Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Премиерот на Гвинеја го поддржа воениот удар

КОНАКРИ - Новите воени лидери на Гвинеја во четвртокот беа поддржани од страна на соборениот премиер, меѓутоа, осудени од страна на САД кои бараа итно враќање на цивилната власт. Поранешниот премиер Ахмед Тидиане Суаре изјави дека тој и другите членови на соборената влада, по смртта на претседателот Лансана Конте во почетокот на неделава, се подготвени да соработуваат со водачите на пучот во оваа западноафриканска држава. „Господине претседателе, членови на Националниот совет за демократија и развој, ви благодариме и ви се ставаме на ваше располагање“, изјави тој пред лидерот на хунтата, капетанот Муса Дадис Камара, во коментарите емитувани од Радио Франс интернешенел.

Камара во средата беше избран за лидер на Гвинеја, најголемиот извозник на боксит во светот, меѓутоа, наведе дека нема да се кандидира за претседател на изборите ветени дека ќе се одржат за две години. САД соопштија дека армијата мора да соработува со цивилните лидери за брзо враќање на цивилната власт. „САД го осудуваат воениот удар во Гвинеја. Ние ги отфрламе објавите од елементи на гвинејската армија дека нема да има избори две години, и апелираме за моментално враќање на цивилната власт“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Конакри. „Мора да се почитуваат човековите права на сите граѓани, особено на премиерот Суаре и членовите на неговата влада“, се наведува во соопштението.

Претходно во четвртокот Суаре и неколку министри се предадоа во воената база Алфа Јаја Диало во предградијата на главниот град, како што беше побарано од страна на хунтата, која во средата вечерта ги замени регионалните лидери, именувани од покојниот претседател Лансана Конте, со воени команданти. (Ројтерс)

 


Статијата е прочитана 81 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
И психијатрите против кризата во Русија
Кина испрати воени бродови против сомалиските пирати
Дедо Мраз уби осум лица на божикна прослава во Лос Анџелес
Списокот на Путин за спасување
Жените-фармери во Африка во борба со гладта
Србија уапси девет поранешни борци на ОВК
Жал по жртвите од експлозијата во Украина
Циклон го погоди источниот брег на Русија