Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Обвинение против 196 лица за ковање заговор

ИСТАНБУЛ - Судот во Истанбул поднесе обвинение против 196 лица за ковање заговор за соборување на власта. Осомничените беа уапсени на почетокот на оваа година, и меѓу нив имаше активни и поранешни високи воени офицери. Тие се обвинети за инволвираност во наводен заговор за креирање хаос и отворање пат за преземање на власта од армијата.

Овој случај е најнов во серијата во кои се инволвирани наводни заговори против владата со исламистички корени од страна на армијата и секуларниот естаблишмент. На стотици лица, вклучувајќи и академици, новинари, политичари и воени офицери, моментно им се суди во одделни наводни заговори против власта. Меѓутоа, никој не е осуден повеќе од три години по првата официјална истрага.

Повеќето од оние обвинетите во понеделникот беа уапсени во февруари, потоа ослободени откако националниот весник „Тараф“ објави копии од документи во кои детално беа презентирани нивните божемни планови. Не е утврден датум за судење. Во обвинителниот акт се вели дека наводниот заговор бил испланиран во 2003 година во базата на турската Прва армија во Истанбул, кратко време откако партијата АКП дојде на власт. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Авганистанците сакаат да си ја вратат земјата до 2014 година
Битка за спас на бурката во Велика Британија
ЕУ ја критикува Романија за корупција, а ја фали Бугарија
Што се крие зад бурката
Грција во шок по убиството на новинарот
Таjна Америка
Пандемијата на свински грип продолжува
Босански Хрват осуден за масакрот во Сребреница