Циклон го погоди источниот брег на Русија
Токио - Силен циклон го погоди источниот брег на Русија. Предупредување за бура испратено е до сите бродови кои се наоѓаат во Јапонското и Охотското Море, во Беринговиот Залив. Поради евремето затворена е линијата по која сообраќаат фериботи, што го поврзува Остртовот Сахалинск со континентот. Ветерот е најсилен, до 22 метри во секунда во реонот на Сахалин. Метеоролозите предвидуваат дека денеска и утре во регионот се очекуваат обилни снежни врнежи.
Синоптичарите предвидуваат дека кон Камчатка се движат снежни бури, а во сите руски населени места на брегот на Тихиот Океан зголемена е готовноста за борба со последиците од стихијата. Поради лошото време во северниот јапонски остров Хокаидо откажани се 120 летови. Во западниот дел од Островот запрени се 34 возови, пред се тие што го поврзануваат Сапоро со аеродромот. (МИА)
|