Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Студен ветер од Бугарија

Министерството за надворешни работи реагираше до бугарските власти и побара официјално да се објасни причината за одбивањето влегување на македонските здруженија и граѓани на 18 и на 25 април по повод одбележување на 95-годишнината од смртта на Јане Сандански. Како што велат од МНР, од бугарска страна добиле уверување дека ќе го испитаат случајот и повратно ќе реагираат.

Вчера за однесувањето на бугарската погранична полиција реагираа Светскиот македонски конгрес и голем број други здруженија што биле оневозможени да присуствуваат на одбележувањето на годишнината во организација на здружението ОМО „Илинден“.

„Постапките на бугарската полиција на 18 и на 25 април недвосмислено покажаа дека Софија продолжува со дискриминацијата кон Македонците и ги нарушува добрососедските односи. Очекувавме дека со членството во ЕУ Бугарија го надраснала минатото, но, за жал, нејзината антимакедонска политика потврдува дека доволно не пораснала за демократските вредности во сојузот на држави каде што членува“, изјави претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Тој истакна дека ја отфрлаат изјавата на бугарското министерство за надворешни работи дека не станува збор за дискриминација од политички побуди, туку за, наводно, немање потребни документи за влез во Бугарија. СМК и здруженијата веќе испратиле протестна нота до ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа, Владата и до МНР на РМ и очекуваат нивна реакција.

Реакциите за проблемите со бугарската гранична полиција се студен ветер една седмица пред посетата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов на државава. Се очекува Младенов на средбата со колегата Антонио Милошоски да разговара за договорот за добрососедство, што треба официјално да го потпишат.

Тимови од двете министерства го разгледуваат предлогот и се договараат за одредени делови. Договорот беше понуден од бугарските власти како услов за поддршка при приемот во ЕУ, но со барање за одредени отстапки од македонска страна. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3507 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 29.04.2010 00:10:11
Tie si imaat edna edinstvena cel. Makedonija del od Bugarija. Dodeka nie se mislime kako da izgleda dokumentot za "dobrososedski" odnosi, tie ovde gradat svoja mreza, se infiltriraat sekade niz vaznite institucii, kupuvaat,potkupuvaat se sto im e bitno za ostvaruvanje na celta, a nie aber nemame sto ni se pravi.
Од: Стојко
Датум: 29.04.2010 00:18:59
Очигледно Благе везе немаат оние од Исток што значи изразот Добрососедски Односи.
Од: Prema gostinot i priemot
Датум: 29.04.2010 01:24:56
Svetskiot Makedonski Kongres , na celo so Todor Petrov ne odi na grobot na ot revolucioner Jane Sandanski so iskreni nameri , za cestvuvanje , no odi za politicko mesetarenje , koja e glavna odlika na Todor Petrov. Sekoja drzava ako oseti negativna politicka pozadina vo odredena akcija ,normalno deka ce si prevzeme sootvetni merki .Sekoj gostin koj doadja so dobri i iskreni nameri e dobredodjden, a sekoj koj ti doadja vo kucata da ti pravi neredi i stvara nemiri ,normalno deke ne e dobredojden. Todro petrov treba ednas da prestane so negovite politicki mesetarenja , bidejcio ne prestavuva nikakov politicki faktor so svojot samoproglasen SMK
Од: pameten
Датум: 29.04.2010 05:26:59
Ne sum bugarofil, kako shto Washingtonn ne bil Anglofil. Delumnata (re)bugarizacija e zagroza za Makedonija. No mora da e jasno. Bugarskiot narod se formiral za vreme na carot Boris i negovite sluzhbenici Sv. Kliment i Sv. Naum, koi shto izgradile Bugarski knizhevni shkoli od Albanija do Crnoto more. Togash celata mesjavina: Bugari od Azija so crni (ne kosi) ochi, plavi Sloveni, Avari, Pechenegi... prifatile zaednichki identitet (vera,jazik, azbuka i ime). Vo idnite 1000 godini (50 generacii) nivnite potomci, nezavisno ot potekloto, koe shto nikoj ne pamtel se narekuvele Bugari. Vo 20 vek, vo tragichni sostojbi i po glupa politika na Sofija, Bugarite i delumno Vlasite vo nashite prostori sfatile deka imat svoja posebna sudbina. Se formiral Makedonskiot narod.
Од: Kimov
Датум: 29.04.2010 06:07:36
Za svecenosti na Makedonski borci vo Bugarija so pocit od Makedonski prestavnici od sekogas bile sprecuvani nasite delegacii. Vo toj moment Bugarite se Bulgaraat.. Nasata vlada treba da go stori koga tie bi dopatuvale da gi p[osetat grobistata Bugarski vo Makedonija ili nivnite televizii da snimat nesto.
Од: Малку историчар
Датум: 29.04.2010 08:02:07
На Бугарите ќе им треба вереме да се надраснат себеси и го остават темниот XIX век. Тоа е така и треба ние Македонците да бидеме трпеливи и не само заради тоа што тие не се словенска група на народи кои имаат питома душа како нас, но и дека им треба и време да сватат дека половина бугарска влада се Македонци. А тоа, објективно создава психилошки проблем што осетно влијае на нив.
Од: Aнгел
Датум: 29.04.2010 08:02:41
Европска демократија е тоа. Затоа тука кај нас не треба за било што да ја слушаме "меѓународната". Oсобено не европската. Oвие нашите кога се повикуваат на "меѓународната" ме нервираат колку се заслепени. Koога европска Блгарија ќе го признае ОМО Пирин. Во Македонија има 2000 Блгари а во Бугарија има 300.000 Македонци. Е тоа е проблемот.
Од: Г-не Фуере, каде сте?
Датум: 29.04.2010 08:10:42
Да не е Грција, Бугарија би била најголемата срамота за ЕУ.
Од: Јован АН
Датум: 29.04.2010 08:50:54
Да ли се очекува нашите да “ги сметнат гаѓите“ па и Бугарите,а како што се гледа и македонските Албанци почнаа да си бараат...Очекувано со сигурност ако се прифати промена на името.Срамно и безобразно!
Од: (Ne) Prijatel od G-din Petrov
Датум: 29.04.2010 09:47:53
Тоа е смешно. Секој ден, илјадници Македонци што патуваат за Бугарија. Но, Тодор Петров не смеел да влезе. Можеби проблемот со г-дин Петров?
Од: free
Датум: 29.04.2010 10:09:35
a nie gi pustame na grobistata vo Novo Selo da se setaat kako vo trlo bez kucinja . Reciprocitetot ne e izmislen za dzabe , neka nasite politicari razmislat malku za toa ili i na niv im odgovara toa
Од: mene
Датум: 29.04.2010 11:40:35
Stariot neostvaren son na bugarskite celnici od crno more do Ohrid si postoi.Za niv kako i za drugi sosedi sem izuzetci makedonci nema.Megjutoa ne ima i od nas zavisi da se borime da ne ima.
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 29.04.2010 11:55:28
Што се занесувате и чудите и бугарите никогаш не престанале да дуваат во истиот РОГ,ЗАЕДНО СО СРБИТЕ И ГРЦИТЕ. крсте поп-стефанија
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.04.2010 14:11:34
Ветер,измешан со Магла!Ем розов,ем студен, ем смр... мириса на Рози!Вдишете длабоко!Ќе почуствувате дека почнал да дува во спротивен правец,од запад кон исток!Не ме изненадува!Слепилото е ендемично на просторите каде врапчињата-гаврани се занесени во големата улога на лавчиња,на кои сите им згазнале на опашката,а тие прекрасно гракаат во Монументалниот рог!Бескоренити и Занесени во улогата,ги бараат „нашите“Антички корени низ светот и синовите на Аце на островот Туле!Не е чудо кога по ваквите илузорни хорор-соништа се занесуваат полуписмените,проблематично е кога оние со титула, ќе прогласат дека блажено го живеат сонот, а некој „лош вештер“од страната се обидува да ги разбуди против нивната волја!
Од: Intelektualec
Датум: 29.04.2010 16:13:04
Trebase da mislite koga zimavte dvojno drzavjanstvo, zatoa sega bugarija tvrdi deka vo Makedonija vtori po red se bugarite so 60 000 ziteli, koga ke napravat da se zbori na bugarski ke se cudite. za kupuvanje na kola ako se aplicira drzavjanstvo, neka ja nema taa kola bolje. koga ke donese Makedonija zakon deka tie so dvojno drzavjanstvo ke im bide odzemeno Makedonskoto drzavjanstvo, ke se slikaat vo bugarija =) neka bide za arno i ubao =)

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
стил 482
Јајцата како оружје
Власта молчи за пораките од дипломатите
Исланд - природата е главна
Стопанството на принуден пост
Кавказ - татковина на руската мафија
Лекови со сини картони нема
Годините за пензија колку и животниот век
Полицаец принудувал две девојчиња на проституција
Жените што претендираат на „кафезот“ во Даунинг стрит
Мујо и Хасо, Made in Macedonia
Владата и дипломатијата
Домашна ТВ-серија е како домашна храна
Годишнина од масакрот во Вејце
Големиот тлеечки оган од срцето на Земјата
Средби на Велјаноски во Пекинг