телевизиска продукција. Ние се тркаме со светските серии, а до каде ќе стигнеме, ќе видиме и ќе разговараме по емитувањето на серијата.

Што се однесува до уметничкиот дел, ќе сметаме дека сме успеале доколку публиката побара (по стручна сондажа) продолжување на нашата серија со уште нови епизоди.

Вообичаена практика на подолговечните сапуници е да работи неколкучлена сценаристичка екипа. Ќе успеете ли сам да создадете интригантни сапунски заплети? Всушност, дали „Од денес за утре“ има амбиција да биде серија од долговечен сапунски тип?

- Секој сака да биде долговечен. И овчарот во планина, и тој што произведува еклери и тулумби, а и ние не сме исклучок. Има една американска изрека, која вели: „Не е важно колку си генијален, туку колку ќе се одржиш“. Ова особено важи за телевизиските серии. Но, тоа никако не значи дека треба да и' се додворувате на публиката. Тоа значи дека успевате да го изразите духот на времето и дека публиката успева да ги препознае своите лични, но и колективни драми, дилеми, надежи, стравови, убави соништа... Комедијата традиционално е потценета, иако е најтежок жанр. И во телевизиските серии и во животот полесно е некого да расплачете, отколку да насмеете.

Јас сум само дел од екипата на серијата „Од денес за утре“. Тука е познатиот белградски сценарист Предраг Перишиќ , врвниот професионалец и режисер Иво Лауренчиќ, вредната и креативна актерска екипа итн.

Како сценарист и драматург со искуство, верувате ли дека во Македонија постои актерско-режисерски понецијал за успешна и гледана ТВ-серија?

- Ако се земат предвид површината и бројот на жители, Македонија е вистински расадник на таленти и потенцијали. Но, нашата мана е што не вежбаме тимска работа, не почитуваме хиерархија и се мешаме во сите сегменти на работата. Крајно време е да се воспостави систем на работа што однапред ќе гарантира сигурен процент на успешност и што нема да се потпира на генијалност, туку на владеење со сопствениот занает.

Може да имате најдобар тутун на светот, но од тутунот на нивата до квалитетната кутија цигари патот е долг.

Верувате ли дека Македонците сакаат да си го гледаат својот живот во форма на ТВ-серија?

- Домашна телевизиска серија е како домашна храна. Може да им нудите на луѓето јастог, октопод, кавијар или пекиншка патка со портокал, но тавче-гравче, бурек, шкембе-чорба, ајвар, скара на ќумур, пастрмајлии и сарми со лозов лист - секогаш се актуелни!

Домашната телевизиска серија е од исклучително значење. Во одредени историски моменти дури е и поважна од економијата. Јасен, цврст и свеж културен концепт (најсветол пример е Словенија) е темел на севкупниот развој на секоја држава. Домашната телевизиска серија го потврдува и го развива идентитетот и духовното либидо на еден народ. Ја враќа самодовербата и отвора патишта за нови луѓе и идеи. Ја одржува потребната динамика и кондиција на секое општество.

Домашна серија е кога гледачот ќе се види себеси како дел од приказната, а не како пасивен војаер, како што е случајот со странските телевизиски серии.


#
Статијата е прочитана 1909 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
стил 482
Јајцата како оружје
Власта молчи за пораките од дипломатите
Исланд - природата е главна
Стопанството на принуден пост
Кавказ - татковина на руската мафија
Лекови со сини картони нема
Годините за пензија колку и животниот век
Полицаец принудувал две девојчиња на проституција
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Мујо и Хасо, Made in Macedonia
Владата и дипломатијата
Годишнина од масакрот во Вејце
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Студен ветер од Бугарија
Средби на Велјаноски во Пекинг