Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Казната не важи за домашното првенство, вели ФФМ

ФФМ ќе побара и официјално толкување од УЕФА околу примената на казната на Победа

Миодраг Мицковиќ

Иако се очекуваше дека казната за Победа ќе биде потврдена или барем намалена, сепак, одлуката во Лозана предизвика шок во Прилеп.

И покрај сите обиди, не успеавме да стапиме во контакт со досегашниот претседател на Победа, Александар Забрчанец, кој беше недостапен на неговиот мобилен телефон. Разговаравме со директорот на клубот, Марјан Стојкоски, кој видно разочаран ни изјави:

„Јасно е дека сите во клубот сме разочарани, шокирани. Се' уште не можам да кажам што ќе се случи со Победа. Сега ќе биде тешко да се најдат спонзори, бидејќи, според оваа казна, долги години не ќе можеме да играме во Европа, но верувам дека Победа ќе најде сили да излезе од оваа тешка ситуација. Прилеп живееше за фудбалот и натаму ќе живее“, вели Стојкоски.

Многумина го поставуваа прашањето дали по потврдената казна од УЕФА, Победа ќе биде исклучена од нашата Прва лига и ќе биде префрлена во понизок ранг. На ова тема разговаравме со комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски.

„Казната на УЕФА не важи за домашното првенство. Ние веќе и порано разговаравме со членовите на Дисциплинската комисија на УЕФА. За секој случај, деновиве ќе испратиме допис до УЕФА и ќе бараме толкување за целава ситуација. Сигурно дека ќе ја почитуваме одлуката на УЕФА ,но ќе повторам, според сите сознанија, казната се однесува само за настапите во европските купови, бидејќи престапот не е направен во домашното првенство“, посочи Спиркоски.

Во целата ситуација, сигурно, најрадосен требаше да биде тренерот на Победа и нејзиниот поранешен капитен, Николче Здравески.

„Иако требаше да се радувам, не можам да го направам тоа“, кажа на почеток Здравески и продолжи:„Како да се радувам, без оглед што сум ослободен од обвинувањата кога на мојот тим и на претседателот им се потврдени ригорозните казни. И денес тврдам дека одлуката е донесена без релевантни докази, само со сведочењето на одделни луѓе од Македонија. Благодарение на тие душегрижници за македонскиот фудбал, Победа, најдоброто од Прилеп, заработи, пак ќе повторам, незаслужено олку висока казна“.

На крајот, се обидовме да добиеме изјава за целиот случај и од претседателот Хари Хаџи Ристески, но тој не сакаше да ја коментира оваа потврда на казната.


#
Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар

Од: bobi
Датум: 17.04.2010 08:38:39
Site onie koi rastele so Pobeda i koi ja sakaat Pobeda, ja znaat vistinata , a taa vo momentov e bolna. Za Pobeda se odese niz cela Makedonija, Ex- Yu i sekade lugjeto znaea deka toa se igraci so dusa i deka igraat od srce za svojot klub i svojot grad. No se smenija vreminjata, a najmnogu lugjeto koi se vo Pobeda i okolu nea. Kladilnicite, brzata e lesna zarabotuvacka ,,bez kapka pot" ja dovede Pobeda do tuka. Dali i voopsto odi nekoj ljuitel na fudbalot da ja gleda Pobeda denes ilise toa samo lugje koi baraat nacin da ,,otepaat" dva saati od denot. Posleden pat sum bil na fudbal za Pobeda na natprevarot so Perugja vo kupot na UEFA i ne veruvam deka nekogas povejke ke pojdam. Kako mene ima uste iljadnici lugje niz Prilep. Zaklucok ,,Ribata se smrdi og glavata, a i od tamu treba da se cisti".
Од: vladislav
Датум: 17.04.2010 11:05:29
Udrete gi glavite od nesto tvrdo, moze i ke vi dojde umot. Koga mestevte utakmici za kes i posle go trosevte u kladilnici ubavo vi bese. Malku e ova, treba da ve sudat za predavstvo na drzavni interesi, po 20 godini zatvor da odlezite. Uste pa ke placete, sram da vi e, neranimajkovci prokleti.
Од: Miczo
Датум: 18.04.2010 08:42:57
izvadok od disciplinskiot pravilnik na ffm: УЧЕСТВО ВО НЕРЕГУЛАРНОСТ Член 59 Играч, фудбалски работник, клуб, судија или друг учесник на натпреварот или натпреварувањето кои:  на било кој начин учествува во нерегуларност на натпреварот или натпреварувањето за да му помогне или го оштети својот или друг клуб или на друг начин ги прекрши прописите на фудбалската организација или правилата на фудбалската игра, или натпреварувањето во врска со регуларноста, вклучувајќи го и обидот за учество во нерегуларноста, ќе се казни со: o играч, со исклучување од фудбалска организација. o фудбалски работник, судија или друг учесник на нат-преварот или натпреварувањето со исклучување од фудбалс-ка организација. o за клубот - одземање до 3 (три) до 6 (шест) бода, односно 3 (три) до 6 (шест) негативни бода, а клубот се казнува со: Прва лига 5000 Втора лига 3000 Трета лига 2000

Најди! во Утрински
Спорт
Ренова нов предизвик за Вардар
Фил Џексон казнет со 35.000 долари поради критикување судии
Реал за Руни ќе понуди 170 милиони евра!
Ливерпул и официјално на продажба, се бара купец
Тежок удар за македонскиот фудбал
Сергеј Бубка на 16 мај во Охрид
Металург не оди за Германија
Јонуз ги кани браќата Сулимани во македонската репрезентацијата