Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Жал по жртвите од експлозијата во Украина

КИЕВ - Украина жали по жртвите од експлозијата во станбен блок, што се случи во средата во црноморското одморалиште Евпаторија, при што загинаа најмалку 22 лица. Официјални извори јавија дека 21 лице се спасени, но уште 20 станари се' уште се водат за исчезнати. Два влеза во петкатната зграда беа блокирани од бетонот што паѓаше по експлозијата. Причината е непозната иако официјални лица веруваат дека можеби се работи за боци со гас.

Спасувачите ги пребаруваа урнатините, повикувајќи на тишина за да ги слушнат повиците за помош. Лидија Коваленко, станарка, јави за новинската агенција АФП: „Видов син пламен и чад, и имаше ужасна експлозија“. Во зградата, изградена во шеесеттите години, имаше 35 стана. Во четвртокот украинскиот претседател Виктор Јушченко и неговиот политички ривал премиерката Јулија Тимошенко заедно го посетија местото на експлозијата. Подоцна Јушченко го прогласи 26 декември за национален ден на жалоста. Тимошенко рече дека според првичните извештаи, опасни материјали се чувале без соодветна дозвола во визбата. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изрази сочуство и рече дека неговата црноморска флота е подготвена да помогне. Евпаторија е популарно летно одморалиште на Кримскиот полуостров во Украина. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 86 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
И психијатрите против кризата во Русија
Кина испрати воени бродови против сомалиските пирати
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Списокот на Путин за спасување
Жените-фармери во Африка во борба со гладта
Србија уапси девет поранешни борци на ОВК
Циклон го погоди источниот брег на Русија
Премиерот на Гвинеја го поддржа воениот удар