Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Реал за Руни ќе понуди 170 милиони евра!

Желбата на „кралевите“ е на „Бернабе“ со него во пакет да дојде и Фабио Капело

Мадридски Реал на големо подготвува нови засилувања, а според пишувањето на британските медиуми, „кралскиот клуб е подготвува за трансферот на Вејн Руни да издвои нешто повеќе од 170 милиони евра.

Доаѓањето на најдобриот напаѓач на актуелниот првак на Премиер на „Сантијаго Бернабе“ ќе го чини реал 102 милиони евра, а остатокот од сумата на Руни ќе му се исплаќа преку неделна плата од 285.000 евра во траење од пет години.

Како што пишува „Сан“, Фабио Капело би требало по трет пат да го преземе славниот клуб од Мадрид, и тоа по завршувањето на Светското првенство во Јужна Африка. Во претходното седење на клупата на Реал, Капело успеваше да ги освои титулите, на која на „Бернабе“ се чека од 2008 година.

На Фабио Капело договорот со Фудбалската асоцијација на Англија му истекува во 2012 година, но на претседателот на Реал, Флорентино Перез не му е непознато како некој се доведува во неговиот клуб ако желбата е доволно силна.

Ситуацијата со Вејн Руни не е толку поволна за Реал, затоа што му претстојат уште две години од важечкиот договор со Манчестер, а ниту менаџерот Алекс Фергусон не е подготвен да се ослободи од неговите услуги.

„Вакви приказни секогаш се слушаат во овој период од сезоната, но Вејн Руни ќе биде со нас и идната година“, јасен е менаџерот на Јунајтед.



ЗЕМАН: ИНТЕР ЈА ЗАГУБИ ТИТУЛАТА



Бившиот тренер на Рома Здењек Земан верува дека Интер ќе остане без ниту еден трофеј на крајот на сезоната и тврди дека приказната за скудетото е веќе завршена.

„Рома има еден бод предност пред Интер, а претстојното коло и дефинитивно може да го одлучи победникот на Серија А. Рома игра градско дерби со Лацио, а Интер го дочекува Јувентус. Во јануари сите зборуваа дека Интер ја освои титулата и дека можат само да ја загубаи. И, токму тоа се случи“, изјави Земан.

Страстите во Рим се разбрануваа пред дербито со Лацио, а по тој меч Рома ја очекува релативно лесен распоред до крајот.



БИВШ ФУДБАЛЕР НА СОСИЕДАД

ПРИПАДНИК НА ТЕРОРИСТИЧКА

ОРГАНИЗАЦИЈА



Икер Саријеги, бивш фудбалер на Реал Сосиедад и на Еибар, е уапсен заедно су уште девет луѓе во акцијата на шпанската државна полиција поради основани сомнежи дека е припадник на баскиската сепаратистичка терористичка група ЕТА кој по насилен пат се обидува да избори независност на Баскија.

Саријеги играше за Сосиедад до 2003 година кога ја прекина кариерата поради повреда на коленото, а од тогаш работи како адвокат и е познат како бранител на обвинетите оперативци на ЕТА.

Реал Сосиедад покрај Ателетик Билбао спаѓа меѓу најпопуларните баскиски клубови, а моментално игра во втората шпанска лига.



КРКИЌ БЛИСКУ ДО ДРЕСОТ НА БАЕРН



Бојан Кркиќ влегува во форма во вистински момент.Финиш е на сезоната, се брануваат приказните за трансферите, а младиот напаѓач оваа година немаше можност да се наигра на „Камп ноу“. Оттаму се' се погласни приказните за преселба во друг клуб, а една од тие опции е и Баерн. Познато е дека Барселона одамна сака да го ангажира Франк Рибери. Французинот вчера потврди дека конечната одлука ќе ја донесе за десетина дена, а се' поверојатно е дека нема да остане во редовите на баварскиот клуб.

„Се' уште не сум донел одлука каде ќе продолжам. Реал, Барса и Челзи се интересираат за мене. Се надевам дека во наредниоте десет дена ќе ги разрешам сите дилеми и ќе ја информирам јавноста за тоа“, изјави Рибери.

Токму поради тоа Барселона тргна во акција, а шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците се подготвени да го пратат Бојак Кркиќ на „Алијан арена“ како дел од дилот со Баварците. Баерн често калкулираше со висината на обесштетувањето за Рибер кое одеше и преку 50 милиони евра, цена што ниту еден клуб не сака да ја плати. Сега, на „Камп ноу“ веруваат дека 30 милиони евра плус Кркиќ би можело да ги одоброволи Баварците и епизодата со Рибери, конечно, да заврши. А, самиот тој многу пати повторуваше дека желба му е кариерата да ја продолжи во Примера.


#
Статијата е прочитана 794 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ренова нов предизвик за Вардар
Фил Џексон казнет со 35.000 долари поради критикување судии
Ливерпул и официјално на продажба, се бара купец
Тежок удар за македонскиот фудбал
Казната не важи за домашното првенство, вели ФФМ
Сергеј Бубка на 16 мај во Охрид
Металург не оди за Германија
Јонуз ги кани браќата Сулимани во македонската репрезентацијата