Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Јонуз ги кани браќата Сулимани во македонската репрезентацијата

Селекторот е во Виена на разговори со Емин и со Бенјамин од тимот на Австрија

Сашко Ѓ. Димовски

Браќата Сулимани, Емин и Бенјамин, се најновата цел на селекторот Мирсад Јонуз за придобивање на нивните услуги во репрезентацијата на Македонија. Обајцата имаат потекло оттука, обајцата се родени во Австрија, обајцата се офанзивни фудбалери, обајцата настапуваат за екипата на Австрија Виена. Емин е роден на 4 август во 1986 година и е член на првиот тим на австрискиот бундеслигаш. Има и 14 настапи за австриската млада репрезентација за која постигна и три гола. Пред доаѓањето во Австрија Виена мина низ младинскиот погон на Ајнтрахт Велс за потоа да замине во ЛАСК Линц, а оттаму и во Риед. Неговиот помлад брат, Бенјамин, е роден на 26 септември во 1988 година и моментно настапува за аматерскиот состав на виенска Австрија.

„Во Австрија сум за да се запознаам со браќата Сулимани, да разговарам со нив, да ги слушнам нивните размислувања и можноста еден ден да заиграат за селекцијата на Македонија“, ни изјави Јонуз кој викендов е во фудбалска мисија во оваа земја. Но, престојот таму, како што вели, ќе го искористи да се види и со Гоце Седлоски и Илчо Наумоски.

„Сакам на лице место да се уверам во игрите на Седлоски и Наумоски во Матерсбург. Да видам како играат во нивниот клуб, на кои позиции, како се однесуваат на теренот“, дополни Јонуз кој ќе го проследи дуелот меѓу Матерсбург и Штурм.

По викендот во Австрија, Јонуз најавува посета и на нашите интернационалци и репрезентативци на Кипар. Ќе ја реализира наредниот викенд со идентична цел како и австриската, а во функција на репрезентацијата, претстојните пријателски дуели со Романија и Азербејџан и воопшто подготовките за есенскиот старт на квалификациите за Европското првенство во 2012 година во Полска и Украина. Македонскиот селектор уште претходно најави дека во националниот тим ќе повикува исклучително фудбалери кои се стандардни во нивните клубови, фудбалери со добра минутажа. Затоа им порача на оние кои имаат таков проблем што поскоро да го решат со наметнување во клупските средини или пак наоѓање нови каде ќе можат да играат бидејќи само така можат да бидат од корист и во репрезентацијата на Македонија.

Македонија е во групата Б за ЕП 2012 заедно со репрезентациите на Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора. Првиот меч ќе го играме на гости со Словачка на 3 септември оваа година.


#
Статијата е прочитана 859 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ренова нов предизвик за Вардар
Фил Џексон казнет со 35.000 долари поради критикување судии
Реал за Руни ќе понуди 170 милиони евра!
Ливерпул и официјално на продажба, се бара купец
Тежок удар за македонскиот фудбал
Казната не важи за домашното првенство, вели ФФМ
Сергеј Бубка на 16 мај во Охрид
Металург не оди за Германија